Home Live Ем водителка, ем манекенка, еве зошто македонското девојче Ева ги полуде либанците...

Ем водителка, ем манекенка, еве зошто македонското девојче Ева ги полуде либанците (ФОТО)

Мики Црнокрак, сопственик на модното студио Црнокрак, е синоним за успех на приватен и професионален план. Неговиот свет се темели на: жени, мода и убавина.

Движечка сила која постојано му дава енергија е љубовта кон најблиските, колегите, родната земја“, објави во една прилика Иди види.

-Генерално, Македонките се убави, згодни, паметни, харизматични, шармантни, но исклучително тешки карактерно! Викенд? Секако, би сакал да го поминам со Светлана Црнокрак и тоа на било кое од местата кои претходно ги набројав.

Јас со манекенство се занимавам речиси триесет години и можам да кажам дека се е поразлично од оние времиња кога јас бев манекен. Македонскиот народ е убав народ, има навистина убави девојки и момци кои се привлечни и дотерани.

Но, криво ми е што има многу малку ревии кај нас. Се надевам дека ситуацијата ќе се смени. Квалитетни манекенки кај нас отсекогаш имало и има. Најквалитетните веќе имаат светски кариери“, изјави тој.

Неговата сопруга пак, Светлата во еедно интервјуз а Хибрид изјави: Како и секоја тинејџерка сонував да зачекорам на модните писти, да се најдам на насловна страница и да бидам дел од некој престижен избор на убавина. И се разбира ми се оствари и тој сон.

За прв пат на мои 18 години учествував на избор за убавина, Мис на Македонија. Тоа ми беше еден вид отскочната даска во мојата кариера. Запознав луѓе кои ми ги отворија вратите во светот на модата.

Иако ќе кажам дека тоа време беше многу потешко за разлика од сега, бидејќи тоа време кај нас не постоеја модни агенции, туку самите се грижевме околу нашите ангажмани.

Имам учествувано и освојувано многу титули на изборите за убавина, особено на интернационалните, каде што навистина бев горда како амбасадор на македонската убавина“.

Инаку, Црнокарк објави дека во Бејрут, Либан, се одржа деветтото издание на интернационалниот избор за женска убавина „MISS TOURISM UNIVERSE 2022“. Нашата држава ја претставуваше Ева Јовановска (19) од Тетово, која успеа да освои дури две титули:

„Miss TEEN“, како најдобра во конкуренција на девојки до 19 години и титулата 6-та придружничкa (6th runner up) вкупно, значи во конкуренција на 30 учеснички, од исто толку држави од целиот свет.

Вкупна победничка е Мис Венецуела, титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Киргистан, а Втора придружничка е Мис Италија.

Нашата Ева е членка на Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценца за Македонија за овој престижен интернационален избор за убавина. Таа сега во нашите медиуми е актуелна и како водителка на естрадниот магазин “BACKSTAGE “.

Еден од членовите на жирито кое одлучуваше за тоа кои девојки ќе понесат титули беше и Мики Црнокрак, кој дал изјава директно од Либан, пренесоа повеќе медиуми:

“Многу добар избор, во организација на „Style Events Organisation“, на чело со мојот добар пријател Ели Нахас ( Elie Nahas), кои од 2014 година го организираат овој избор во Бејрут.

Девојките поминаа прекрасни 15 дена во Бејрут, исполнети со многу прошетки, посети на фантастични места во Бејрут и целиот Либан, забави, но секако и подготовки за финалето кое се одржа во театарската сала на „Casino du Liban“ во Бејрут.

Нашата Ева освен како мисица се претстави и со извонредна балетска точка преку која го покажа својот талент за играње, а големиот аплауз од преполната сала покажа дека нејзиниот настап беше навистина одличен.

Впрочем, нејзиното комплетно претставување беше на највисоко ниво, навистина во најдобро светло се презентираше себе, Модното студио „Црнокрак“ и Македонија, што на крај и го покажаа двете освоени титули”, изјавил Црнокрак.

А пак Ева, на Инста објавила провокативна слика од Либан, на плажа, каде пто нејзината убавина и атрибути доаѓаат до израз.

Ако ѕирнете на Фејс кај Ева, има слики од нашата убавица како таа изгледала на нејзината матурска вечер.

Свечен долг фустан, но и длабок шлиц кој ги истакнува нејзините долги нозе Ева има со што да се пофали, па тоа го виделе и либанците и жирито на изборот за Мис и затоа таа заслужено освоила награди.

Previous articleВера Мештеровиќ никогаш не била погламурозна, ова кратко фустанче кажа многу за водителката (ФОТО)
Next articleСите детали за животот на Цеца на едно место, фолк ѕвездата јавно ќе ги открие сите тајни, камерите ќе ја следат секаде низ дома