Home Live Болна исповед на ќерката на Мерима Његомир: Не знаевме дека е болна,...

Болна исповед на ќерката на Мерима Његомир: Не знаевме дека е болна, а таа беше при крај и пееше како ништо да не ѝ е

Во ноември минаатта година, овој свет го напушти златното грло на српската народна песна, Мерима Његомир, откако изгубила битката со болеста, цан цер на панкреас, и тоа само по десеттина дена откако за јавноста откри низ што минува.

Пејачката која што со децении беше дел од сцената, позната по многубројните хитови, но пред се и скромноста, беше честа гостинка и кај нас, на повеќе фолк фестивали.

Иако секогаш избегнуваше да зборува за својот приватен живот, сепак, за нејзиниот животен пат, често се пишуваше во медиумите, објави Фокус, тогаш.

Родена во Зрењанин како Мерима Куртиш, таа сосема случајно запловила во естрадните води, уште како млада девојка. Најпрвин започнала да пее во кафеана, повеќе од забава, за пријателите, а подоцна кога увидела дека публиката ја сака, направила свој репертоар и започнала со редовни настапи.

Нејзиниот талент не останал незабележан, па започнале да пристигаат понудите за снимање на авторски песни, гостувања на фестивали, освоени награди и признанија.

Кога е во прашање личниот живот на Мерима, за нејзината љубов со Милан Његомир, со кого започнала врска на 21 година, додека тој бил околу 15 години постар од неа, се пишуваше многу.

Стапиле во брак во 1979 година и за пет години таа му родила четири деца, три ќерки и еден син.

-Љубов на прв поглед, среќна сум што имам многу паметен и згоден сопруг, знаеше да каже Мерима, која не ја запостави музичката кариера дури и во периодот кога беше бремена во своите деца.

Настапуваше постојано, во континуитет, а паузите по породувањето и траеа само по неколку месеци.

Сепак, иако постојано раскажуваше дека има идиличен брак, таа се разведе од сопругот по 16 години брак, а сите четири деца останаа со неа.

По разводот нејзиниот сопруг започна врска со нејзината пријателка, пејачката и ТВ водителка Сузана Манчиќ, но Мерима потенцираше дека тој е татко на нејзините деца, своевремено бил нејзин избор за животен партнер, и никогаш не кажа лош збор за него.

Дури и го продолжи пријателството со Сузана, која по некое време ја прекина врската со Милан.

Нејзините колеги ја опишуваа како борбена мајка, која без ниту еднаш да се пожали, храбро ги одгледала четирите деца и ги извела на прав пат, овозможувајќи им да растат во топол дом.

Заработувала исклучително од музика и не и бил лесен животниот пат како самохрана мајка, а достоинството секогаш и било најважно.

И кога гостуваше во Македонија во минатото, во своите изјави секогаш беше умерена и појаснуваше дека нема место за сенз ации и скан дали, ниту пак било кога сакала да се најде во центарот на вниманието поради настани поврзани со нејзината приватност

Љубица Његомир за тамошните медиуми проговори за нејзината мајка, легендарната пејачка Мерима Његомир.

-Кога бевме мали се срамевме што Мерима Његомир ни е мајка. Децата нè задеваа и рекоа дека нашата мајка е пејачка. На нејзиниот роденден, 9 ноември, протекоа информации дека има р ак, а потоа прочита дека ќе ум ре утре.

Кога еден човек во семејството има ра к, целото семејство е болно – рече Љубица, додавајќи:

-Понекогаш си помислувам „Боже, тогаш уми раше, беше во таа терминална фаза, за која не знаевме, и пееше час и половина“ – вели ќерката на Мерима Његомир во својата исповед за „Курир“.

Previous articleИскра Трпева раскажа како нејзиниот упкоен татко го избркал Владо Јаневски од фудбал и заплака зборувајќи за него (ВИДЕО)
Next articleМи се стемнува ко ќе дојде викенд – а дојде сабота, девер ми и јатрва ми ќе се нацртаат тука