Home Live Тијана „Жена од Султана“ синоќа проговори и му одговори на Адам Лабунски

Тијана „Жена од Султана“ синоќа проговори и му одговори на Адам Лабунски

Македонскиот учесник во овогодинешното издание на „Задруга“, Адам Лабунски, деновиве е особено актуелен во јавноста и медиумите.

Лабунски вчера имаше и непријатност во шоуто, моментот по кој, Адам видно емотивно растроен, побара од продукцијата да го извади надвор од шоуто.

Имено, тој додека беше во дворот со Кристијан Голубовиќ и други задругари беше на паднат од страна на Урош Чертиќ кој го повлекол за косата, при што му скинал цел прамен.

– Недостасува дел од праменот, па ти си правел надоградба – рече Чертиќ и си замина, за набргу да се врати и повторно да налета на пејачот.

– Од кога мажите ставаат надоградба на косата? Се гледаме македонско девојче – повторуваше цело време Урош.

Чертиќ не престана со провокации, поради што обезбедувањето мораше итно да реагира.

Имено, Урош влезе во просторијата каде се наоѓаа Адам, Кристијан Голубович и уште неколку задругари по што Кристијан застана во одбрана на Адам и физички се прес мета со Чертиќ.

Инаку пред неколку дена, Адам Лабунски раскажа како пејачката Тијана Милентијевиќ, позната како „Жена од султана“ наводно му се нафрлувала една вечер на сплав,

– Едвај се спасив од Тијана. Таа ме „муваше“ цела ноќ. Ми зборуваше дека многу ѝ се допаѓам. Неколку пати се обиде да ме бакне, но јас не бев во тој фазон.

Таа е слатка девојка, но јас и реков дека сум зафатен и не сум подготвен за такви авантури.

Не и беше гајле, а подоцна и самата ми кажа дека и таа е зафатена и дека има дечко, но дека не е задоволна со него и дека ќе раскине. Не ѝ дадов причина да мисли нешто, тоа беше само непријатна ситуација.

Бев изненаден што беше толку „нападна“, но други луѓе кои беа со нас ми рекоа дека е таква кога некој и се допаѓа – изјави Лабунски пред една недела.

Да потсетиме, и Тијана и Адам го привлекоа вниманието на јавноста кон себе со учеството во музичката талент шоу програма „Ѕвезде Гранда“, по што Милентијевиќ своето место на естрадата го обезбеди со мега хитот „Жена од султана“.

Тијана синоќа во изјава за белградските медиуми реши да ја каже својата верзија.

–Ми беше смешно кога ја слушнав таа приказна. Бевме на роденден на заеднички пријател, фризер од Македонија. Со нас беа 20-30 луѓе и сите видоа дека ме вознемирува, прво мене, а потоа и другите девојки кои беа присутни, ја започнува својата приказна Тијана за „Блиц“.

– Друго, никогаш не сум му се доближила, ниту допрела некој кој, барем така сум слушнала, е хо мосе кс уалец. Не ме интересира целата таа приказна.

Тој по секоја цена се обидува да дојде до слава и тоа е се што ќе кажам на оваа тема. Кога ќе се случи такво нешто, се лутам и побеснувам затоа што некој ме стави во ситуација да се кажуваат лаги за мене.

Сепак, брзо се смирувам бидејќи важно е да има живи сведоци кои знаат што се случило и тогаш сето тоа ми станува смешно – додаде Милентијевиќ.

Previous articleМи се стемнува ко ќе дојде викенд – а дојде сабота, девер ми и јатрва ми ќе се нацртаат тука
Next articleНора Шаќири откако не е веќе директорка на Театар комедија, најде нова работа: Првпат во своите 40 години излегов од својата рамка и УСПЕАВ