Home Live Калиопи каква што не ја знаеме- во тренерки, трча и спортува низ...

Калиопи каква што не ја знаеме- во тренерки, трча и спортува низ улиците на Скопје (ФОТО)

Калиопи Букле е македонска поп дива која долго време ужива голема популарност меѓу публиката во Босна и Херцеговина,објави во една прилика express.ba, портал кој направи интервју со нашата пејачка.

Толку искреност, позитивна енергија, сила и јачина во гласот ретко се гледа и слуша на ex yu места кога станува збор за вокали од ваков тип.

војата кариера Калиопи почна да ја гради како осумгодишно девојче, кога го зазеде првото место на најпознатиот детски музички фестивал во Македонија, а во Босна и Херцеговина на многумина им се допаѓаат нејзините композиции од подоцнежниот период, меѓу кои и „Роѓени“ (Бато ), „Обои ме““, „Кофер љубави“ и други.

Со Калиопи разговаравме за музиката, енергијата што ја поседува, нејзиниот талент, публиката во Босна и Херцеговина која исклучително ја препознава нејзината искреност, упокоениот Тоше Проески со кој имаше посебен однос за време на неговиот живот, но и музичките натпревари и Евросног- се вели во тектот.

– Она што најмногу ме радува е тоа што кога ја гледам мојата публика, гледам повеќе генерации. Ја гледам публиката, од најмладата до средната генерација и потоа постарите.

Едноставно сите ги гледам како едно и ми даваат некоја чудна енергија која цело време ме крева и ми дава чувство дека ќе останам засекогаш млада, но тоа е невозможно.

И јас ќе остарам, но ми се остварува приказната која Тина Тарнер ја остави зад себе, дека некој може засекогаш да остане млад и енергичен и да дава се од себе до моментот кога ќе почувствува дека може. Се надевам дека мојата енергија и сила на сцената ќе траат уште неколку години.

Ромео Грил, мојот поранешен сопруг, остави трага во мојот приватен живот, но и во мојата музичка кариера. Направи безброј хитови, композиции и некако тој клик се случи во 2012 година кога Македонската телевизија реши по втор пат да ме испрати како свој претставник на Евровизија.

Знаев дека ми треба добра песна, всушност не добра, но дека ми треба повеќе од добра песна.

Потоа го зедов телефонот и му се јавив на бившиот маж и му кажав дека се што се случува во нашиот приватен живот едноставно не е важно, туку дека е грев да не правиме музика заедно, бидејќи дефинитивно сме единствени на тоа поле.

Така настана песната „Црно и бело“, која е само една во серијата. Мислам дека песните што ги правиме заедно се нешто посебно, нешто што зрачи со енергија и хармонија. Грев е да се игнорира тоа.

Многу е важно да ги имате вистинските луѓе околу вас и да се грижите за секоја ситница и детал. Важни се и песните кои ќе ме допрат и мене и публиката.

Тим од луѓе кои публиката не ги гледа, од менаџмент, продуценти, ПР, сето тоа е многу важно, а кога сето тоа е средено, успехот е неизбежен.

Сите дишеме заедно, но не е секогаш лесно. Понекогаш луѓето посегнуваат по нешто за да ги постигнат своите лични цели, но јас сакам да постигнам цели, каде што сите ќе бидеме среќни.

Мило ми е кога талентот што ми го дал Бог и трудот на мојот тим ќе допре до публиката и што публиката го чувствува тоа, што ја гледам среќна, но и како плаче. Тоа е знак дека успеав.

Никогаш не размислував што ќе заработам, колку пари ќе има, можеби повеќе вложив во се што правам, но тука се препознаваат хероите, оние кои живеат за ова, а од друга страна, оние што живеат од ова.

Новинарите се многу важен дел од целата моја приказна и бескрајно сакам да соработувам со вас, особено со новинари кои ги познавам многу долго време. Нека ми прости ми на тој новинар што ќе го спомнам сега.

Тогаш живеевме во мало гратче во Македонија и настапував на еден од најпопуларните фестивали за деца. Тогаш победив и станав мега популарна преку ноќ. Новинари од други градови дојдоа кај нас да направат интервју со мене, а во една прилика имаше една интересна ситуација.

Тоа беше моето прво интервју. Имено, кога дојде тим кај нас да ме интервјуира, бев многу гладна и сакав да јадам, па потоа да разговарам, а се сеќавам дека и реков на новинарката: Чекај, те молам, прво да го изедам бурекот.

Откако ќе јадам бурек, тогаш можам да разговарам. Сите се смееја на тоа и се смеат и денес. И тогаш новинарите ме прифатија таков каква што сум. Јас сум малку откачена (се смее). Без сите тие лудости, можеби нема да бидам тоа што сум денес“, рекла Калиопи во ова интервју.

Калиопи на Инста објави снимка од неа, како трча и спортува низ улиците на Скопје. Пејачката во неколку наврати има кажано дека сериозно се грижи за својата форма која ја одржува со спортот.

Калиопи облече тренерки и на видеото покажа како трча и скока низ улиите на Скопје, и баш е симпатична во ова нејзино несекојдневно издание, во какво што не сме навикнале да ја гледаме.

Previous articleКаролина објави несекојдневна слика од сопругот, пејачката на четврт одмор годинава- со Михаил како на приватна плажа (ФОТО)
Next articleТој беше македонска актерска легенда, релативно млад го напушти овој свет, а денес неговата ќерка потсети на него (ФОТО)