Home Live Зимска цена во лето: Нора Шаќири објави колку ѝ дошла сметка за...

Зимска цена во лето: Нора Шаќири објави колку ѝ дошла сметка за парно за август, што е многу- многу е!

Нора Шаќири во едно интервју за Фешнел раскажува една прекрасна љубовна приказна што таа ја живее секојдневно со нејзиниот сопруг Марко Кума Марковиќ, со кого сега го имаат сиот Иан.

Во интервјуто ќе дознаете и како тие се запознале, што е она најдрагото што си го подариле, но и тоа како семејството и пријателите на Нора го прифатиле Марко.

– Јас и Марко се познаваме повеќе од 15 години..сме се гледале по скопскиве улици..го знаев..и тогаш беше впечатлив, несекојдневен..

Пубертетлија, долга коса, се издвојуваше од другите…имаше свој рок бенд и по подолго време го видов со неговиот бенд како пред- група на Бени и Нон Стоп на нивниот прв концерт…

Да бидам искрена, Марко од А до Ш ја памети таа ситуација, јас скоро и ништо да не се сеќавам (се смее).

Никогаш не се движевме во исти кругови, ама се среќававме на некои места кои во тоа време за деца на наши години беа актуелни и знам дека кога и да се сретневме.

Му велев тогаш на шега „ЈАС И ТИ ЕДЕН ДЕН ЌЕ ЗАВРШИМЕ ЗАЕДНО“…веројатно тогаш сум сакала да бидам „мангупка“ пред него, ама години подоцна тој мој мангуплак стана вистина која не е за еден ден, туку е повеќе од две години и дај боже за цел живот…

Почетокот на нашата врска не ја обележа интересна случка..јас и Марко се сретнавме во една многу тешка за мене ситуација…нешто повеќе од еден месец по смртта на мојот татко решив да се замешам меѓу луѓе, да се вратам во нормала и тогаш после долго време, го сретнав Марко..

Па јас и Марко немаме проблеми (се смее). Шегата на страна, секој, па и ние се кошкаме, се расправаме, но чесно е да сум искрена и да признаам дека јас сум таа која повеќе и почесто полудува и сум расположена за кавга за разлика од Марко.

Тој е неверојатно многу смирен, тотално е неконфликтна личност и за овие две години никогаш, ама никогаш не повишил тон ниту пак започнал караница…признавам, јас сум таа (се смее).

Она што Марко направи од мене, е една многу смирена личност, со мене барабар ги живееше сите мои тешки моменти, подеми и падови, сета тага и сета радост и на крај тој ме научи дека од секоја караница она што мора, е да се извлече поука од истата и да се научи како не треба…секоја наша препирка е чекор понапред во нашата врска…

Марко ќе ми го подари целиот свет ако тоа го посакам..тој од невозможно, за мене ќе направи возможно…ми ги има подарено најубавите цвеќиња.. но најубавиот и најдрагиот подарок од него, е самиот тој…

Оној момент кога тој одлучи да го дели својот живот со мене и да ми ја подари душата, за мене секој друг подарок нема вредност…

Ми се чини дека не постои човек кој не може да не го почитува и сака Марко..тој е многу дружељубив, комуникативен, чесен и многу добар лик..јас и Марко припаѓаме на различни националности, имаме различна вероисповест, но она што нас нѐ одликува како ЦИВИЛИЗИРАНИ ЛУЃЕ е почитта.

Почитта на нашите разлики, па од тука и моите пријатели и семејството, а и неговите пријатели и семејство не прифатија како ЕДНО..почитта е обострана, а исто така и љубовта кон пријателите и семејствата…

Кај нас ништо не е рутина…и она што можеби изгледа како рутина, не е…кафето е задолжително, околу филмовите и после две години уште се бориме, не заради различните вкусови, туку заради тоа што јас никако не можам да изгледам ниту еден филм не до крај, туку ни почетокот не можам да го фатам…

Значи заспивам на главни улоги (се смее). Кога е времето убаво, возиме велосипед, одиме на куглање, некогаш играме билијард…

Јас знам и фудбал да гледам со него, иако појма немам ни за кого навивам, важно е дека сум присутна, често и тој знае со мене да седне да изгледа некоја политичка дебата иако многу многу не го интересира, ама сепак знае да улета, па да ми удоволи (се смее).

Нора, како и многу граѓани се пожали на високата сметка за парно за август.

Имено, износот на сметката кој го платила Нора е како за зимска тарифа и таа напишала:

-Корегирана сметка за парно од 3480 на 2920. Многу беше ладно у август“, стои во објавата. Потоа, во еден од коментарите пријател напишал: Кај мене поладно било, 3500 ми е.

Previous articleПендаровски седеше позади Макрон – еве како изгледаше испраќањето на кралицата, на кое присуствуваа речиси сите светски државници
Next articleВладо Јаневски се зарече дека ова никогаш нема да го стори, но си го погази зборот, се јави од Грција на плажа и порача