Home Live Бате Аце од Штип уште еднаш ја покажа својата големина: Од првата...

Бате Аце од Штип уште еднаш ја покажа својата големина: Од првата пожарникарска плата, ќе дадам дел на Тања – многу и се потребни средства

Александар Горгиевски од Штип, или како што е популарен, Бате Аце, во многу наврати во минатото ја има покажано својата хуманост.

Но не само на зборови, или на тастатура, како многумина, туку Александар се вложува целосно за да помогне на некого кој е во тешка состојба.

Па така, во минатото, можеше да се видат слики, како Аце со свои соработници, исто така хумани луѓе, реновира куќи, но и општествени организации, кои поради незаинтересираноста на властите, се во очајна состојба. Таков беше промерот со пожарната во Штип.

Сепак, бате Аце, во еден свој статус, ја искажа разочараноста од злоупотребите на хуманоста:

„Драги сограѓани драги пријатели сакам да се обратам до сите мој пријатели и лични и пријатели по социјалните мрежи.

Јас Горгиевски Александар и мојата хуманитарна организација која е со седиште во Штип поради чести злоупотреби на дечиња

сум принуден моите хуманитарни акции надвор од мојот роден град Штип да ги стопирам и ветувам дека никогаш повеќе нема да почнам хуманитарна акција и во мојот град додека до детали не проверам кој се луѓето што бараат помош.

Помогнав на многу луѓе но морам да бидам искрен многу луѓе ме разочараа и почнаа да го злоупотребуваат тоа што јас го правам а со тоа да ги злоупотребуваат и хуманите луѓе кој паѓаат исто како и јас на бомбастични стории.

Пријатели мој на многу места каде што бевме со мојот тим и од срце помагавме со дела а не празни зборови свативме дека тоа што го правиме е залудно едно гледаме по телевизии и портали а сосема спротивно и далеку од реалноста е кога идиш на лице место.

Најодговорно ви тврдам многу луѓе кој бараат помош денес свесно ги злоупотребуваат своите децата а јас на ова мора да му ставам крај и од срце да ви дадам еден совет на сите вас кој имате душа и срце ве молам секаде

каде што сакате да помагате да донирате прво распрашајте се кој се е луѓето што ја бараат вашата помош време е сите заедно да се бориме со ваквите појави кој се и те како чести.“

Сепак, бате Аце, за среќа не си остана на зборот и продолжи да помага. Тој деновиве објави за жена од Штип, со тешка дијагноза, на која итно и се потребни само илјада евра.

Иако парите биле собрани за 24 часа, по објавата на Александар, тој денес го објави следново:

„Од мојата прва пожарникарска плата дел од платата одлучив да ја пренасочам во хуманитарни цели и со средств денес ќе донирам за нашата сограѓанка Тања Манасиева антидекубитален душек кој и те како и е потребен на жената

Истиот денес во 13 : 00 ќе го доставам на сестрата на Тања Ilvanka Dzovani Kozareva

Исто така сакам да потенцирам дека од страна на моите колеги пожарникари се собрани 2500 денари и истите се веќе предадени и донирани за Тања.

Подај Рака Спаси Живот, Александар Горгиевски“, напиша популарниот бате Аце од Штип.

Previous articleОва се браќата на пејачката Стојне Николова, ѝ подадоа рака кога ѝ беше најтешко во животот (ФОТО)
Next articleБрат ми ми го финансира факултетот, овие моиве со прст не мрднале, па уште ни бараат пари