Home Live Не старее оваа жена, ова е приказната на Анета Андонова од „Пулсирања“

Не старее оваа жена, ова е приказната на Анета Андонова од „Пулсирања“

Анета Андонова е некогашна водителка а сега уредник во Македонската радио телевизија, и таа е позната како некогашна водителка на емисијата „Плусирања“.

Во едно интервју, Анета има раскажано дека по вокација е инженер по електротехника, но често размислувала за промена на професијата. Во син мантил меѓу електромотори или генератори, раскажала дека и звучело интересно во еден момент.

Потоа раскажа дека вселената ги склопила коцките поинаку, а и велат „телевизијата е вирус од којшто се заразуваш еднаш за секогаш”, раскажала Анета Андонова.

-Животот е она што ти се случува додека ти го планираш“, рекол своевремено Џон Ленон. Телевизијата за мене беше случајност, а не план или желба. Моите почетоци се всушност во радиото.

Училиштето за средно образование „Орце Николов“, како дел од практичната настава промовираше младинско, експериментално радио „Клуб 100“. Радиото беше креација на учениците кои се профилираа како електротехничари во соработка со одговорните професори.

Во тоа радио, ние учениците „се одмрзнавме“. Научивме како се прави емисија, како се говори пред микрофон, научивме како да се обратиме на аудиториумот. Во тие 90-ти години дојде соработката со МРТ која беше единствена како ТВ куќа во Република Македонија.

Влегов во проектот којашто внесе нов дух, постави нови стандарди во етерот, го имаше приматот пред сите останати телевизиски проекти.

„Пулсирања“, таму беа моите почетоци во телевизијата како електронски медиум. Без некоја посебна желба, но со многу возбуда,ентузијазам- влегов во МРТ и останав.

Пулси квизот беше само сегмент од ПУЛСИРАЊА – емисија од младите, за младите. Саботната, матине шема не беше кафуле, туку ТВ приемникот. 10.00- и време е за Пулсирања. Широк спектар на ТВ консументи опфати, оваа емисија.

Логично,некако е прво да им се обратиш на учениците, а потоа на младинците. Пулси квизот се разви во полигон за натпревар на учениците па со тек на време се одвои како посебен проект.

На прашањето- КОЛКУ ГОДИНИ? – одговарам МНОГУ, затоа што ниту еден друг проект, освен информативните емисии (вести, утринска програма, актуелности) не се задржале толку на медиумската сцена.

Во моментов сум уредник на образовна програма на МРТ1. Во рамките на овој сектор се емитуваа детски, училишни, научни, општообразовни програми и емисии за лица со посебни потреби.

Голем одмор како детско, едукативно шоу е единствено во целиот регион, легендарните Македонски народни приказни се продуцираат во овој сектор, Светот на тишината и Петтиот ангел се единствени по својот концепт како проект што ги третира проблемите на лицата со посебни потреби, Си било еднаш итн. итн.

Списокот е долг, а јас само ја искористив можноста за Женски магазин, да набројам дел од проектите на образовна програма.За идните планови, ќе зборуваме кога ќе дојде време. Идеја има, само да ја оставиме да „ферментира“, кажала во Женски магазин Анета.

Ване Маркоски, нашиот познат водител, кој работи во Македонската радио телевизија, објавил слики со Анета и со уште неколку колешки и на овие слики се гледа колку Анета всушност не е сменета и е иста.

-Леле Анета!!! Не ја познавам, ама Боже колку ја обожавам таа жена. И како ден еден да не е остарена… А, од кога е на ТВ. Значи, јас сум воодушевена! Ване, у феноменално друштво си“, стои во коментарот.

Но, Анднова реплицирала на овој коментар вака: Телефонот на Ване така вади, мазни да сме. Поздрав“. Инаку, спортот е тајната на нејиниот топ изглед, таа редовно трча на скопките маратони, и спортува.

Анета за својот добар изглед искометирала во Женски магазин: Петре М.Андреевски во Последните селани вели: „Ќе си земеш убав човек со голема сенка, насекаде свртен.Од која страна да го погледнеш, оттаму да му се гледа лицето“.

Сакам во мојот радиус да се движат убави (и физички и духовно, се разбира) луѓе, полни со живот, со дух, млади и умни. Само така има размена на енергија и само така човек го одржува духот.

Сите ние сме на некој начин Петар Пан. Не давам да го уништат детето во мене“.

Previous articleЧетири пати ме мажеа за упокоени- познатата пејачка на народна музика откри како ја наместиле медиумите
Next articleЛозано парче прави во Америка, еве на која песна нашите иселеници се качувале по столчиња и маси (ВИДЕО)