Home Live Сите детали за животот на Цеца на едно место, фолк ѕвездата јавно...

Сите детали за животот на Цеца на едно место, фолк ѕвездата јавно ќе ги открие сите тајни, камерите ќе ја следат секаде низ дома

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ на снимањето на „Ѕвезда Гранда“ проговори на повеќе теми кои ја интригираат јавноста: нејзиниот внук, новите песни, но и за парите и за тао како ги троши.

– Јас сум врзана за мојот внук, тој расте, момче! Тој е круната на мојот живот. Сака музика, сака детски песни, модерни… Деновиве вежбаме постојано да ја слушаме онаа заедно: „А ти танцувај, танцувај, танцувај…“ (се смее) – рече Цеца.

Иако Цеца се обидува да го скрие својот приватен живот од очите на јавноста, медиумите ѝ го следат секој чекор.

Неодамна, се појави фотографија од нејзината младост на Инстаграм, каде позира со нејзината мајка Мира.

На сликата и двете се облечени во црно и имаат кратка коса, па многу обожаватели на фолк дивата коментираат дека Цеца многу личи на нејзината мајка. „Иста мама“, „убави жени“, „убава мајка, и ти исто“, се само дел од коментарите на споменатата фотографија.

Она што, исто така, никој не можеше да го пропушти е големата насмевка на лицето на пејачката, по која и денес е препознатлива. Цеца во една прилика откри дека оваа слика е наpравена во едне посебен момент, кога таа од мајка си го добила највредниот животен совет, а советот се однесувал на љубовта.

По 35-годишна кариера, фолк ѕвездата Цеца Ражњатовиќ за првпат ќе ги отвори вратите на прекрасна вила на улица Љутице Богдана 3 во Белград.

Почнувајќи од оваа есен, балканската дива ќе имате можност да ја видите како никогаш досега во драмски документарен серијал во кој ќе го претстави својот живот, но и ќе открие бројни детали од него кои јавноста никогаш не ги дозна“, пишува Блиц.

Во емисија за која Србија можеби само сонувала, музичката ѕвезда на јавноста ќе и ги претстави најинтересните моменти, а со сето тоа ќе не запознае со сите членови на нејзиното семејство.

Важно е да се знае дека оваа документарна програма е базирана на вистински приказни од животот на семејството Ражнатовиќ и тоа ќе биде моментот кога за првпат ќе бидат откриени непознати детали за кои јавноста никогаш не слушнала.

Долгометражниот документарен серијал наречен „Цеца шоу“ ќе го заокружи забавниот дел од програмата на ТВ Блиц, а гледачите ќе имаат ексклузивна можност да видат како изгледа еден ден од животот на најпознатото семејство на Балканот.

Во текот на 40-те епизоди од првата сезона на „Цеца шоу“, камерите ќе снимаат бројни моменти од работата на новиот албум, подготовките за концертот, семејните разговори меѓу Цеца и Лидија, одењето во семејната куќа на Кипар, моментите поминати со внук Жељко.

Потоа, бројни ситуации во кои ќе се сретнат Анастасија и Вељко, а тоа е само дел од првите епизоди кои гледачите ќе имаат можност да ги погледнат.

Овој високобуџетен проект започна пред неколку месеци, а се снимаше во неколку европски земји. Гледачите ќе имаат можност да ја погледнат првата епизода во октомври, а за неколку дена јавноста ќе има можност да го види и првиот тизер за ова шоу.

Долгометражниот документарен серијал „Цеца шоу“ може да се гледа на ТВ Блиц, односно на МТС каналот 115 во Србија.

Со лансирањето на ТВ Блиц започнува нова ера за познатиот медиумски бренд кој е присутен на пазарот повеќе од две и пол децении.

Вистински, точни, навремени и проверени информации, како и ексклузивна забавна содржина, од оваа есен ќе бидат присутни во домовите низ Србија, Република Српска и Црна Гора преку малите екрани, стои во текстот на Блиц.

Previous articleЕм водителка, ем манекенка, еве зошто македонското девојче Ева ги полуде либанците (ФОТО)
Next articleМиа Костова „падна“ во добри раце: Му верувам на Мирко (ФОТО)