Home Live Еве каде ужива Билјана Дебарлиева со сопругот Јован, откако си замина од...

Еве каде ужива Билјана Дебарлиева со сопругот Јован, откако си замина од Канал 5, им цвета љубовта (ФОТО)

Јас приватно сум само Билјана Дебарлиева, посветена мајка, сопруга, а не лице од ТВ екранот.

Многу ми годат и ми значат (убавите коментари), бидејќи се кажани токму од професионалци кои најдобро знаат како треба да изгледа еден лик од ТВ екраните ама во исто време за мене е и обрвска и поттик да не ги изневерам нивните очекувања во иднина“, рекла во една прилика Дебарлиева.

Инаку, Билјана Дебарлиева и Јован се авантуристи. На неговиот Фејсбук профил може да се забележи дека летово тие биле на активен одмор, на рафтинг низ западен Балкан со пријатели.

Рафтинг ТАРА (Македонија-Косово-Црна Гора-Босна и Херцеговина-Црна Гора-Албанија-Косово-Македонија)“, пишува до оваа обајава.

Многу колеги од телевизијата која згасна пред повеќе години се и сега во истата ТВ куќа со Билјана.

Една од нив е и нејзината колешка, презентерката Татјана Стојановска. Многумина двете презентерки ги поврзуваат, ги споредуваат поради тоа што и двете имаат долгогодишен стаж и се професионалци во својата работа.

Но, вистината е дека не цветаат рози во нивниот меѓусебен однос. Татјана и Билјана иако на работното место се однесуваат професионално и ги извршуваат потребните обврски, приватно не се сакаат многу.

Двете водителки со години веќе приватно не се дружат поради несогласувања кои и дветe не можеле да ги надминат. Затоа, во последно време не можат да се видат заедно на јавни настани, и на нивните профили на социјалните мрежи нема заеднички фотографии“, објави во една прилика Галама.

Но, изгледа дека тоа веќе не важи и познатите презентерки сега се смириле. Женски магазин неодамна објави дека на Фејсбук, таа се сликала со своите колешки, Татјана Стојановска, Даниела Богоевска и Славица Дулјанова, кои ѝ посакаа среќа во новите предизвици.

Изгледа дека дбете убави жени, наши презентерки ги закопале секирите, и се во добри односи. И без оглед што секоја е на своја страна, меѓу нив нема лоша крв- како што се вели во народот.

Во една прилика, таа за својот сопруг рече:

– Јован не смееше да ме држи за рака додека се шетавме, затоа што не сакав луѓето да зборуваат дека имам дечко. Потоа додаде: Децата пораснаа и се тргнаа од нас. Секој по својот пат. Со Јован останавме сами, сами одиме и на одмор…

Во една прилика ја прашаа: „Дали се сеќавате на Вашето прво појавување пред камерите? Кога би се навратиле во тоа време, има ли нешто што Ви недостасува денес?“

-Како не, го памтам како вчера да беше, збунета, исплашена, несигурна во себе, дали ќе прочитам како што треба.

Се сеќавам дека 100 пати го прочитав текстот претходно и фокусирана само на зборовите и речениците, сум ставила маскара на трепките само на едното око, додека читав во живо еден прамен од косата ми паѓаше на лицето, ама јас не се помрднав, зашто најважно ми беше да прочитам точно, без да згрешам.

Со текот на времето сè станува рутина, па некои такви ситни работи не се ни битни, знаеш како да се справиш со нив во моментот. Во секој случај, остануваат убавите спомени од едни убави времиња за кои секогаш со задоволство зборувам!

Обврска која со леснотија ја прифатив како дел од мојата професија, моето секојдневие. Не е лесна и едноставна, зашто кај мене е рана утринска обврска да станеш кога ти е најубаво спиењето, да се нашминкаш, да се дотераш и да изгледаш одморено, свежо, насмеано.

Ама кога ќе го навикнеш биоритамот на организмот така да функционира, веројатно и полесно се извршуваат тие рутински обврски. Јас секогаш од дома излегувам комплетно средена и кога веќе ќе влезам во ТВ, со насмевка го упатувам првото добро утро до гледачите.

Сакам да изгледам убаво и за мене и за гледачите кои некогаш случајно ќе ме сретнат и на улица. Брзината на подготовка ја стекнав и со годините, верувајте дека буквално за 20 минути сум подготвена да се појавам пред камерите“, раскажа Билјана.

Билјана пред неколку дена напиша статус во кој стои дека таа го напушта студиото на Канал 5, до некое наредно видување.

Билјана е една од најљубезните водителка која народот ја обожава поради нејзината природност. Фактот дека таа си заминува од студиото, ги разочара и натажи некои нејзини постојани гледачи.

Јован, сопругот на Билјана објави дека уживаат со сопругата во село Кичиница, Маврово, а на објавата беа прикачени неколку фотографии од Билјана која беше облечена цела во црно и повторно изгледаше многу елегантно.

Се гледа дека на Јован и Билјана, љубовта им цвета, додека уживаат во природните убавини на нашата земја.

Previous articleСиновите ме избркаа од сопствената куќа, не можам да се помирам дека целото наследство им припадна нив
Next articleСузана Манчиќ: Мајка ми најмногу плачеше поради мене, во двата брака, јас ги запросив мажите