Home Live Тој беше македонска актерска легенда, релативно млад го напушти овој свет, а...

Тој беше македонска актерска легенда, релативно млад го напушти овој свет, а денес неговата ќерка потсети на него (ФОТО)

Легендарниот актер Драги Костовски овој свет го напушти релативно млад, на 50 годишна возраст. Роден е на 22 април 1930 во Битола, а по боледување од кан цер ссе упкоил на 3 декември во 1980 година.

Тој беше акедонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во 1947 година се запишал на Државната театарска школа во Скопје.

Уште од почетокот на својата театарска кариера (1949) играл значајни улоги. Својата надареност ја потврдил и како филмски глумец.

На филм дебитирал со својата улога во Мис Стон (1958), по што следувале низа од филмови во коишто како носител на главни и епизодни улоги ја потврдил својата извонредна способност за преобразувања. Настапувал и на телевизија.

Глумел во филмовите „Под исто небо“, „До победата и по неа“, „Македонска крвава свадба“, „Прозори“, „Републиката во пламен“, „Диво семе“, „Планината на гневот“ и многу други филмот и ТВ серии.

Неговата ќерка, Ана Костовска е исто така актерка, но и пејачка.

„Бастион“, Бушава азбука, Анушка, Коњи брзајте, се најверојатно првата асоцијација на поголемиот дел од домашната публика за Ана Костовска. Но, Ана, дел од себе остави не само во музиката, туку и во театарската уметност, а во последните години и во филмската“, напиша Фешнел за Ана во една прилика.

Животот ја носел на речиси сите страни од светот и честопати се наоѓала рамо до рамо со големи имиња од театарскиот и филмски свет, меѓу кои и Раде Шербеџија, режисерите Љубиша Георгиевски, Љубиша Ристиќ.

-Кога бев девојче, бев излудена за тоа што ќе облечам, како… Постојано гледав модели, витки девојки, а јас секогаш бев буцка- тоа беа тешки маки, во пубертет и после…

Тоа беше секогаш болно за мене – јас сакам нешто-тоа не ми стои или кога ќе го облечам си се гледам кој знае како…Тоа беше трауматичен период, кога јас не можев да го облечам тоа што ми се допаѓаше… А имам мајка која е царица на стилот.

Тоа е една преубава жена која што купува работи на пример од пазар и нема кој не ја праша од каде и е, бидејќи знае да ги искомбинира нештата одлично, да биде вистинска икона на стилот.

-Имав период кога сакав тесни фармерки, па имав и „даркерски“ стил… Сите одеа во шопинг во Трст, Солун, а јас се враќав со стрес, затоа што јас не знам што да одберам. Тоа што ми се допаѓа или го нема во мој број, или не ми прилега..

Обично ги трошев парите на детали, чантички, пенкала, тетратки… Кога почнав да се занимавам со театар и за време на студентските денови, се случи облеката за проба.. Сè што ти е удобно… И јас го открив рајот…(се смее).

Нема поубаво кога после проба си испотен, извалкан, искинат и така се шеташ, а тоа ништо не значи. Најголемите глумци низ екс Југославија шетаат по тренерки… Тоа ништо не значи…

Но, кога почна ова со филмов, сфатив дека не можам да бидам толку лежерна. Всушност, тоа е единствената работа од филмот што не ми се допаѓа – црвениот килим и кога сите извештачено позираат на „црвениот килим“.

Тоа е американски бизнис. Тоа нема врска со нас. Кај нас Лабина го започна тоа, но гледам дека колегите и од Загреб, Белград сите се дизајнирани…

Низ годиниве наназад, знаев да имам екстравагантно парче облека за кое сите ќе ме прашуваат, морав да имам убави чевли.

Но, како минува времето, се повеќе ја сакам удобноста, иако многу добро знам да се снајдам и во другото. Џанфранко Фере го сакам, ја сакам Вивијан Вествуд.

Елена Лука е убаво откритие. Таа има кариера голема, но од она што имав можност да го видам, очигледно е најголем бренд во Македонија, бидејќи јас не знаев дека нешто вака големо и убаво постои кај нас. Од помладата генрација, ја познавам и пријателка ми е, но и ми се допаѓа работата на Александра Митковска.

Инаку, кога на некоја пријателка ќе видам нешто што ми се допаѓа, ми се случило често да ми го подарат. Калиопи ми има подарено многу облека, и нејзините панталони и блузички совршено ми прилегаат…Модата е исто така уметност на која и се восхитувам“, рекла за моданата Костовска во Фешнел.

-Има еден парадокс на мојата кариера. На 23 години, кога веќе имав бенд „Бастион“, мојата младост ја одреди тојму тој бенд со Милчо Манчевски, Кирил Џајковски, Џоле и Кучкар…Овие двајцата направија светски кариери…

Тоа беа моите почетоци, тогаш се случи и Бушавата азбука, кога јас завршував фалуктет за драмски уметности. Но, бев млада, бев почетник , сè уште непозната како актерка, така што за сите бев пејачката Ана Костовска.

Потоа заминав од Македонија, одев низ цела Југославија, Европа, свет, со трупата – КПГТ (Казалиште, Позориште, Гледалишче, Театар), интернационална трупа, во која јас живеев и работев до 2001/2 година, кога се вратив во Македонија.

И иако имам преку 300 драмски настапи досега, мали и големи улоги, сега сум вработена во Драмски театар, јас сепак сум за народот Ана-пејачката.

Не би се осмелила јас било кому да давам рецепти или паметни мисли. Секој живот си има приказна, моите искуства се мои. Јас сум по природа слободна… За мене слободата значи сè – слобода на избор, говор… Јас се борам во одбрана на мојот животен стил.

Грешки-колку сакаш, промашувања- колку сакаш, глупости -исто… Но, има и неколку ѕвездени моменти, заради кои ете, тоа е мој живот и едноставно немам избор освен да си го сакам. Немам совети за млади…

Верувам во хуманост, еднаквост на луѓето, дека се исти пред Бога, се трудам да се ослободам од сите предрасуди, да не осудувам, да не озборувам, измислувам, лажам, да помогнам доколку можам…

Така го воспитувам син ми, така и мене ме воспитувале. Сигурно сум повредила некого во животот, но никогаш намерно. Кога ќе згрешам или знам дека ќе згрешам се извинувам… Можеби и пречесто…“, изјавила Костовска.

Таа на Фејс споделила спомен од својот татко, актерот Драги Костовски, всушност слика а нејзините пријатели коментирале дека овој голем уметник многу им недостасува.

Previous articleКалиопи каква што не ја знаеме- во тренерки, трча и спортува низ улиците на Скопје (ФОТО)
Next articleУште еден директор и откажа соработка на Данела – Ангеле објасни зошто ја напушта функцијата во Паркови и зеленило