Home Live Миа Костова „падна“ во добри раце: Му верувам на Мирко (ФОТО)

Миа Костова „падна“ во добри раце: Му верувам на Мирко (ФОТО)

Миа Костова е интересна е за медиумите поради нејзината искреност и приказните за кои нејзините следачи на социјалните мрежи веднаш „се лепат“.

Таа е долгогодишно ТВ лице, а во овој период не е активна на телевизија, и вели дека воопшто не ѝ недостига.

Живее исклучиво од инфлуенсерството, но вели дека не се плаши од било каква друга работа која ќе ѝ донесе добар живот за неа и за синот Андрија.

Како самохрана мајка, гордо изјавува дека од првиот ден самата се грижи за синот без никаква финансиска и физичка помош од никого.

Од професијата која е релативно нова на пазарот, преку начинот на исхрана кој ѝ е честа борба, до есетстките зафати кои ги направи, Миа отворено зборува за Женски магазин.

-Јас не чувствувам страв од егзистенција ни кога сум живеела со 200 евра ни денес со многу повеќе. Мене ‘инфлуенсертството’ не ми е нешто на кое се потпирам за следните 50 години.

Јас сум идеално свесна за својот капацитет, јас сум човек кој не се плаши од работа и тоа сум го докажала низ годините. Не сум се плашела ниту сега се плашам.

Утре да се деактивирам од „инста“ ќе најдам и што да работам и како да сум задоволна од себе и за себе и своето дете.

Дали ќе работам по струка или ќе работам нешто што мене ми лежи, ќе се вратам на ТВ или во фризерница, воопшто не ми менува. Оној кој сака ќе најде работа и начин“, изјави Костова.

Во едно интервју за Кафе пауза зборуваше за својот живот со синот Андрија.

– Ако се предадеш и речеш не можам, не успевам, нема работа, не постигнувам, веројатно ни коцките не се местат. Кај мене беше така.

Имав многу куса финансиска криза која ја надминав со упорност и со немање апсолутно никаков ср ам од работа.

Андрија имаше само 40 дена кога се вратив на неколку дена во диско неделно, почнав да работам во фризерски салон како координатор иако тоа никогаш не сум го правела ама некако се пронајдов, во меѓувреме дипломирав, работев и на телевизија, работам и како инфлуенсер.

И сето ова успевав да го вклопам со мало бебе кое немаше кој да го чува.

Од бебе е во градинка, седел со саати кај мене на работа, седел на снимања со температури, ама никогаш не сум се откажала ниту некогаш помислив да се вратам во семејниот дом. Решив дека ова е моја приказна и да, коцките се местат и ден денес.

– Не знам дали е до мојот став и до мојот начин на однесување и зборување јавно ама мене не ми се случило некој ниту да ме осуди ниту да има проблем со тоа. А немам ни јас.

Живеам многу подобар посреќен и помирен живот од жени во семејства кои седат во брак поради ова или она.

Сметам дека малку е поинаку денес и дека поинаку се гледа на самохраните мајки за разлика од порано. Тие сѐ повеќе се херои одошто нешто лошо или немо-рално.

Нема тајна, како што кажав погоре, треба само да сакаш, треба да си убеден во тоа дека можеш и да не пребираш додека да стигнеш онаму каде што сакаш.

Важно е да имаш време за себе, да не му ја мислиш дали е во градинка предолго, или зошто преспива на друго место, зашто многу е важно прво мајката да е како што треба за сѐ да биде како што треба.

А што се однесува до кариеристките кои не сакаат деца, немам ништо против нив. Сосема ги разбирам. И ги поддржувам. Не може секој ниту секој сака. Кој како смета дека треба – така нека прави“, изјави Миа во интервјуто.

Миа на Инста стори јавно им се обрати на своите следбеници, и рече дека се плаши од зимата, зашто минатата зима и била многу психички тешка. Миа објави дека почнува со нов предизвик што се вика 100 дена.

-Ќе вежбам во теретана задно со мојот пријател Мирко и со Светле, ашто им верувам. Верувајте, нема ништо полошо од комфорт. Ова го правам за здрава глава, се плашам од зимата, имав психички многу тешка зима“, објави Миа.

Таа шерна и слика од теретана, со своите ментори кои ќе ѝ помогнат да изгледа фит и здраво.

Инаку Мирко Петровски е еден од најдобрите македонски билдери во историјата на Македонија, освојувач на бројни меѓународни признанија и сопственик на теретаната Пројект Фит во Капиштец.

Вработените во теретаната, се без исклучок со завршен Факултет за физичка култура, па оттаму, професионализмот е на највисоко ниво.

Previous articleСите детали за животот на Цеца на едно место, фолк ѕвездата јавно ќе ги открие сите тајни, камерите ќе ја следат секаде низ дома
Next articleЈанко „Јади бурек“: Не ми глуматарајте како било у Емерика, Немачка Имачка … живеете во МАКЕДОНИЈА