Home Live Игор Џамбазов со радосни вести: Денес ја омажив внучката – Илина ни...

Игор Џамбазов со радосни вести: Денес ја омажив внучката – Илина ни фалеше многу

Игор Џамбазов во последно време, постојано споделува статуси и текстови од својата внука, Марија Пличкова.

Марија Прличкова – Маци е правнука на познатиот и истакнат македонски актер, Петре Прличко, кој бил прв братучед на нејзиниот прадедо. На интимна церемонија, Марија и нејзиниот избраник Емил Нешовски ја озаконија седумгодишната љубовна врска.

Младенците и нивните семејства организираа мала веселба во еден познат скопски ресторан.

„По 7 години кажавме ДА“ – напиша Марија во описот на фотографиите од свадбената веселба.

Марија и Емил се погрижиле за сите детали околу прославата за нивните семејства и гости да уживаат максимално на нивниот најсреќен ден. Невестата заблеска во елегантен фустан во бежова нијанса кој ја следеше нејзината силуета, а изгледот го надополни со бисерно венче и елегантни потпетици.

Марија е истакната млада писателка, автор на романот „Марла“, а особено е активна на социјалните мрежи, каде отворено говори за бројни теми од секојдневниот живот кои ги засегаат младите.

Меѓу гостите секако беше и Игор Џамбазов, кој притоа им беше кум на младите. Актерот иако не беше придружуван од неговата партнерка Илина на Марија и Емил тој им подари уметничка слика, дело на Арсова.

Илина не беше во можност да присуствува на свадбената прослава, па затоа младите, Игор и старосватицата Искра се фотографиираа со нејзиното дело.

„Денес ја омажив внучката… Најдесно е зетчето Emil Nesovski , до него невевчето, Марија Прличкова-Маци. Плус Iskra Spark и јас, двете старосватици…

Деца, да сте среќни, вљубени, здрави и бериќетни!! Подарокот е од Ilina Arsova , и ни фалеше многу…, “

Previous articleДаме Чкатроски: Oд Грујо до Заев, една иста боранија – НУЛА. Лутете се, баш ми е гаље
Next articleКо ќе кивнам, нема кој „на здравје“ да ми каже, па сега видете вие како ми е во туѓина