Home Live Посветен татко- Висар Вишка објави прекрасна слика од ќерката и упати емотивна...

Посветен татко- Висар Вишка објави прекрасна слика од ќерката и упати емотивна порака, ги стопи пријателите (ФОТО)

Еден од нашите најпознати и највпечатливи актери, Висар Вишка е роден на 17 јануари 1977 година во Гостивар. Вишка дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности.

Бил на отсекот за актерска игра, во класата на професор Љубиша Георгиевски во 1999 г. Од 2011 година, тој работи во Македонски народен театар во Скопје.

– Не знам, сѐ уште барам кој е точно Висар Вишка и не знам дали воопшто некогаш ќе стигнам да се опишам во четири, пет збора. Во разни периоди од животот, различни ни се приоритетите и на различни начини можеме да се опишеме и да го кажеме она кон што се стремиме.

Во моментов, можам само формално да се опишам како Висар Вишка – актер, татко на едно прекрасно момче Дион кое во моментов ми е најважно и сакам да бидам што подобар за него.

Тој е едно младо, невино суштество кое треба допрва да го запознае овој свет и ќе се трудам да остане колку што е можно добар, да не се расипе, а во исто време да не дозволи да го злоупотребуваат во овој свет“, изјавил за Фешнел Вишка во една прилика.

Во 2015 година, тој ја доби улогата на Доку Закаев во новиот феномен на TNT „Legends“, рамо до рамо со големиот Шон Бин. За оваа искуство, тој зборуваше во истото интервју:

– Сето тоа беше многу чудно…Снимам многу кастинзи, ми праќаат понуди за многу филмови, некои ги добивам, некои не, што е и нормално.

Кога го прочитав ликот што ми го пратија, накратко беше опишан како мускулест тип во средни години, поранешен војник, голем билдер со дебел врат и ѝ кажав на мојата агентка случајно да не згрешила, бидејќи јас воопшто не сум таков.

Бидејќи многу често ми праќаат и нешто што не е во мој oпис, a агентката ми рече да го снимам тоа, бидејќи ако не сум добар за таа улога, може ќе бидам одличен за некоја друга.

Снимив каков што го замислував, еден поинаков тип на негативец, не таков каков што побараа, а потоа побараа да снимам уште некоја улога. После втората, ми пратија уште една и се запрашав што се случува.

На крајот, имав кастинг сесија преку Скајп со Џејми (режисер и продуцент), кој ми рече дека веќе сум одбран, ова е само формалност, сакал да ме види и да ми честита. Не ми се веруваше, па неколку пати го прегледав разговорот, бидејќи навистина не можев да верувам.

Тој ми рече дека толку сум добар во сите три улоги, што не знаеја која да ми ја дадат. Сите три улоги беа одлични, големи улоги. Мене искрено Доку ми беше најинтересен, најмногу ја сакав неговата улога.

После тоа ми се јавија и ми кажаа дека сум одбран за него и не можев да поверувам. Тоа ми беше толку многу предизвикувачки, бидејќи тие бараа сосема друг тип на актер, а на крај избраа сосема нов кога ме видоа мене.

Прво беа сигурни четири епизоди, потоа ми рекоа дека едноставно не можат да ме убијат, па ми ја продолжија и проширија улогата. Јас бев пресреќен и со една, а не четири, или па осум од десет… тоа беше неверојатно“, изјави Вишка.

-Една од моите желби е преку мојата професија и работа да прошетам и доживеам што повеќе култури, цивилизации, природни убавини.

Некои работат напорно за после да платат за такви авантури, некои живеат така аскетски, јас пак сакам да го запознам светот со моите најблиски. Се надевам дека ќе добивам разни проекти по светот.

Два три месеци ваму, две три таму…се разбира со некаква база некаде, или на неколку места. А за статусот на ѕвезда, тоа е титула која многу врати отвара, многу можности. Но од друга страна, ти зема голем дел од интимниот живот.

Не знам дали ќе жртвувам толку многу од моето време со син ми и семејството за да постигнам таков статус. Мојата идеја за среќа е некаде помеѓу“, раскажа познатиот актер во Фешнел.

Вишка по вторпат стана татко на крајот на август, а на социјалните мрежи објави прекрасна фотографија од својата партнерка и неговата ќерка Хана.

Висар е татко на синот Дион кој го доби од првиот брак со водителката Елена Митева.

Хана Вишка, родена на 24 август 2022 година во 12:50 во Белград. Двете девојки на мојот живот“, напиша актерот тогаш. Сега, тој обајви упште една слика со својата ќеркичка, како спие до неа.

Со сликата тој напишал: Нови утра, повторно. И добил многу честитки и убави зборови за оваа прекрасна фотографија со ќеркичката.

Previous articleПроф. Трајковски: Да не испадне дека кобам, ама дневните броеви на нови случаи започнаа одново да растат во Франција, Германија, Австрија
Next articleЕве зошто се скараа Велевска и Гавазова, едната три пати ја извиси другата, и пропаднаа многу пари- ова е целата приказна