Home Live Најголемиот адут во прв план- фолкерката Сања Барби се раскомоти на плажа,...

Најголемиот адут во прв план- фолкерката Сања Барби се раскомоти на плажа, на ова слика никој нема да гледа во морето (ФОТО)

Македонската фолк пејачка Сања Цинцева, попозната како Сања- Барбика во последно време се повеќе е барана надвор отколку дома.

Австрија, Турција, Германија… гостувања и настапи по клубовите и локалите каде доаѓаат да се забавуваат иселеници од целиот регион, објави во една прилика Вистина.мк

Очигледно атрактивната Барби научи како треба и со микрофонот и со имиџот и со маркетингот. Однеодамна таа реши да ја смени бојата на косата па по теркот на Карлеуша, од русокоса најпрвин ја бојадиса во розово, за потоа да стана црнка.

Оттогаш Сања престана да биде барбика, или поточно остана да биде „Барбика“, ама само во прекарот. Сега, таа е повторно блондинка, но помалку изразена.

– Воопшто не е лесно, да беше сите ќе беа пејачки. Според мене една пејачка покрај природниот талент за пеење мора да поседува и харизма, убаво да изгледа, да е позитивна и енергична, да знае како да се однесува и поставува со луѓе и најважно да има свое јас и да се почитува и цени самата.

Дефинитивно воопшто не е лесно посебно кај нас. Мојот пат стварно бил долг со многу препреки, сопки итн. Но, јас сум секогаш борец и секогаш ја постигнувам целта што ја зацртувам.

– Да јас сум активна нели тоа е дел од нашата секојдневност, јас како јавна личност морам да сум во тренд со сите новитети и трендови, така максимално ги искористувам и социалните мрежи.

Мене воопшто не ме промениле јас сум секогаш истата, тоа можат да го потврдат луѓето околу мене. Покрај сите активности и ангажмани јас секогаш наоѓам време и за семејството и за пријателите и за мене лично.

Како и секогаш јас сум во тек со сите најнови трендови дури и на светско ниво. Анализирајќи што е она што недостига на нашата Балканска естрада се решив на овој чекор. Сакав да внесам свежина, да разбијам монотонија и свесна бев дека ќе имаме нешто уникатно и оргинално.

Во исто време знаев дека кај дел од слушателите ќе наидеме на хејтање затоа што не се навикнати на нешто ново, но морав да го скршам мразот и еден ден да се гордеам дека јас и Џамбо бевме тие кои воведоа нови стандарди.

Затоа и многу не сум загрижена за хејтерите, тие само ми даваат дополнителна мотивација и креативност“, иззјави за Вечер прс Сања, во периодот кога сними песна со маестро на труба, Џамбо Агушев.

-Со Џамбо се познаваме долги години наназад, и двајцата сме од Струмица и имаме соработувано досега неколку пати. На дел од моите песни на почетокот од мојата кариера токму Џамбо свиреше труба.

Идејата за оваа песна беше моја, кога ја слушна многу му се допадна и веднаш ми предложи покрај трубата, делот со рапот да го сработи тој. Тој ми предложи, јас прифатив и мислам дека не погрешив“, кажа таа за Слободен печат.

-Тајната на безвремената убавина лежи во мајка природа. Се што гледате на мене е природно. Немам ништо против пластичните интервенции, ги поддржувам оние кои што го направиле тој чекор. Сепак денес медицината е многу напредна и не е штета ако се користи разумно.

Сепак убавината не е нешто едноставно и не секој ја има.

Затоа не е исклучена можноста некогаш во иднина ако има потреба и јас да се решам на тој чекор“, изјави за Вечер прес оваа наша згодна пејачка.

Сања објави своја нова слика од плажа, во Грција, на Халкидики. Таа својот најголем адут, гра дите, ги истури во прв план и доби коментари дека е најдобра и дека е незаменлива.

Сања секогаш знае како да позира и како да привлече внимание, а на оваа слика сигурно дека никој нема да гледа во морето, барем што се однесува до машкиот род.

Previous articleВладо Јаневски се зарече дека ова никогаш нема да го стори, но си го погази зборот, се јави од Грција на плажа и порача
Next articleРусите му простија за оваа грешка- еве како настана една од најубавите љубовни песни на Бајага