Home Live Владо Јаневски се зарече дека ова никогаш нема да го стори, но...

Владо Јаневски се зарече дека ова никогаш нема да го стори, но си го погази зборот, се јави од Грција на плажа и порача

Македонската музичка ѕвезда Владо Јаневски пред неколку месеци го промовираше видео записот за песната „Ненормален“, што е уште едно од неговите врвни музички изданија.

Јаневски во едно претходно интервју за МИА зборуваше за своите почетоци во кариерата, идните планови и неговите претстојни концерти, кои македонската публика ги очекува со нетрпение.

-Обично кога одам на настапи им кажувам на некои мои луѓе „еве сега ќе ви отпеам една нова песна“, а сите ми викаат „добри ти се новиве, ама тие старите ти се подобри“.

Мое мислење е дека за да биде добра некоја стара песна, прво треба да биде добра нова песна.

Сметам дека само публиката е судија дали новата еден ден ќе стане добра стара песна. Тоа никој не го знае. Во нашиот бизнис се е тоа коцка.

Никој не знаел дека „Некогаш и негде“ после 20 години ќе биде толку слушана како во старите добри времиња.

Јас одамна завршив со фестивалите. По „Евровизија“ не сум бил ниту на еден фестивал и сметам дека откако ќе учествуваш на најдобриот фестивал во Европа, не гледам причина потоа да се појавиш на друг.

Јас откако го достигнав врвот во мојата работа, учеството на „Евровизија пред 20 години“, си реков дека тоа е тоа, бидејќи почнав од најбедниот фестивал во Македонија и стигнав до најдобриот во Европа.

На првиот фестивал ме гледале 150 луѓе во публика, а на вториот 150 милиони. Затоа одлучив дека треба да прекинам со фестивалите, бидејќи се потоа е само враќање назад. Тоа беше моја концепциска одлука, а не дека ми престанала желбата да пеам.

Сеќавајќи се на моите почетоци мислев дека не е фер да му го држам местото на фестивал што мене ми е „дежа ву“, на некој нов, кому можеби тоа ќе му биде шанса и отскочна даска. Кога зборувам за моите почетоци, јас денес немаше да седам овде без „Црно тиквешко“.

Мене „Евровизија“ не ме направи пејач, туку песната Црно тиквешко на „Интерфест“ во Битола пред 200 луѓе ми беше „трамболина“. Јас моите сиромашни почетоци нема да ги заборавам никогаш.

Јас сум фирма што работи веќе 25 години и веќе имам испланиран начин на работа. Тоа подразбира дека штом се издаде песна тогаш треба да се изработи и спот. Откако ќе се направи спот, тогаш треба да се отиде меѓу луѓето.

Ако ти е добра песната и мислиш дека имаш хит, тогаш треба да одиш на концерти, а ако се организираат концерти тогаш сметаш дека е подобро да се случи во живо, отколку да имаш матрица.

Значи едното си го влече другото. Кај мене нема изненадувања, туку се знаат правилата на игра.

За разлика од моите колеги немам апетити да настапувам надвор од Македонија, јас сакам да сум дома. Јас се откажав од мојата кариера на Балканот истиот ден кога загина Тоше Проески. Ние одевме заедно во пакет.

Ако се сеќавате „Аворд“ имаше само двајца ексклузивци во 1997 година, јас и Тоше. Кога настапувавме во Сити рекордс во Србија и во Хит рекордс во Хрватска ние одевме заедно. Секој што го издаваше албумот на Тоше, го издаваше и мојот албум.

Оној ден кога Тоше загина, тие таму рекоа дека штом нивниот фаворит повеќе го нема, тогаш не планираат веќе да го промовираат ниту Владо Јаневски.

Едноставно престана нивната обврска да се ангажираат со мојата кариера“, рече Владо, но сега тој е активен и на хрватскиот музички пазар.

Во 2019 година, по долги години, Владо Јаневски се појавува во новиот спот за песната „Откако си негова“, а друштво му правеше прекрасната манекенка Вера Мештеровиќ.

Пејачот тогаш шега рече дека Хрватите му ставиле „нож под врат“ и морал да се појави во спотот, а потоа сними и хрватска верзија од песната и спотот. Претходно Владо има изјавено дека никогаш нема да глуми во своите спотови.

Сега, Владо кој долги години имаше или познати актери, манекенки во спотовите, сега почна повторно самиот да си глуми во нив.

Владо новиот спот го снима во Грција и објави слики од плажа, од Порто Валица, комплекс на Касандра на Халкидики.

Владо ужива во убавините на овој ресорт и неговата природа, а на Фејсбук тој најави:

-Во подготовка е спотот за прекрасната балада “Ненормален” на Владо Јаневски заедно со неговите стандардни соработници од Томато Продукција“, стои во објавата. Инаку, една вечер во овој комплекс чини 160-180 евра за вечер за двајца.

Previous articleЗимска цена во лето: Нора Шаќири објави колку ѝ дошла сметка за парно за август, што е многу- многу е!
Next articleНајголемиот адут во прв план- фолкерката Сања Барби се раскомоти на плажа, на ова слика никој нема да гледа во морето (ФОТО)