Home Live Нашата најпозната манекенка, во Монте Карло се сликаше со Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

Нашата најпозната манекенка, во Монте Карло се сликаше со Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година, од родителите Срѓан и Дијана Ѓоковиќ.

Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, исто така, се тенисери со професионални аспирации. Новак е оженет со Јелена Ристиќ.

Тој започнал да игра тенис на четиригодишна ворзаст, а на осумгодишна возраст бил забележан од југословенската тениска легенда Јелена Генчиќ, која за него изјавила: „Ова е најголемиот талент кој сум го видела од Моника Селеш“.

На возраст од 12 години, Новак поминал три месеци во тениската академија на Никола Пилиќ во Минхен, Германија, а на возраст од 14 години, започнала неговата меѓународна тениска кариера, победувајќи на европскиот шампионат во поединечна, дубл и тимска конкуренција. Тој живее во Монте Карло, Монако.

Ѓоковиќ е, исто така, познат по неговите хумористични имитации на неговите пријатели помеѓу играчите надвор од теренот. Така, по неговата победа во 2007 година на УС Оупен во четвртфиналето над Карлос Моја, тој ја забавувал публиката, имитирајќи ги Рафаел Надал и Марија Шарапова.

Подоцна, тој направил и имитација на тенискиот великан Џон Мекинро, на УС Опен во 2009 година, кога одиграл краток натпревар со Мекинро, на големо задоволството на публиката.

Поради неговиот добродушен карактер, тој го заработил прекарот „Џокер“, врз основа на неговото презиме и зборот „шегаџија“ (Joker).

Во едно интервју кое се емитуваше во емисијата Еден на еден со Новак, тој порача дека многу би сакал да ја посети Македонија. Би сакал наскоро да дојдам во Македонија. Многу слушав за Скопје и за Охрид од моите родители“, порача тенискиот Ас.

Ноле зборувал за подготовката за Олимпијадата во Токио, за делот кога ќе го понесат емоциите и лутината и му се случува да скрши рекет и да опцуе, и на други интересни теми.

Инаку, во јануари во 2020 година, светот беше потресен од заминувањето на легендарниот кошаркар, Коби Брајант. Поранешната НБА ѕвезда заг ина на 41- годишна возраст во хеликоптерска несреќа.

Брајант и уште осум лица, меѓу кои и неговата ќерка заг инаа по пад на хеликоптерот во околината на Лос Анџелес.

Помеѓу спортистите кои се простија од Коби беше и Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ откри нешто што до сега јавностан е го знаеше. Коби бил еден вид ментор во најтешките моменти од неговата кариера, пред неколку години.

„Коби беше еден од луѓето кои беа мои ментори. Секогаш беше покрај мене кога минував низ најтешките периоди во мојот живот, ми даваше совети со кои ме охрабруваше да не се предавам и да продолжам да се борам. Вечно ќе му бидам благодарен“, порача Ѓоковиќ.

На Инстаграм профилот на Иво Јанкоски, кој е инаку наш многу познат менаџер и има работено со доста познати наши музички имиња и уметници и организирано доста забавни и културни настани, се појави интересна слика.

Имено, на сликата тој е со својата сопруга Надица Георгиевска за која се вели дека сметаат дека е една од најубавите жени во Македонија. Таа е денес посветена сопруга и мајка, а има успешна кариера зад себе како модел и манекенка.

Со Надица и со Јанкоски е Новак Ѓоковиќ, а сликани се во Монте Карло. „Драго ни е што го запознавме Новак Ѓоковиќ, најдобрио тенисер на планетава“, стои во описот на оваа фотографија.

На неа, коментирала примабалерината Сандра Мијалкова, со емотикони, на кои и возвратила Надица Георгиева.

Previous articleНора Шаќири откако не е веќе директорка на Театар комедија, најде нова работа: Првпат во своите 40 години излегов од својата рамка и УСПЕАВ
Next articleДесет години си имал друга, која му родила и вонбарчно дете- бурниот љубовен живот на познатиот Ју пејач