Home News Даме Чкатроски: Oд Грујо до Заев, една иста боранија – НУЛА. Лутете...

Даме Чкатроски: Oд Грујо до Заев, една иста боранија – НУЛА. Лутете се, баш ми е гаље

Статус на Даме Чкатроски: „Денес е 20.09.2022 година или ЗОШТО НЕМАМЕ СТРУЈА

Секогаш овој чин,зошто не инвестираме во енергија и немаме струја го сметам по патриотски од сите борании што сум ги слушнал за патриотизам од сите владеачки струкутри во овие 31 година.

Тоа другото ,знамето,името, јазикот ,го сметам за тотално партиско-сељачко греење на ниски емоции на неписмениот народ.

НИЕ НЕМАМЕ СТРУЈА! и сме македонци со јазик и идентитет. Удирајте се тука по гради дури не ве заболат. Факт е што НИЕ НЕМАМЕ СТРУЈА

Струја немаме заради што ниту една стратегија да измислиме не се поклопува со 4 годишен мандат да изградиме капацитети ,а со тоа НЕМАМЕ ГЛАСОВИ.

Ја помочавме Македонија со лидерите и партиите… Па од Грујо до Заев една иста боранија. НУЛА. Се ,лутите?Баш ми е гаље.

Во Македонија во онаа Пред-Барокна Влада имаше 2 предлози како да ја решиме нашата енергетска зависност на подолг рок.

1.Едниот предлог дојде од еден ескперт дека треба да инвестираме во јагленот и Косовските Централи.

2.Другиот предлог беше мој и тој се однесуваше на тоа да – Македонија инвестира 30% во Нуклеарната Централа Белене.
На врат на нос се свестија и го поддржаја мојот предлог.

Но Бугарија е таа што е.Одма изиграја да РУСАТОМ ја гради таа нуклеарка ,а ние заминавме во избори и на никого не му беше гаље.

Тогаш Бугарската страна беше далеку од ширење на оваа сегашна политика обременета и со троа балканско-простачки Хегемонизам.

Ние седнавме ,а тие ни рекоја- Ок влезете во Белене ,кредитната линија е обезбедена.

Хахаха хихихи дури и предложија да имаме заедничка ескпедиција на Северен Пол. И тоа го прифативме.

Пошто имавме друга влада ,една ,тие мислеа како да прават профити како и денес па се заборавија од профити и интерес дека ете –Долгорочната Стратегија не носи гласови ,а вака со РЕК се прават пари.И правеа пари и прават пари и НИШТО.

Место во Софија да земиме позиција да олучиме кој тоа ќе гради и да бидеме прелиминарен надозор ..Бугарите си се лоши во се па и во тоа.И така ние ги оставивме и сега е тоа.

Инаку како се решава енергијата во Македонија е просто- Мораме централите ТЕЦ Неготино и РЕК да ги направиме да конвертираат ,де во гас де на јаглен.

Но двете фирми кои можат тоа да го направат се Сименс и Бабкук.

Неможеме ни тендер да помислиме да отвориме заради што со едната сме во Париз на арбитражен суд.Или сме или не сме се води како државна тајна.

Ако ве интересира,инаетите на Бугарија се поврзани со тоа што не дадовме поддршка за Белене да го гради Русија но и се поврзани со уште 2-3 работи.

Тоа што ги греат таму нивните националисти е исто и како кај нас-Секогаш е поврзано крупни пари и греење на простачки национализам.

Малку да бевме паметни до сега ќе имавме и струја и Бугарија немаше да е сардисана од Русите онака како што е сега – САРДИСАНА.

Другото се ви е аматеризам и непознавање на обична политика и ангажман на низа мрсулковци од двете страни.
Никои не можат да се сетат кога сме имале полоша администрација и екипираност во овие 31 година.

Проблемот е толку крупен да нема никој ни да им се согласи да учествува советодавно.Работата е замината скорс на скрос.

А,тоа Вмро-Дпмне пак нека си се радуваат.Еден голем лом ќе ја разоткрие причината за арбитражата во Париз.

Работава ни е совршено лоша.Ова е совршена криза.Совршен политички ЛОМ.

Децата си играја (добро и малку крадеја) ,а како ќе се спасуваме.Никој не знае. ЗИМАТА ДОАЃА!“

Previous articleУште еден директор и откажа соработка на Данела – Ангеле објасни зошто ја напушта функцијата во Паркови и зеленило
Next articleИгор Џамбазов со радосни вести: Денес ја омажив внучката – Илина ни фалеше многу