Home Live Нашата пејачка призна дека имала голема криза во бракот, еве зошто не...

Нашата пејачка призна дека имала голема криза во бракот, еве зошто не им одело на еден од најпознатите парови во Македонија

Таа е мултиталентиран млад уметник чија генијална изведба и енергијата која ја носи на сцена и гарантираат далечни хоризонти во професионалната реализација. Сара Костадиновска или попрепознатлива по уметничкиот потпис, Сара Мејс е дипломирана харфистка со неверојатно квалитетен вокал.

Ја запознавме како една половина од дуото „Цимерките“ кои внесоа нов бран свежина во домашниот етер, а потоа имавме можност да ја видиме на Скопски фестивал каде со изведбата на „Врне,врне“ чиј комплетен автор е самата, беше невозможно, а да не ја забележиме, објави Фешнел во една прилика.

Сара денес е мајка на две деца, Илина која има 4 години и Кирил кој нема ни два месеци, и е мажена за водителот Димитар Атанасовски, кој е инаку и маркетинг менаџер.

За својот интересен стил на облекување кој на сите им падна во очи откако Сара се појави на нашата музичка сцена, таа во Фешнел кажа:

– Прво би кажала дека не сум фан на кратки здолништа. Во спротивност на ова, во последно време обожавам да носам облека со висок струк.

Искрено, не сум некој моден фанатик кој ги следи слепо модните трендови, туку повеќе целам кон тоа да си изградам препознатлив стил кој ќе ја одразува мојата личност, како мој идентитет.

Како што созревам, го менувам и стилот и ми доаѓаат различни идеи во главата. Единствено нешто што останува и ме следи со времето е пердувчето на левото уво. Имам кратка коса и токму поради тоа пердувчето секогаш доаѓа до израз.

Се надевам дека постепено се градам во уметник од светски ранг. Своето место би го лоцирала онаму каде што ќе се создаде публика за мојата музика.

Не знам колку стилот на музиката која ја изведувам е специфичен, но јас би се чувствувала најсигурно онаму каде што публиката ќе го разбере тоа што јас го содавам“.

Искрено, јас секогаш сметам дека ако е емоцијата искрена, ако е тргнато по чиста емоција, ако лесно одела песната лесно за компонирање на пример, некои песни на кои што се враќам сто пати, на крај не е тоа тоа.

А песната ако ти протече вака едноставно, просто… оваа песна се сеќавам дека рефренот точно (го пее рефренот) ми дојде онака, требаше да одам на некоја проба, а доцнев веќе и реков нема шанси ова мора да го запишам и седнав на клавир и бам бам… морав да го запишам.

Секогаш сметам дека кога има чиста емоција би допрела до луѓето, искрено очекувам и се надевам да допре, бидејќи навистина многу време ја собирав енергијата за оваа песна“, рече Сара за Музика24, за нејзината песна “Градина од цреши“.

Кога била бремена со ќерката Илина, за Женски магазин димитар за својката сопруга изјавил:

– Овие девет месеци барем мене ми поминаа како 9 секунди. Искрено, сите на почетокот не плашеа, ова ќе се случува, тоа ќе се случува, ама навистина, девет месеци како песна. Сара е толку чукната, што на неколку дена пред да се пораѓа, игра ора по свадба и планинари за да види каков поглед ќе има од врвот.

Инаку, генерално, мене ми поминуваа деновите буквално како сите нормални денови претходно, со исклучок на тоа што не возевме мотор само годинава.

Инаку, Сара не беше воопшто трудница што се жали и ѝ е тешко (за моја среќа), па немам некој посебен ангажман. Искрено, јас бременоста нејзина, не ја ни осетив“, вели Димитар.

Минатата година, Сара во „Жешко столче“ откри дека еден период нејзиниот брак бил во криза, односно тоа се случило по раѓањето на нивната ќерка Илина кога кажа:

„Не ни одеше. Првпат јавно кажувам. Имавме една брачна криза. Неколку месеци беше тешко, беше да се биде или не.

После една година не можам точно да се сетам да го детектирам проблемот, но ни беше голема промена моментот кога станавме родители.

Ние бевме научени да бидеме 24/7 на работа и со пријатели. И двајцата работиме повеќе работи, улогата да бидеме родители плус ни дојде повеќе, не ни беше јасно, бевме збунети.

Кога си во длабока љубов и сакаш да имаш дете, се тоа е прекрасно, но не знаеш што те чека кога ќе дојде тоа дете на ред. Детето станува преоритет“, вели Сара и додаде:

„Многу сум благодарна за се’ што ми се случи затоа што многу научив. Научив како да ми е поубаво на самата себе, како да е поубаво на моето семејство. Како да ги разбирам другите“, вели пејачката, а ова го пренесе Вистина.

Сега, Сара и Димитар се родители на уште едно дете, Кирил, и деновиве објавуваа слики на Инста како на само 50 дена откако се родил го носеле на неговото прво патување, во регионот на Пехчево и Берово, и сите заедно, со ќерката Илина уживале во природа.

Previous articleЛозано парче прави во Америка, еве на која песна нашите иселеници се качувале по столчиња и маси (ВИДЕО)
Next articleЕлена Велевска вака му честиташе роденден на Марјан – мил мој Мани…