Home Live Лозано парче прави во Америка, еве на која песна нашите иселеници се...

Лозано парче прави во Америка, еве на која песна нашите иселеници се качувале по столчиња и маси (ВИДЕО)

Влатко Лозаноски- Лозано во една прилика зборуваше за својот голем концерт во салата Борис Трајковски кој се слули во 2019 година, а имаше околу 10 илјади луѓе во публика.

На концертот во Борис Трајковки не очекував дека ќе има толку многу луѓе. И си мислев, може да се случат некои чудни работи.

На пример, ќе ми падне рефлектор, се сопнуваш, некои банални работи…“, зборуваше Лозано за своите стравови пред да излезе на сцена.

Во друго интервју за Женски магазин, музичката ѕвезда искометрира дали повторно би одел на Евровизија, но раскажа и за неговиот прекар- Лозано.

– Искрен да бидам и имам, но и немам добро искуство од Евровизија. Би сакал нормално повторно да ја претставувам Македонија, но само доколку имам добра песна и добри услови за работа, за да сепак го оправдам моето учество пред публиката“, рече тој.

Лозано секогаш пее песни кои допираат во срце, а една таква е Километри, која поради своите стихови е хит во дијаспората. Лозано потоа испеа уште една слична песна која е посветена на љубовта, на реката Вардар и на Македонија.

Песната е веќе хит во дијаспората, и многумина се пронајдоа во неа. И во спотот, тој раскажува пелчабраска приказна, во еден кадар мајка му го испраќа од родниот дом. Лозано во неа вели:

Знам како е да немаш, знам како е да немаш, во ладни утра, сиви чувства и само празнина без крај. Мој Вардаре ми кажи, колку ли криеш тајни, на луѓе приказни, тајни оловни, на дно заборавени.

Мој Вардаре, кажи ми, кажи Вардаре колку ли криеш во себе, вистини некажани. Кажи ми, кажи Вардаре, те молам кажи Вардаре еј со векови, колку ли солзи криеш ти, колку ли солзи криеш ти. Хеeеј, први бакнежи, тажни разделби, на дното ги чуваш Вардаре.

Браво мајсторе, секоја чест, ежење, се коментарите кои ги доби под песната, а еден од нив вели:

Прекрасна песна, како и сите други. Со секоја песна од ново не воодушевуваш, секоја чест, од добро подобро. Само продолжи така, ваков талент ретко се наоѓа на Балканот, а камо ли во Македонија. Заслужуваш милиони и милиони прегледи. Јас сум ти верен фан, и ја имаш мојата поддршка“.

Лозано гостуваше во емисијата Магазин на ТВ Сител и иако сме навикнати тој да е скромен и резервиран музичарот овој пат се отвори како никогаш досега.

-Кога правам нешто, се трудам да не изрегирам веднаш, претпоставувам дека самото решение или самиот одговор кој треба да се даде има уште милион други комбинации.

Знам што е работно, што е приватно, оние што ме знаат приватно можеби ме знаат и малку понаку, каков е Влатко.

Можеби поведар, можеби поослободен, итн, итн., така да гледам тоа што е за јавност да е за во јавност, тоа што е приватност да е приватност, ако и приватноста биде јавна, тогаш каде е приватноста?

Често одам во Кичево, се дружам со мајка ми и со татко ми, одиме во нашата викендица во Белица, континуирано работиме таму, во тие моменти не сакам да објавувам што правам како правам, едноставно да си уживаме и во физичката работа.

Таму е убаво место, на 760 метри надморска височина, Кичево е на 660. Другото слободно време, кога беа фитнес центрите отворени често ги посетував, сакам да спортувам, два пати неделно фудбал игравме“, рече Влатко, а потоа за него зборуваше неговиот пријател Бојан Јовановски.

Бојан, кој всушност е член на неговиот бенд веќе 10 години. Прашањето од Бојан до Влатко беше: Зашто се разбира од географија, нека каже кој е главен град на Литванија. „Драго ми е што тој гостин сте го одбрале.

Боки е еден од подргаите мои другари и соработници. Да, беше генерално искрен“, рече Влатко за коментарот на Бојан дека тој има трема пред настапите.

Потоа одговори дека главен град на Литванија е Вилнус, но и кажа и дека омилен дел во целата негова кариера е концертот во Борис Трајковски каде што очекувал да има луѓе колку да не е празна салата, а излегла полна.

„Тие слики од тогаш, никогаш, додека сум жив нема да ги заборавам“. Водителката искоментира дека љубовта е главна тема во сите негови песни и го праша дали тоа се негови лични искуства, на што Лозано одговори:

-Не мора да значи. Можеби биле сите приказни, приказни од луѓето. Љубовта, без разлика кон што имаме е љубов и мора да биде присутна, нормално. Километри е базирана на љубовта, но не љубовта кон дечко и девојка туку љубов кон се.

Тука има и родољубие, љубов кон родителите, кон мајката, кон таткото, љубов спрема земјата, љубов спрема родното место. Нашето тло во Македонија има приказни многу да се направат баш како што кажуваме во песната Вардаре, има приказни да кажува многу тома“, рече пејачот.

Водителката потоа рече дека има луѓе коишто веруваат дека вистински сакаш само еднаш, а има и луѓе кои велат дека ако отвориш срце може и повеќе пати да сакаш.

– Да, со отворено срце може да се случи“, рече Влатко, а на ова водителката го праша: ти во која група припаѓаш, а тој рече: Па, најверојатно во втората.

Со отворено срце сум, никогаш никого не сум мразел, едноставно луѓето никогаш не треба да се мразат, треба да се најде решение за се, да сме толерантни, со толеранција може се да се реши, така да, им посакувам само убави работи“, рече Лозано.

Рече и дека споредбите со Тоше Проески не му причат туку му годат, но тој има свој музички пат кој публиката го има препознаено.

Лозано веќе некое време е во Америка, каде што одржува концерти за нашите иселеници таму и секаде е полно и весело, според снимките кои ги објавува на социјалните мрежи.

Сега, тој објави снимка од Детроид каде што пеел негови песни, меѓи кои и „Километри“. Инаку, оваа песна е многу популарна во дијаспората. Ама, Лозано пеел и по некоја народна како на пример „Ој девојче“.

А во колажот од песните што го шернал на Инста е и Ѓурѓевдан, песната од Бијело Дугме, која е всушност преработка на Горан Бреговиќ, на која македонците полуделе во Америка, а еднакво добро реагирале и на неговите песни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

Previous articleНе старее оваа жена, ова е приказната на Анета Андонова од „Пулсирања“
Next articleНашата пејачка призна дека имала голема криза во бракот, еве зошто не им одело на еден од најпознатите парови во Македонија