Home News Солза Грчева: Понеправеден и поглупав пензиски систем од нашиов, веројатно нема

Солза Грчева: Понеправеден и поглупав пензиски систем од нашиов, веројатно нема

Информацијата која денес е актуелна во медиумите, е најавеното покачување на пензиите за 7 отсто.

Пензионерите на крајот од месецот ќе добијат околу седум проценти покачување, усогласување на пензиите соглансо новата методологија која ја донесовме во март 2022, односно усогласување 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти во однос на просечната плата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Штип одговарајќи на прашање.

Министерката информира дека некаде околу 36 илјади домаќинства се приматели на гарантирана минимална помош кои се вклучени во системот за социјална заштита.

– Системот од 2019 година во делот на намалување на сиромаштијата дава ефекти особено во пандемијата и економската криза со која се соочуваме е отворен систем којшто брзо ги вклучува сите оние коишто во одреден момент се нашле во ситуација да се материјално необезбедени.

Постојат мерки и за семејства кои се со еден родител, како и за оние семејства каде имаме две, три или повеќе деца, детски и образовен додаток кои навистина вклучи многу поголем број семејства за разлика од претходниот систем кои ги ограничуваше семејставта да го примаат додатокот, рече Тренчевска.

Со новите мерки кои заедно со министерот за финансии и останатите министрите во Владата ги креираат во пресрет на зимата, како што додаде, очекуваат да ги згрижиме барем оние кои се најраливи во општеството.

Лидерката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, пред неколку дена на својот профил на социјалните мрежи, го прокоментира нашиот пензиски систем:

„Понеправеден и поглупав пензиски систем од нашиов, веројатно нема.

Прво, при инфлација од скоро 17% (рецесија поточно), незамисливо е некој да има пензија помала од 20.000 ден.
Второ, речиси секоја година расте горната граница на најголемата пензија. Беше 38.000, потоа 48.000, сега е околу 60.000.

Но, сите помеѓу двете граници (долната и горната) не се индексираат, односно покачуваат со покачување на горниот лимит.

Па така имате луѓе од иста професија, со ист статус, со ист стаж, да имаат разлики во пензиите за повеќе од 10.000 ден. Само затоа што се пензионирале во друга година.

Ова е лудо и никаде не е така. Не се знае основниот модел на нормален пензиски систем.

И никој, баш никој, не дава во Собранието нов предлог закон за ова важно прашање!“

Previous articleСе огласи премиерот Ковачевски и објасни зошто бил ослободен од воениот повик
Next articleПендаровски седеше позади Макрон – еве како изгледаше испраќањето на кралицата, на кое присуствуваа речиси сите светски државници