Home Live Вера Мештеровиќ никогаш не била погламурозна, ова кратко фустанче кажа многу за...

Вера Мештеровиќ никогаш не била погламурозна, ова кратко фустанче кажа многу за водителката (ФОТО)

– На секоја жена ѝ годи кога добива комплименти, не сум ни јас исклучок.

Чест и задоволство е, но и голема одговорност, многу погледи вперени, очекувања, многу девојки, жени кои гледаат пример во мене, а и како мајка и децата исто така гледаат, не е воопшто лесно, но е животен предизвик.

Па, се трудам да бидам добар пример, подобра верзија од себеси преку моите јавни ангажмани, настани, настапи освен на убавината да ставам акцент и на интелектот во смисол да не се запоставува тој дел.

Потребно е постојано да се доизградуваме, со хуманост, со разни активности за да бидеме комплетни како личности и однадвор и одвнатре“, рече Вера во една прилика за Женски магазин.

Таа во еден свој статус на Инстраграм се пофали со нов ангажман. Имено, Вера стана водителка на Утринската програма на Канал 5. Таа во статусот што го напиша им се заблагодари на поддршката на своите нови колешки.

„Здраво Македонијо“, утринска програма на Канал 5 телевизија од денеска на мое големо задоволство се дружам со Вас драги гледачи покрај малите екрани заедно со моите колешки: Јелена Спенџарска и Бубе Јаневска на кои им благодарам за топлото добредојде и на целиот колектив позади камерите.

Ве поканувам на заедничко утринско дружење каде ќе споделуваме многу корисни совети,рецепти,информации и секако актуелни теми за кој ќе можете да се јавувате во живо и да го кажете Вашето мислење.

Ви посакувам убав ден,секое добро, се гледаме на Канал 5 ТВ во 6:50часот“, напиша Метштеровиќ минатата година.

Мештеровиќ е од пред неколку месеци водителка на Утринската програма на Канал 5 и често објавува слики од своето работно место. Во интервју за Женски магазин таа ја искоментира својата младоликост и убав изглед:

– Мислам дека се должи и на двете работи, на генетиката во моето семејство и од двете страни се младолики, а и се негувам.

Но особено влијае мислам тој мој палав детски дух, во тело на жена, мајка, кој ми ја дава таа енергија, шарм, впечатливост и харизма. Моите ритуали за нега се речиси како кај секоја жена.

Имам козметика која ја употребувам, чистење на лицето, разни маски, разни третмани за лице.“

Во едно интервју за Фешнел.мк Вера Мештеровиќ која е поранешна Мис на Македонија зборуваше за тоа како започнала нејзината кариера, но и кои совети ги памети како за животна школа.

– Секогаш да бидам природна и да бидам она што сум. Употребувањето на многу шминка не ми го препорачуваа ниту во Македонија, ниту во странство, посочувајќи ми дека ништо повеќе не треба да се разубавува од она постоечкото.

Мислам дека и денес важат истите правила… Моделот секогаш да е среден, негуван, точен и професионален во однос на ангажманот и обврските.

Најубавите сеќавања поврзани со тоа време во врска со манекенството, е тоа што сите имавме третман како супер модели, гледаа на нас со почит, а токму тогаш беше и златното време на светските супер модели… Денес, некако немам чувство дека на манекенките им се возвраќа со таков однос“, рече таа.

Вера е мајка на Јована и на Андреј. Според фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, таа изгледа подобро од било кога. Мештеровиќ му беше споруга на познатиот фудбалер Игор Кралевски, со кој се раздели пред неколку години.

„Огромна позитивна, движечка сила, единствената безусловна љубов, мојот мир, мојата сила, мојата гордост, мојот успех, мојата најубава искрена насмевка, мојот елан ми се моите децата.

Невозможно е да не ја споменам мајчинската мотивација која е нераскинлив дел од мојата личност, опис на моето реално секојдневие“, рече Мeштеровиќ за Женски магазин.

„На темата развод немав коментар ниту за време на процесот, а дури сега ретроспективно уште помалку немам коментар. Обично се пишувале невистини поврзани за мојот приватен живот каде што информациите биле вадени од контекст, но и тоа е дел од јавниот живот.

Луѓето кои се до мене знаат што е вистина и тоа е најважно, немам никому за зошто да се правдам, објаснувам ниту да се докажувам“, објасни Мештеровиќ. Многумина би ѝ позавиделе на Вера на среќата и на позитивниот став.

Вера неодамна учествуваше на два свечени настани, а за нејзиниот изглед беше облечена во креација на модниот бренд Елена Лука и тоа во два наврати.

Во првата модна креација Вера носеше краток тиркизен фустан со кремасти ракави кој беше исполнет со циркони.

Втората креација беше нешто слична, но во црвена верзија, со што Вера покажа дека е многу женствена, но сепак ја задржува елегантноста и се оддава на различноста која ја нудат некои невообичаени модни парчиња.

Previous articleОља била измамена при купување на дрва: Ми донесоа 4 метри, а имав платено за 5,5
Next articleЕм водителка, ем манекенка, еве зошто македонското девојче Ева ги полуде либанците (ФОТО)