Home News ВМРО-ДПМНЕ од денес, комплетно се оградува од Данела Арсовска – објаснија и...

ВМРО-ДПМНЕ од денес, комплетно се оградува од Данела Арсовска – објаснија и зошто

По јавната кавга на скопската градоначалничка Данела Арсовска и партијата ВМРО-ДПМНЕ, во советот на град Скопје минатата недела, а на која беше сведок јавноста, градоначалничката продолжи со своите редовни активности.

-Денес извршивме увид во градежните работи во Мега Паркот, Даме Груев во општина Ѓорче Петров.

ЈП „Улици и патишта“ на терен веќе работи на инфраструктурното уредување на паркот кое се одвива со одлична динамика, додека Јавнoто претпријатије „Паркови и зеленило“ ја изведуваат првата фаза од овој нов мега парк, односно се изведува подготвително рамнење на површината, прекопување и целосно обележување согласно со проектот за парковската површина.

Во оваа фаза се врши трасирање на пешачките и велосипедските патеки и просторот за останатите содржини, а се поставуваат и потребните подземни инсталации. Изведбата на градежните активности се одвива соогласно однапред определените временски рокови.

Соогласно проектот работните активности и хортикултурното уредување на мега паркот предвидува четири фази на изведба.

Паркот е предвидено да биде составен од три дела со вкупна површина од над 30.000 квадратни метри. Во паркот е предвидено да бидат засадени над 2.200 дрвја. Паркот се гради на локација на која беше исчистена огромна дива депонија од над 50.000 квадратни метри.

Oва е првиот од петте мега паркови кои ќе се градат на територија на Град Скопје, а се дел од програмата „За модерно Скопје“, напиша вчера Арсовска на својата официјална страна.

-Денес извршивме увид на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Перо Наков во општината Гази Баба.

По неколку децении негрижа, денес започнуваме со реконструкција на улицата Перо Наков, тука во општина Гази Баба.

Рокот за изведба на овој проект е четири месеци, а градот Скопје е целосен инвестор со 47 милиони денари.

Барањето за реконструкција на оваа улица, како децениски проблем беше истакнат од граѓаните на Скопје кои живеат во овој дел на градот. Со овој проект се решаваат секојденвите потешкотии во сообраќајот на преку 10.000 граѓани од месните заедници во Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1.

Освен промена на асфалтот, се реконструираат и рабниците, ќе се постави ново зеленило, а ќе бидат реновирани и автобуските постојки, напиша денес Арсовска.

Токму денешните нејзини активности, беа причина партијата ВМРО-ДПМНЕ комплетно да се огради од неа, а пшреку соопштение објаснија зошто.

-Градоначалничката Арсовска денес промовираше проект во општината Гази Баба кој беше поддржан од мнозинството на советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, а на кој од неразбирливи причини не беше поканет градоначалникот, Боби Стефковски со чија соработка се работи на проектот.

Поради немањето на соодветна и нормална комуникација што треба еден градоначалник на Град Скопје да ја има за добробит на градот, како и поради неисполнувањето на обврските од ветеното од програмата „За модерно Скопје, поради кој и беше дадена довербата на градоначалничката Арсовска, но и нејзината силна инволвораност во сомнителни и криминогени зделки ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од однесувањето на Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на ниту еден настан на градоначалничката Арсовска.

Нека и е честито новата коалиција на уценетата Арсовска и дезертерот Ковацевски, напишаа во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Previous articleОва е семејниот бизнис на Богдана Ражнатовиќ од нејзина страна, а сестра си која се омажи постигнува успеси на 3 полиња, еве што работи
Next articleПогледнете каква убавица е сопругата на Александар Митевски, ќерките ептен личат на неа (ФОТО)