Home Live Пак се налути Славчо- Метео: Еден ајде да го наречам господин кој...

Пак се налути Славчо- Метео: Еден ајде да го наречам господин кој нема ни “Г” од господин…

-Јас сум Славчо Попоски од Струга (чист стружанец) без никакво потекло од некое село.

Од секогаш сум ја закал метеорологијата и најпрвин како хоби најпрвин започнав да ја работа пред околу 15тина години кога започнав со анализирања на времето, правење прогнози и проучување на климата.

Мојот огромен успеx се должи на мојата напорна и успешна работа, се започна на 6ти авгусст 2016 година кога ги предвидов и предупредив на граѓните за страшното невреме кое го зафати Скопскиот регион.

Од тогаш па наваму очите на цела Македонија па дури и пошироко се свртени кон мене и граѓаните премногу ми веруваат, исто така и други голем број невремиња имам предвидено во Македонија, две во Грција и едно во Албанија.

Исто така имам и огромен број и на други успешни прогнози.

Ова го изјави Славчо Поповски, познзтиот метео прогнозер во една чприлика во интервју за barkod.mk

Моиете планови за во иднина се да станам дипломиран метеоролог и токму на ова денес работам многу напорно и учам“, додаде тој

– Повеќе од десет години го анализирам времето и правам прогнози, но откако се случи немилиот настан во Скопје во 2016 година за мене дозна целата наша држава и стекнав огромна доверба кај народот.

Инаку, метеорологијата ја сакам уште од мали нозе. Со нејзе сум се родил, иако можеби звучи смешно“, кажа тој за Женски магазин.

– Немам никакви притисоци. Дури и институциите доколку има вонредни услови ја следат мојата анализа и прогноза. Моментално работам на тоа за во иднина да бидам дипломиран метеоролог бидејќи мојата работа веќе не може да се нарече хоби.

Исклучиво работам на метеорологијата и сум премногу посветен кон неа. Соработувам со голем број медиуми и секако истите ми носат и приходи. Со Господ напред, тоа планирам и понатаму да го правам во животот.

Да не звучам нескромно, ама ја кажувам реалноста, а и цела Македонија знае дека барем досега немам ниту една утка околу анализите. Мојата работа е 24/7 на компјутер и следење на облачните маси и системи над Европскиот континент.

За понатаму со Господ напред“, рекол Славчо, а потоа го прашале: Дали променливото време директно влијае врз Вашето расположение?

– Како кај многу граѓани и млади луѓе, наглите промени секако влијаат и кај мене. Има моменти кога чувствувам замор, нерасположеност, па дури некогаш и некоја нервоза и главоболки“.

Славчо неодамна прослави роденден, и напол и 31 година. Тој на Фејсбук се сликаше со торта и кажа што си посакал и што очекува да му се исполни.

-Среќен сум и се радувам на секој ден, уште повеќе денес, кога ми е роденден. Најнапред ќе ги завршам работните обврски, за потоа да можам да се посветам на моите најмили.

Пред нас е убаво септемвриско пладне и затоа решив со семејството и најблиските пријатели, да прославиме во ресторан, на отворено. Имам многу желби и очекувам исполнување.

Ја споделувам мојата радост со сите вас драги мои граѓани и сограѓани, и секако ви благодарам многу за честитките кој ги имам во огромен број!. 31“, стои во статусот што го објави Славчо.

Славчо, кој неодамна беше на одмор во Хрватска и од таму објави слика како срна на плажа се разладува во Јадранското море, се налути на своите непријатели и на Фејсбук напиша статус кој изненади многумина:

– Бев многу добар и попуштав на секој и некој. Сакав да помогнам на секој но веќе не бива вака!

Одсега кој и да ме замоли за помош во поглед на Метеорологијата да го пробијам во јавност ќе биде пишман поради тоа што ќе го споделам јавно и да го погледне цела Македонија дека само кога има мака се јавуваат!

Дефинитивно сме никаков народ и не бидува само за измејување! Тие кој ги учев во поглед на Метеоролијата се прават најдобри а ви давам чесен збор ќе им го донесам крајот и да не постојат на фб и по медиумите!

Славчо пак се налути на Фејсбук на некои луѓе кои според него не му мислат добро и напиша:

– Еден ајде да го наречам господин кој нема ни “Г” од господин и ајде да бидам добар да не го кажувам во јавноста ми напиша дека снегот на Балканот бил најавен уште од пред 20 денови. До која точка одат од лубомора…

Работам со метеорологија уште од пред повеќе од 10 години и добро знам дека не може да се даде таква прогноза. Сепак едно знам, дека цела Македонија е со мене и премногу ви сум благодарен!“, објави тој.

Previous articleПо долго време, во јавноста се појави Грациела Алачки, заедно со сопругоот Игор, изгледаа топ, а еве по кој повод се дотераа
Next articleЕве како изгледала Соња Тарчуловска како невеста, и колку години брак прославија со Јохан