Home Live Познатата водителка раскажа како се излечила и сега е како нова, овој...

Познатата водителка раскажа како се излечила и сега е како нова, овој тип на терапија и помогнал

Таа е една од жените што може да се пофали дека целиот работен век го работи она што го сака. Речиси 30 години е диџејка, цели 14 беше заштитно лице на „Макфест“, каде беше водител и сценарист…

Врсниците ја паметат и како вокал на групата „Психо“ од тинејџерските денови, но можеби најмногу емоции буди урбаната приказна во која беше испреплетена и љубовната со нејзиниот сопруг Зоран Јаковиќ – Бајо. „Зи Зи Топ“ беше ноќен клуб што одбележа неколку генерации.

Вера Јанковиќ во една прилика во Фешнел зборуваше за за некои животни и женски теми.

Одговор за скоро сите прашања кои стигнале на мојата адреса имала музиката… И таа секогаш ќе има! Пораснав со ЕКВ, го менувам денот за ноќ, ноќта за ден – „као да је било некад, као да је било ту, под великим светлим сунцем, под великим светлим сводом…“

Ако немате морални прашања, немате процес кој ќе преживее. Мирот е секојдневна борба, а тоа трае и ќе трае. Ѝ се поклонувам на нејзиното височество музиката, што ми овозможи целосна реализација на мојата животна скица.

„Чувам ноќ од будних“ – ноќта е мојот пријател, на сопствената музика (онаа со која ги радувам поклониците), игра танго со животот. А, дење – дење ги полнам батериите за следната авантура. И на крајот, го почитувам начелото кое гласи: „Не можеш да следиш нешто доколку не знаеш зошто го следиш!“

За својот младолик изглед вели, може да му заблагодари на генот. Признава дека шминка отсекогаш сакала и ја интересирало. Сепак, свесна за врската помеѓу духот и телото ќе рече:

-Телото и духот се романтични љубовници… Доколку едниот си замине, другиот тагува. Тоа е магичниот круг по кој се движиме („јер овај круг сам смислио, овај круг сам створио“)… Рани душа да те слуша. Ја знаете онаа приказна за човекот и дрвото – направени се од иста ДНК.

Дрвото го дише она што ние ќе го издишеме. Кога дрвото ќе издише, тоа е она што ние ќе го вдишеме – заедничка судбина.

Со професионален и животен багаж зад себе, одамна веќе е на чисто со себе, знае точно што сака, кога се чувствува пријатно, а кога не, директна е и јасна во своите барања. Вели, со годините не се менува ниту поимањето на љубовта, ниту пак на животот.

-Се менува само бројката на парче хартија, се менува бојата на ѕидот и рамката на огледалото во кое го гледам сопствениот одраз.

Енергијата е константна величина! Таа е нашиот modus vivendi! Енергијата и законот на музиката: таа е храна, колку ја имаш во себе, толку љубиш, толку чувствуваш, толку живееш.

Музиката е онаа уметност која од најрани денови ме враќа во себе, ме смирува, ја обновува смислата и вербата во она за кое живееме и постоиме. Сите спомени живеат во музичката кутија, спакувани како магична рапсодија, разиграни со вашиот омилен колорит.

Таа е најчудесниот доказ дека не сме сами и изгубени – кажа таа за Фешнел.

Проблемите со гастроинтестиналниот тракт, гликемијата и холестеролот, и промените со тироидата по стресниот период со пандемијата ја натерале Вера Јанковиќ да започне сериозно да се грижи за своето здравје, објави Женски магазин.

Енергијата која ја носи и позитивниот став се нешта по кои ја препознаваме Вера, легендарната водителка, музички новинар и диџеј. Но, Вера сега како да ја живее својата втора младост и вели дека никогаш не се чувствувала подобро.

– Размислувам длабоко, како би ја започнала најавата за мојата соработка со центарот за биоинформатика- „Ревит“, моментот кој започна пред две години и кусур месеци.

Пандемијата беше потстрек, иницијатор на голем број здравствени состојби кои секако требаше да се санираат, оние за кои и современата медицина не дава баш совршени резултати, дури и нема перспектива за изнаоѓање начин на дијагностицирање и третман на голем број заболувања“, стои во текстот на Женски магазин.

Previous articleЕве како изгледала Соња Тарчуловска како невеста, и колку години брак прославија со Јохан
Next articleПред да се омажи за Душко, Карлеуша беше во брак со овој бизнисмен: Беа среќни и сакаа многу деца (ФОТО)