Home News Се огласи премиерот Ковачевски и објасни зошто бил ослободен од воениот повик

Се огласи премиерот Ковачевски и објасни зошто бил ослободен од воениот повик

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНе, Драган Ковачки, вчера на прес рече дека според информациите кои стигнале до нив, премиерот Димитар Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок во 2001 година.

Односно, не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога ѝ бил најпотребен.

Како и сите граѓани на Република Македонија, кои во тој период служеа во редовите на АРМ, така и сегашниот нелегитимен премиер морал да се јави во војничките редови, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната прес-конференција.

„Причината поради која дезертирал е дека е, цитирам, трајно неспособен. Ковачевски, кој сега е премиер и ги ужива сите благодети на слободата и на демократијата, којашто ја има бидејќи луѓе загинале за таа слобода и демократија, додека тој бегал од војска, не се јавил на отслужување на воен рок и не се пријавил во 2001 година, иако бил повикан.

Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата“, рече тој.

Тој го повика Ковачевски во рок од 24 часа да каже дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите?

„Да излезе и да каже, во спротивно ќе објавиме сѐ што имаме. Доколку е навистина трајно неспособен, тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позиција“, рече Ковачки.

Денес, премиерот Димитар Ковачевски, на својот профил на социјалните мрежи, му одговори на Ковачки:

„ВМРО-ДПМНЕ не бира ни средства ниту начин за да го сврти вниманието на јавноста од големите корупциски скандали и превирања во нивната партија. Тоа само потврдува дека се она што го гледаме во јавноста изминатата недела е вистина и ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во огромна криза.

Сепак, јас како претседател на СДСМ никогаш нема да дозволам политичката дебата да падне толку ниско како што посакува ВМРО-ДПМНЕ и културно ќе одговорам на лагите и навредите. Никогаш ниту сум избегнувал ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок. С

амо нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред повеќе од 20 години за да го прикријат својот срам и криминал.

Но, не сум изненаден и за сите други лаги, клевети, лажни вести и манипулации од ВМРО-ДПМНЕ. Тие не се менуваат, а скандалите во Град Скопје само потврдуваат дека не само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана.

Граѓаните тоа го гледаат и самите ќе судат“, напиша премерот Димитар Ковачевски на својот профил на социјалните мрежи.

Previous articleСузана Манчиќ: Мајка ми најмногу плачеше поради мене, во двата брака, јас ги запросив мажите
Next articleСолза Грчева: Понеправеден и поглупав пензиски систем од нашиов, веројатно нема