Home News Љубчо Георгиевски одговори што ќе се случеше ако не ја продадеше ОКТА

Љубчо Георгиевски одговори што ќе се случеше ако не ја продадеше ОКТА

Економијата во Светот, во годинава што изминува доживеа тектонски пореметувања, во најголем дел, поради настаните кои се случуваат во Украина.

Цената на речиси сите енергенски достигнаа вртоглаво ниво, а граѓаните најмногу на својот домашен буџет ги чувствуваат високите цени на електричната енергија и нафтените деривати, кои ја одврзаа спиралата на поскапувања на речиси сите производи.

Во емисијата „Во Центар“, на Јутуб, кај познатиот новинар Васко Ефтов, во нделата гостуваше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурски, Марко Бислимовски, при што беа дебатирани најновите состојби со цените на енергенсите.

Новинарот и гостинот се согласија, дека доколку Македонија имаше во свој посед рафинерија, сега цените на нафтените деривати би биле поинакви,

-Сега се поставува прашањето што ќе беше ако работеше Окта или ако Македонија не ја продадеше единствената рафинерија на Грците во 1999 година, пишува порталот Во Центар, како анализа на неделната емисија.

-Рафинеријата Окта која беше голема инвестиција во текот на 80-тите години на минатиот век, кога на чело на компанијата беше Борис Рикаловски, подоцна вицепремиер и министер во македонската и сојузната југословенска влада пред распадот на СФРЈ, а од мај 1997 до ноември 1998 година министер за економија во владата на Бранко Црвенковски, имаше методологија на производство на нафтени деривати кога како нус производ на процесот на производство остануваа големи количини на мазут.

Затоа таа рафинерија ја нарекуваа и “мазутара”, бидејќи многу често производството на мазут беше поголемод од производството на нафтени деривати.

Окта имаше или имала застарена технологија и токму од тие причини произведуваша многу повеќе мазут и тој мазут сега ќе помогнеше доста и ќе имаше многу пониска цена колку што е во моментот и ова што ние сега го имаме на пазарите, вели Беслимовски и додава:

“Сега нашите македонскии компании купуваат готови деривати, околу 85 отсто доаѓаат од Грција. Остатокот, нешто доаѓа од Албанинија, нешто од Србија, но најмногу како држава готови нафтени деривати носиме од Грција”.

Тоа се преработени деривати, вели Баслимовски бидејќи ние сега немаме рафонирија која може да ја преработува суровата нафта. И затоа ние сме принудени да увезуваме преработени или готови нафтени деривати.

Во најголем дел купуваме од Хеленик Петролеум. Да мислам дека Варводијанис има акции во таа компанија, вели тој, а во нивна сопственост се наоѓа големата или најголемата грчка рафинерија во близината на Атина, на полуостровот Пелопонез.

Ние се врзуваме за цената на нафтените дерифати на медитеранската берза, објаснува Бислимовски. Тоа го прави и Грција, Италија, Словенија… Од таа флоп берза ги земаме податоците за цените.

Оваа медитеранска берза се наоѓа во италијанскиот град Ѓенова. Како и на секоја берза и таму има наддавање за цената и таа е референтна за нашиот регион. Тие податоци ги добиваме и ние и трговците во Србија, Хрватска и целиот регион.

Ако имавме наша рафинерија, која не работи од 2013 година, тогаш тие кои таму работеле ќе можеа да прават т.н. хеџирање или да ги предвидуваат движењата на цените.

Сигурно е дека овие компании кои купуваат и преработуваат сурова нафта остваруваат далеку поголеми профити, додава тој.

Ние во Македонија единствено им дозволуваме да имаат маржа, таа беше 5,5 денари, а сега е пет денари, ја намаливме за да се помогне колку што може да се помогне во оваа ситуација и тоа е единствен начин за формирање на цените, рече Беслимовски, а пренесе порталот Во Ценатар.

Во интервјуто во емисијата Во Центар, Беслимовски го коментираше и продавањето на Окта.

-Тоа е еден од најлошите договори кој го потпишала Македонија, ако не и најлош во процесот на приватизација. Во текот на 90-тите година Окта беше наша и државата тогаш ја определуваше цената на нафтените деривати. За некаков квази социјален мир, државата не и дозволуваше на Окта да ги зголеми цените иако растеа нејзините производните трошоци.

Така Окта стана загубар и како компанија со големи загуби им ја продадовме Окта на Грците. Ако таа методологија која ја имаше Окта кога ја продадовме на Грците, ја имаше кога таа команија беше наша македонска ќе си имавме нормална компанија која работи со профит.

Ако сега работеше Окта, со вакви цени на дизелот и мазутот, тогаш државата ќе имаме огро,ен профит во овие услови на вакви ценин на дизелот, смета тој.

Ако вие гледате во регионот ретко кој приватизираше рафинерии. Грците платија 32 милиони долари за Окта а имаше резерви од повеќе од 20 милиони. И одреден период никој не смееше да прави увоз на нафтени деривати, заклучува Беслимовски во интервјуто во емисијата Во Центар.

Во коментар, под објавата на порталот „Во Центар“, се огласи Љубчо Георгиевски и објасни што ќе се случело доколку ОКТА не била продадена:

„Ако Георгиевски не ја продадеше Окта таа ке банкротираше по втор пат.Имено,во средината на девеесетите еднаш помина преку банкрот и санација од пари на државата.Во 98 таа веке беше пред втор банкрот и од претходната влада беше ставена во договор со ММФ во списокот на 12 загубари.

Окта ке носеше милиони ако утавниот суд во 2003 не донесе одлука дека Македонија може да поништува мегународни договор и покрај тоа што во Уставо го пишува обратното.И конечно сето тоа е под знак прашање зошто Окта до тогаш работеше само на руска лесна нафта.Инаку никој Беслимовски не коментира дека Георгиевски јавно повика пред неполни две години кога нафтата беше 17 долари барел Северна Македонија да купи за неколку стотини милиони долари за резервите“, напиша во својот коментар Љубчо Георгиевски.

Previous articleЈанко „Јади бурек“: Не ми глуматарајте како било у Емерика, Немачка Имачка … живеете во МАКЕДОНИЈА
Next articleОва е семејниот бизнис на Богдана Ражнатовиќ од нејзина страна, а сестра си која се омажи постигнува успеси на 3 полиња, еве што работи