Home Live Анета Наковска како птица преселница си летна од Македонија, во топлите краишта

Анета Наковска како птица преселница си летна од Македонија, во топлите краишта

Анета Наковска е долги години присутна на македонската фолк естрада, уште од кога беше многу млада. Таа има настапувано на доста турнеи и веселби кај нас како и во дијаспората, за нашинците со нејзините песни и со македонски народни песни.

Но, Анета не секогаш се занимавала само со музика, таа во една прилика раскажала дека сепак имала и друга професија кога не е поврзана ниту со музиката, ниту со естрадата или музичкиот бизнис.

Всушност, таа сменила неколку професии пред да се реализира во музичкиот бизнис.

Анета во едно интервју има раскажано дека нејзина прва работа била во агенција за недвижности. Подоцна, таа почнала да заработува работејќи во фирмата на нејзините родители.

Нио, тоа не било се за Анета, таа се обидела и како книговодител. Потоа, работела и на шанк во кафеана која била сопственост на нејзините родители. Тука не застанува приказната за промената на професиите на убавата и згодна Анета.

Таа била вработена и во еден мобилен оператор. На почетокот, работела во правна служба, за подоцна да премине во продажен салон. Нашата позната фолк пејачка во една професија се задржала најдолго, а тоа не е музиката.

Таа најдолго се задржала во инфо-центарот на истиот тој мобилен оператор. Девиза на Анета е за тоа дека човекот треба секогаш чесно да работи.

Таа се согласува со онаа стара народна поговорка- џабе работи, џабе не седи. Анета во една прилика рече дека тоа е всушност нејзиното животно мото кое ја води во текот на животот.

Има и слична приказна од нејзината колешка Тијана Дапчевиќ, која во Србија почна како водителка, а таа е инаку и пејачка и актерка и свири виолончело.

За српското издание на магазинот „Хелоу“ Тијана Дапчевиќ раскажа дека првиот работен ангажман го имала на 16 години.

– Снимив реклама за еден популарен пијалок и добив солиден хонорар. Веднаш отидов во шопинг, си купив капут и чизми и бев најмодерна во училиште – објасни Тијана Дапчевиќ.

Исто така, пејачот Ѓоко Танески во младоста сменил повеќе професии. Пред дваесетина години работел како шанкер, келнер и таксист. Во една прилика призна дека добро се снашол на овие фронтови и дека и денеска не би се срамел повторно да го работи истото.

Дуото ДНК имаат слична приказна со професиите. „Во 2005 година една сезона работев како келнер на позната плажа на Халкидики во Грција – откри Андреј во една прилика.

Панчо, пак, за џепарлак заработувал уште во тинејџерските години. Прво бил менаџер на јуниор-забави, а работел и како келнер и шанкер.

Анета Наковска веќе има искуство со угостителство, а сега сериозно се занимава со таа професија. Имено, таа и нејзиниот сопруг Спире го менаџираат ресоранот Деспина во селоото Велгошти, кој е во нивна сопственост.

Претходно, овој простор беше нивната семејна куќа, а сега е ресторан.

Според Фејсбук страницата на ресторанот, секогаш има некои поефитини понуди на пакети на храна со пијалоци, а настапуваат колеги од македонската фолк естрада на Анета.

Сликата што пејачката ја објави е мошне интересна, целиот простопр личи на некој луксузен замок, а не на ресторан каде што се јаде домашна храна и се пее народна песна.

Како што се ближи крајот на летото, Наковска на Фејс напиша дека ќе се сели од Македонија како птица преселница.

Објави и слики во бикини, на која изгледа топ, и се пофали дека ќе оди во Флорида, нејзиниот втор дом каде што го запознала сопругот Спире.

Откако објави крај на сезоната во охридско, поточно селото Велгошти каде што кога е во Македонија живее, Наковска напиша:

– И дефинитивно крај на летото, крај на сезоната, сега како птица преселница со Господ напред ќе си летнам кон топлите краишта, дома во Флорида“, стои во објавата на Наковска.

Инаку, сликите кои ги објавила се од Грција од камп, каде што таа одмарала.

Previous articleТрифун Костовски за првпат раскажа како ја оформил Кометал: Како се калеше челико
Next articleАнета Молика објави убави вести за Македонците од Австралија која ептен ги израдува