Home News Данела: Трајко Славевски е возрасен човек и треба да мисли пред да...

Данела: Трајко Славевски е возрасен човек и треба да мисли пред да каже нешто

Во јавноста се уште се анализира настапот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, од пред неколку дена, кога од говорницата во советот на град Скопје, го анализираше лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сето ова се случи дента, кога Арсовска го разреши директорот на скопски Водовод, Златко Перински, а потоа, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и партиските функционери, распалија по градоначалниката, за која говорат дека ги изневерила граѓаните со нејзините слаби резултати.

Данела Арсовска е мета на напади и на партијата СДСМ, која со месеци наназад на прес конференции потенцира дека градоначалничката на Скопје, речиси ништо не работи.

Сличен впечаток имаат и граѓаните, бидејќи засега, не е реализирана некоја капитална инвестиција, а едно од главните ветувања на Арсовска, за бесплатен автобуски превоз, исто така не е реализирано.

Данела Арсовска се оценива како еден од најслабите градоначалници на Скопје, во првата година од нејзиното владеење, а граѓаните многу очекуваа, поради нејзиното потенцирање на фактот, дека таа е успешна менаџерка, која ќе знае како да раководи со градот.

Сепак, на Арсовска и преостануваат уште три години од мандатот, во кои можеби ќе промени нешто во своето владеење и реализација на ветувањата, но сега, во улсови кога ја загуби поддршката од најголемата советничка група во Град Скопје, онаа на ВМРО-ДПМНЕ, се чини дека задачата и е уште потешка.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека тоа што Славески ја нарекол мало дете, неговите изјави многу повеќе кажуваат за него отколку за самата таа.

„Моите очекувања не се ништо променети од тоа што биле до пред една недела, очекувам секој од советниците кој што си носи сопствен личен интегритет да си ја работи работата како што си ја работеле досега, да ги застапуваат проектите кои што се во интерес на граѓаните.

Тие се сопствени личности, треба да излезат од партиката матрица и да ги поддржуваат оние проекти кои што ќе се достават до нив, а позади кои што застанале пред се во програмата меѓутоа во изминативе 10 месеци.

Во многу случаи видовме и опциите кои што не ги поддржувале овие проекти за време на изборите, сега ги поддржуваат“, вели Арсовска, мислејќи на опозицијата во советот, предводена од СДСМ.

Таа ги повика советниците во Советот на Град Скопје да излезат од политичката матрица и да ги гласаат проектите кои што се во интерес на граѓаните. Арсовска не сакаше да ги коментира изјавите на претседателот на Советот кој ја нарече „мало дете“.

„Искрено не би сакала да го коментирам затоа што неговите изјави многу повеќе кажуваат за него отколку за мене.

Сепак се работи за возрасен човек кој што треба да се надмине себе си, малку да размислува пред да зборува“, порача Арсовска.

Видеото можете да го видите ТУКА

Previous articleСопругата на Ковачевски ги собра сите погледи во Њујорк – елегантна дама која ретко се појавува во јавност (ФОТО)
Next articleСтевчо: Јас не можам да разберам како тие не сфаќаат дека луѓето кои ги предлагаат се зрели и оформени личности