Home Live По долго време, во јавноста се појави Грациела Алачки, заедно со сопругоот...

По долго време, во јавноста се појави Грациела Алачки, заедно со сопругоот Игор, изгледаа топ, а еве по кој повод се дотераа

Во 2020 година, кога започна карантинот и пандемијата, познатата пејачка Адријана Алачки која е мајка на Грациела и на Благоја Алачки, чиј татко е познатиот музичар Гордан Алачки, раскажа за својата тешка бременост со ќерката Грациела:

– Лежев неподвижна во кревет седум мееци. Имав патолошка бременост, станав од кревет дури во деветтиот месец.

Сега, кога велат дека треба да бидеме еден месец во карантин, мене не ми изгледа како долго време. По седумте месеци што ги поминав во кревет, денес си велам дека ништо не е тешко“, рече Адријана.

Исто како и татко ѝ, Горан Алачки, и сопругот на Грациела е познатиот композитор и хармоникаш Игор Димовски, и ја имаат ќерката Јана. Свадбата на ќерката на Алачки беше традиционална, со зурли и тапани, а се одржа во 2014 година.

Медиумите во 2014 година објавија дека во хотелот „Александар палас“, се случи свадбената веселба на ќерката на Адријана и Горан Алачки, Грациела, која му кажа „да“ на нејзиното долгогодишно момче Игор Димовски.

Преку 300 гости од целиот свет уживаа во музиката на „Академци“ и Драган Мијалковски, но најинтересен беше моментот со играорците од КУД „Кочо Рацин“ каде што членуваат младенците.

Првин Грациела го поведе „тешкото“, а потоа нејзиниот сопруг се качи на тапан, а во стилот на традицијата набргу му се придружи и татко и Горан.

Весело, достоинствено и наше македонско ечеа ората на кои Граци, ја покажа сета играорска вештина.

Од познатите личности на веселбата присуствуваа Ирена Спировска, Ристо Краповски и Сузе Туринџиева, а вљубената двојка, по благата ракија замина на меден месец во Грција.

Сопругот на Грациела, Игор, на Јутуб сними микс од песни кој се вика „Пауза за ракија“, сега веќе чпознати, и тоа во три продолженија. Тој и неговиот состав свират прерботки на македонски народни песни но и народни песни од бивша Ју.

Видеото од првиот дел на „Пауза за ракија“ е снимено на сплавот на Свети Наум, и додека Игор и групата сворат мераклиски песни, а сплавот плови по изворите на реката Дрим, може да се забележи дека една од гостинките е токму Грациела.

Таа е дотерана тип топ, во црвен фустан, а Игор додека свори најмногу неа ја гледа, а кога таа стана да заигра, Игор и се доближи и свиреше само за својата сакана.

Игор Димовски,познатиот музичар кој свири хармоника долги години, беше гостин во емисијата Магазин, и таму рече дека порано предавал хармоника на деца и возрасни од 7 до 77 години.

Потоа зборуваше дека со неговиот проект „Пауза за ракија“, кој е снимка на убави македонски народни песни, е проект кој ќе продолжи.

Ова трето продолжение на „Пауза за ракија“ кое има милионски прегледи. „Пауза за ракија 1 на 2„ помина многу добро кај публиката, така да таа си побара трет дел. Сето тоа е снимено во природен амбиент, со луѓе кои уживаат во музиката“, најави Димовски кој рече дека ќе има и четврт дел.

Игор Димовски, заедно со својата сопруга Грациела, се појавил на концертот на Танец, по повод 100 годин и од раѓањето на Александар Сариевски. Танец всушност на Фејсбук објавил и слика од нов двајца.

Националната опера и балет во Скопје беше претесна да ги прими сите оние што беа заинтересирани да присуствуваат на концертот на ансамблот „Танец“ што беше посветен на 100-годишнината од раѓањето на македонската музичка легенда Александар Сариевски“, објави Вечер.

Самиот концерт беше исполнет со пеењето на познатите македонски фолк-пејачи: Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Далибор Ѓошиќ… кои беа на сцената заедно со хорот и со оркестарот на „Танец“, стои понатаму во текстот.

Токму на овој концерт, биле Грациела, ќерката на Горан и на Адријана Алачки, со својот сопруг Игор, дотерани како што доликува за еден ваков настан, и со ова уште еднаш докажаа колку ја почитуваат макеоднската стара народна песна.

Previous articleАнета Молика објави убави вести за Македонците од Австралија која ептен ги израдува
Next articleПак се налути Славчо- Метео: Еден ајде да го наречам господин кој нема ни “Г” од господин…