Home Live Погледнете каква убавица е сопругата на Александар Митевски, ќерките ептен личат на...

Погледнете каква убавица е сопругата на Александар Митевски, ќерките ептен личат на неа (ФОТО)

Композиторот и пејач Александар Митевски е кантавтор кој речиси 30 години прави песни за себе и за други и паралелно работи на повеќе проекти кои се присутни во јавноста, а тој не е експониран.

Вели, атмосферата на сцената во последните години, па и деценија била таква што „условно кажано“ тој и музичарите од релативно „постарата“ естрадна екипа не биле присутни и активни“, објави во една прилика Независен весник.

Во 1992 му е првиот настап со рап групата ОК бенд, во 1995 прва солистичка песна, во 1996 – прва награда на „Макфест“ за „Виолина и гитара“ на Дуле и Коки – како текстописец.

„Срце тетовирано“, „100 проценти фанки“, „Латино ЦД“, „За век и векови“, „Душа калдрма“, „Еднаш човек живее“, „Мојот град“… се негови или песни што ги напишал за повеќето изведувачи од македонската сцена.

– Не сум личност која по секоја цена се натура. Јас сум кантавтор, човек што прави песни за себе и за други и паралелно работам на повеќе проекти кои се присутни во јавноста, а не сум јас тој што е експониран.

Гостував кај Драган Б. Костиќ во неговата емисија и за мојот портрет многу луѓе беа изненадени, не знаејќи кои сè песни досега сум ги напишал.

Едноставно, и атмосферата на сцената во последните години, па и деценија беше таква што „условно кажано“ ние од релативно „постарата“ естрадна екипа не бевме присутни и активни. Веројатно сплет на повеќе врзани нешта.

Затоа и луѓето постојано носталгично прашуваат зошто не се активираме повторно и зошто нема хитови како во 90-тите години“, изјави Митевски во едно претходно интерву за „Независен“.

– Не се чувствувам како ѕвезда. Се чувствувам како уметник кој оставил и остава песни кои и ден-денес живеат и се пеат. Иако ретко луѓето ме гледаат како пејач во јавноста, сепак чувствувам дека им е драго кога ќе отпеам некоја од моите песни затоа што, според нивни зборови.

Тие песни се разликуваат, носат некоја поинаква атмосфера. Веројатно целиот авторски бекграунд го прави моето влијание на сцената и во јавноста.

Една од првите мои песни, „100 проценти фанки“, одбележа едно време на мојата генерација и денес кога и да се прави некоја журка, младите ја бараат и ме паметат по неа.

Таа песна и денес звучи свежо како да е сега направена“, рече Митевски.

Тој сега пее со Драган Спасов- Дац, нашиот познат актер и имаат доста хитови.Во едно интервју за 7дена.мк, тие раскажаа интересни нешта:

– Жените одсекогаш биле поотворени кон сфаќањето и искажувањето на љубовта, па оттаму и примањето на нејзините пораки. Мажите се малку потврди но, се повеќе знаат да искажат и да примат љубов.

Така што, проценти ќе бидат во прашање, кој повеќе ќе не слуша а, жените, се разбира секогаш имаат предност. Ние како со некој коректор сакаме да ги покриеме неубавите работи од секојдневието и да потсетиме на некои заборавени вредности.

Преку нашата музика и текстови ги враќаме работите на вистинското место. На луѓето им се допаѓа тоа што носиме носталгија, убави спомени, кажуваме убави стихови, шириме позитива, љубов, пријателство и среќа.

Нашите песни? Посакуваме да станат евергрини, на повозрасните да им вратиме убави спомени, а помладите да ги заинтригираме дека во денешно време може да постојат песни кои имаат стихови и мелодии, носат емоција, заговараат некои работи кои не се кажуваат во денешните песни.

Се местат коцкичките од мозаикот и ништо не е случајно. Имаме две одлични песни за престојните фестивали, имаме други во подготовка, снимаме спотови, правиме свирки. Ја возвраќаме вибрацијата од луѓето што ја добиваме, давајќи им да слушнат нешто попрефинето, да прочитаат нешто подлабоко.

Не сме тука за да правиме кариера, кариери веќе имаме. Тука сме да им ги стоплиме срцата на луѓето“, изјавија во 7 дена Александар Митевски- Дац кои се доста популарно дуо во денешно време.

Митевски својата приватност не ја истакнува многу во јавност, а познато е дека е семеен човек со две големи ќерки кои се викаат Ања и Мања. Неговата сопруга е инаку многу убава жена што се гледа на последната слика која Митевски ја има објавено на Фејсбук.

Previous articleВМРО-ДПМНЕ од денес, комплетно се оградува од Данела Арсовска – објаснија и зошто
Next articleПријовиќ чесно си ги отплаќа грешките: Ме запре полиција додека возев, сама им реков да ми пишат казна