Home Live Откако Мартин од „Некст тајм“ ја побара девојка му за жена, ова...

Откако Мартин од „Некст тајм“ ја побара девојка му за жена, ова му го порача неговиот брат, Стефан

Познато е дека Мартин и Стефан од дуото Некстј тајм се близнаци, и имаат уште еден брат, Филиш. Свокјата мајка Сузана тие ја споменуваат како нивен најголем херој, а и го посветија албумот „Мајка“.

Секогаш насмеани, со позитивна енергија, со некој посебен шарм, Мартин и Стефан од Next Time, заедно со мама Сузе ни зборуваат за нивниот успеси и за значењето на семејството во секој период на животот, објави Рингерака во една прилика.

-За нас семејството и родителите се најсветото и најдрагоценото нешто што го имаме.

Тоа е нешто што премногу ни значи, затоа што е најискреното што го добиваме и даваме. Нивното мислење отсекогаш било и ќе биде од големо значење“, изјавија тие за овој портал.

Како близнаци нормално е дека поминуваме подолго време заедно. Нашето детство се одвиваше така што растевме заедно, игравме заедно, секаде бевме заедно, игравме фудбал.

Се случуваше едниот ако не оди на тренинг и другиот да не отиде, па тука можеби настануваа мали конфликти затоа што многу работи се случуваа инертно и автоматски, можеби сето тоа произлегува од нашата поврзаност и неадаптираност на самостојно делување.

Бевме многу поврзани. Секогаш едниот знаеше да ја украде мислата на другиот што во истиот момент сакал да ја каже.

Додека бевме помали потешко функциониравме еден без друг, но сега е малку поинаку, сепак годините, зрелоста и карактерите си го прават своето, иако мораме да признаеме дека не се разликуваме многу.

Како деца кои имаа 4 години омилена песна ни беше “Ника, Ника, убава Марика” дури и на свадба (се сеќаваме) ја пеевме во една прилика.

Како растевме ни се допаѓаа повеќе песни, а посебно можеме да ја издвоиме од Селин Дион “My heart will go on”. Меѓутоа сега, веќе го свириме она што го сакаме…

Ни недостига времето кое го поминувавме со нашите другари, кога излегувавме надвор уште во 9 часот наутро да играме фудбал, или пак да се шетаме низ маало, да копаме дупки за џамлии.

Многу цртавме и на обични маици броеви, правејќи дресови.

И со еден збор навистина ни недостига тој период. Тоа е како некој убав филм кој веќе еднаш сте го гледале, па посакувате и имате голема желба да го ѕирнете барем уште еднаш, па макар и на кратко.

Постои голема поврзаност меѓу нас, но не во стилот Стефан го боли рака, па и Мартин ја чувствува болката. Нашата поврзаност е најчесто во смисла на нашите размислувања“ рекоа Стефан и Мартин.

-И ден денес неможам да се начудам како тоа тие двајца се разбираат и се надополнуваат, а во ниеден момент не изразуваат исти желби и потреби.

Во еден момент едниот сака работи што пред некое време ги сакал другиот и слично“, додаде нивната мајка Сузана.

За Стефан се знае дека неговото срце еосвоено од презгодна бринета, белграѓанката Тинеа, која живе во Виена и е блогерка, а тој често оди кај неа на гости. Мартин пак е во љубов со ракометарката Андреа.

Мартин вчера, на својот роденден, ја побара за жена својата девојка, ракометарката Андреа Белеска. Многу сториња шерна тој на својот Инста профил по овој повод, а и многу пријатели му честитаа.

Андреа со радост ја прифатила неговата понуда за брак. Меѓу оние кои го спомнаа Мартин на стори е и неговиот брат Мартин Филиповски , кој му упати братска порака: Фала богу ти текна. Живи здрави“, напиша Стефан.

Previous articleДесет години си имал друга, која му родила и вонбарчно дете- бурниот љубовен живот на познатиот Ју пејач
Next articleКаролина објави несекојдневна слика од сопругот, пејачката на четврт одмор годинава- со Михаил како на приватна плажа (ФОТО)