Home Live Каролина објави несекојдневна слика од сопругот, пејачката на четврт одмор годинава- со...

Каролина објави несекојдневна слика од сопругот, пејачката на четврт одмор годинава- со Михаил како на приватна плажа (ФОТО)

Една од најубавите битолчанки, нашата музилка ѕевзда Каролина Гочева е среќно мажена за уметникот Михаил Корубин, а на 23 септември, тие ќе прослават 5 години брак. Во едно интервју за Фешнел, Каролина зборуваше за свокјот моден стил.

– Можеби вие подобро би знаеле да издвоите што ми е заштитен знак, бидејќи јас мислам дека не сум се врзала за ниедно парче гардероба или аксесоар.

Ок, во последно време сакам да носам шешири, па изминативе пар месеци купив осум различни бои и модели.

Експеримент само за да се биде интересен може да биде неуспешен експеримент. Сите промени треба да се во скад со карактерот, без разлика дали се работи за јавна личност или не.

Ние правиме минимални промени, кои нема да ми пречат да функционирам нормално, а кога на пример би се потстрижала кратко и би ја обоила косата во друга боја, тоа би била промена, но во мојот случај сигурно неуспешна, затоа што тоа не сум јас.

Ја следам модата колку што имам време, јас навистина не сум моден зависник. Секако, поради природата на мојата професија поседувам и дизајнерски парчиња, особено чевли.

Но, иако приватно не ги носам често, туку главно на сцена и за разни фотосесии, ми претставува задоволство да знам дека си ги имам по дома, а знаеме дека секое задоволство чини доста“.

– Имам и најдраги песни,и најдраги концерти, настапи, патувања… навистина имало милион случки низ годиниве…сум пеела и среќна, и тажна и болна и вознемирена…

Вака на прва, најдраги ми се можеби првите концерти во МОБ, 2014та со „Македонско девојче 2“, имаше некоја посебна магија од првиот до последниот, исто, анплагдот во 2012 во Универзална, летните амфитеатри имаат исто посебна магија, пеев повторно во Хераклеја после 4 години…

Патувањата… за песните пак, се случувало некоја да ми се допаѓа премногу додека ја снимам, па после да не ми е повеќе толку драга, а исто и некоја отпосле да ми прирасне за срце… но без сомнеж, од оние кои најмногу ме погодуваат кога и да ги пеам ми се „Капка под небото“ и „Кој да ми запее“.

Првиот настап ми беше на новогодишна приредба организирана од пионерски дом од Битола, ја пеев „Like a prayer од Мадона и уште од тогаш бев непоправлив тремаџија, хахаха.

Истава песна ја пеев неколку месеци пред тоа на „Шарам Барам“, тоа пак ми беше прво ТВ појавување.

Имав 9 години и цел ден ги малтретирав моите по дома со моите „вокални егзибиции“ и со часови ги чекав на радио песните што ми се допаѓаа за да ги снимам на касета“, релче Каролина во Женски магазин.

Каролина е на својот четврт годишен одмор за оваа година. Досега имаше објавено слики од двата одмора со сестра си, мајка ѝ и девете внуки од Хрватска, а во јули таа со сопругот била во Италија.

-Задничките одмори ми се една од најомилените наши традиции. Секоја година одиме некаде заедно ние 5. Со сестра ми сме доста различни во повеќето работи, освен што со текот на годините се повеќе физички наликуваме.

Како деца нормално многу се каравме и тоа главно за секојдневни глупости, најмногу за телефонот (во тоа време беше еден домашен) и цел ден беше кај сестра ми, хахаха, за облеки, кој филм да се гледа и сл.

И сега не се согласуваме околу еден куп работи и често знаеме да се скараме, ама па и многу сме блиски и многу се сакаме, особено јас нејзе. (се смее). Кога сме кај сегашните кавги, јас најчесто ѝ се лутам кога со часови не можам да ја добијам на телефон, особено ако е на пат“, додаде таа во истото интервју.

Палавштините беа резервирани за сестра ми, секогаш беше похрабра, а и повеќе ѝ се прегледуваше низ прсти, второ дете.

Јас бев многу мирна и тивка додека растев, од оние деца што ќе влезат во просторија и ќе си седнат во ќош за никој да не ги види, а искрено, ни сега не сум баш некој пример за екстровертна личност но сепак, сум до некаде, променета, би рекла на подобро“, рече Каролина за сестра ѝ.

Каролина сега е пак на одмор, а според коментарите, тоа е на грчкиот остров Тасос. „Последни денови од лето“, напишала таа на Инста профилот, и објавила слики од плажа, од сопругот, уметникот Михаил Корубин.

Тој ужива како на приватна плажа, со преубав поглед на море, а сликан од зад грб и му се гледа тетоважата на грбот.

Каролина пак објавила своја слики во бикини како се сонча едно убаво видео со поглед на морето.

Previous articleОткако Мартин од „Некст тајм“ ја побара девојка му за жена, ова му го порача неговиот брат, Стефан
Next articleКалиопи каква што не ја знаеме- во тренерки, трча и спортува низ улиците на Скопје (ФОТО)