Home News Пендаровски седеше позади Макрон – еве како изгледаше испраќањето на кралицата, на...

Пендаровски седеше позади Макрон – еве како изгледаше испраќањето на кралицата, на кое присуствуваа речиси сите светски државници

Последно збогум за кралицата Елизабета Втора. Милијарди луѓе пред телевизиските екрани, милиони на улиците на Лондон и 500 државници го испратија најдолговечниот монарх, кој седум децении ја обединуваше нацијата.

Последното патување го означија стотиците гајдаџии кои ја предводеа поворката пред кочијата стара 120 години, на која беше положен дабовиот ковчег до Вестминстерката опатија во Лондон.

Претседатели, премиери, претставници на 26 кралски семејства, шеици, меѓу нив и претседателот Пендаровски и сопругата Елизабета, беа дел од првиот државен погреб, по смртта на Черчил пред 57 години…

Од премиерот на Куковите Острови, Марк Браун до претседателот Бајден, од јапонскиот цар Нарухито до султанот на Брунеи, присуствуваа на погребот на векот, како што го нарекоа дел од медиумите. Кулминација на националниот ден на жалост во Вестминстерската опатија беше двеминутниот молк точно напладне. , а потоа беше интонирана и националната химна, која од Господ спаси ја кралицата, е променета во Бог спаси го кралот.

Премиерката Лиз Трас во обраќањето прочита дел од Евангелието по Јован, кој се однесува на христовото ветување на следбениците за место на небото.

-Нека не ви се вознемирува срцето, верувајте во Бога, верувајте во мене. Во домот на мојот Татко има многу палати. Ако не беше така, ќе ви кажев. , рече Лиз Трас, премиер на Британија, читајќи псалми.

-Дојдовме во овој Божји дом да се помолиме во црквата каде сеќавањето и надежта се свети, каде Кралицата Елизабета се венчаше и беше крунисана. , рече Дејвид Хојл

Телото на Елизабета Втора по церемонијата беше пренесен во центарот на Лондон, од каде ќе замине на своето последно почивалиште во замокот Виндзор во капелата Сент Џорџ, каде вечерва ќе биде погребата до својот сопруг, принцот Филип, 10 дена по упокојувањето во Балморал.

Државниот погреб во Лондон е еден од најголемите логистички предизвици во британската историја, поголем и од Олимписките игри пред 10 години, за чија безбедност се ангажирани 10 илјади полицајци. Илјадници граѓани и утрината и оддадоа последна почит во Вестминстерската сала.

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на Државната погребна служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора.

По службата, претседателот Пендаровски присуствуваше на приемот што го приреди Секретарот за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли.

Вчера, претседателот Пендаровски во Вестминстерската сала оддаде почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, а во Ланкастер хаус се потпиша во книгата на жалост.

Вчеравечер, претседателот Пендаровски во Бакингамската палата присуствуваше на приемот што за шефовите на делегациите го приреди Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.

На погребната служба во Вестминстерската опатија, присуствуваа над 2.000 високи гости од целиот свет. Ѕвоната на Вестминстерската опатија биеја 96 пати на секоја минута, означувајќи ја должината на животот на Кралицата. Ова е прва погребна служба за монарх во опатијата од 18-от век до денес.

Претседателот Пендаровски објави фотографии, на кои се гледа дека неговото место за сесдење по протоколот, било веднаш позади претседателот на Франција, Емануал Макрон.

Извор на фото: ФБ профил на претседателот Пендаровски
Извор на фото: ФБ профил на претседателот Пендаровски
Извор на фото: ФБ профил на претседателот Пендаровски
Previous articleСолза Грчева: Понеправеден и поглупав пензиски систем од нашиов, веројатно нема
Next articleЗимска цена во лето: Нора Шаќири објави колку ѝ дошла сметка за парно за август, што е многу- многу е!