Home Live Еве како изгледала Соња Тарчуловска како невеста, и колку години брак прославија...

Еве како изгледала Соња Тарчуловска како невеста, и колку години брак прославија со Јохан

Соња и Јохан Тарлуловски имаат три деца: Мелани, Младен и Јоана. Мелани е талентирана на мајка ѝ, која е позната пејачка и во една прилика таа изјави:

– Да, јас пораснав во околности каде музиката ми беше извор на секојдневното расположение. Мојот талент го открив на 8 – 9 години, секако благодарение на мајка ми која што ми постави неколку едноставни прашања од типот дали сум се запрашала со што сакам да се занимавам во иднина и по тие прашања ми го смени животот.

Јас не сум базирана само на еден жанр на музика. Обожувам да си играм со музиката на начин кој што мене најмногу ми одговара.

И покрај големиот број на песни кои ги обожувам и пеам, сепак можам да ја издвојам „Love is on the line“, но тоа не значи дека не сакам да пеам песни на друг јазик – едноставно во англиското најмногу се пронаоѓам.

Можеби сме два различни света, но таа е личност која секогаш стоеше позади мене, стои и ќе стои се додека смета дека сум на вистинскиот пат. Мојата фамилија ми е најголема поддршка и среќна сум што се покрај мене“, рече Мелани во Хаштаг.

Соња пак во една прилика изјави зошто не е толку активна во музиката како што беше претходно:

– Во моментот работам многу нешта, најпрвин исполнување на домашните обврски, приватните обврски, колку ми дозволува времето присуствувам во ангажманите на Јохан. Кога станува збор за мојата кариера, таа одамна не е на тоа ниво, какво што треба да биде.

На моменти ме има, па на моменти ќе исчезнам. Но затоа пак композициите си оставаaт свој белег и обележје. Сакам да бидам активна но под поинакви услови и поинакви договори.Јас никогаш нема трајно да се откажам од музиката, таа ми ја исполнува душата.

На прилепскиот фестивал настапив како специјална гостинка, и се надевам дека после тоа активно ќе продолжам, се надевам дека веќе судбината ми скроила планови“, рече Соња во „Точка“.

– Јас себе си се спознав уште многу малечка, имав цел, имав зацртано и знаев што сакам да бидам, знаев кој е мојот патоказ до мојата среќа, да изградам кариера и да пеам. Моите млади години не ме попречија во тоа кога ми беше најтешко јас сама си завземав место на естрадата со божја волја и милост.

-Ако би се родила повторно, Господ ќе знае што следува, а наше е да прифатиме според божја волја.

Порака до жените: Вашиот маж треба да ја чува и негува жената. Порака до мажите, ако вие ја покажувате и искажувате почитта кон сопствената жена, безрезервно таа ќе цвета. Не заборавајте, жената е покрај мажот ако тој заслужил.“, рече Соња во Точка.

Таа и Јохан наоѓаат време да ужуиваат сами, како на меден месец, и со мотори знаат да одат низ Европа. Во една прилика се јавија од Италија, од планинско место, моторџиски облечени, и многумина од пријателите позитивно се изненадија.

Мелани, згодната ќерка на многу познатата македонска брачна двојка Соња и Јохан Тарчуловски, оваа сезона ќе биде дел од спектакуларното музичко ТВ-шоу „Ѕвездите на Гранд“. На Мелани нема да ѝ биде првпат да застане на сцена. Таа е веќе искусна пејачка.

Во 2020 година ја видовме на фестивалот „Golden Voice“, кој се одржа на медитеранскиот остров Малта.

Сега, со своите извонредни вокални способности, Мелани веќе е на добар пат да ја престигне својата популарна мајка Соња, која не така одамна беше наша мегапопуларна фолк-пејачка и која остави најсилен белег со хитот „Во бело, во бело“.

Во меѓувреме, Соња се откажа од естрадата, има друг бизнис, но затоа тука е ќерката, да продолжи каде што застана таа“, стои ви текстот кој за Мелано го напиша Вечер прес.

Соња неодамна на Фејсбук објавила слика од неа и од Јохан, но стара слика, на која му честитала годишнина од бракот. Среќна годишница. Нека биде долговечна“, напишала Соња,а на неа се гледа какви биле тие како младоженци.

Соња и Јохан слават 17 години од бракот, а на сликата се гледа како изгледале тие во 2005 година, и кога добро ќе се погледне, не се многу сменети до дене, младешкиот изглед уште го задржале.

Previous articleПак се налути Славчо- Метео: Еден ајде да го наречам господин кој нема ни “Г” од господин…
Next articleПознатата водителка раскажа како се излечила и сега е како нова, овој тип на терапија и помогнал