Home Live Драган Спасов- Дац раскажа во што жена му Весна му попуштила: Како...

Драган Спасов- Дац раскажа во што жена му Весна му попуштила: Како станавме побогати за уште еден член во нашето семејство

Нашиот познат актер, омилен на многумина Драган Спасов- Дац во последно време е актуелен по дуото со продуцентот Александар Митевски, и имаат снимено неколку песни.

Најголем хит им е „Уште ми фалиш“, а според оваа песна се вика и емисијата која се емитуваше на Јутјуб, во која разни познати личности од повеќе сфери раскажуваа свои приказни од детството, од младоста, но и пеат како дел од сценариото.

Познато е дека Дац е семеен човек и во неколку наврати има споменато колку ја сака својата сопруга Весна. Во една прилика, објавувајќи слика со жена му, тој напиша: Најубавите очи се оние кои те гледаат со љубов, бојата нема врска.

Дац раскажа една убава семејна приказна во својот најнов статус на Фејс, тоест како и зошто жена му му попуштила.

– Како станавме побогати за уште еден член во нашето семејство. Да имате миленик не е лесна работа, но за да се одлучите на таков чекор е голема храброст.

Нашето потесно семејство кое брои три членови (сега четири) долго време беше тероризирано од најмладиот член. (Во понатамошниот текст ќе ја викаме Јана)

Мислам дека немаше ден кога Јана немаше да спомне, или да праша кога ќе земеме куче. Одговорот на вториот по старост на фамилијата, (во понатамошниот текст ќе ја викаме Весна) обично беше:

Кога ќе се омажиш ќе ти купам какво сакаш куче, во оваа куќа куче не влегува. Но… Едни наши блиски пријатели се одлучија да земат куче, тоа беше доволно за журка во главата на сите нас.

После долги преговори, стресови, молења, одрекувања, позитивни насмевки… Кај членот Весна се осети благо попуштање.

Тука веќе стана прилично напнато, затоа што јас како најстар член во семејството, знаев дека сме на пат да земеме миленик, но знаев и дека обврските се огромни.

Кога пресековме, одлуката беше поздравена со бурни овации но беше прашање од каде и што ќе земеме. Се одлучивме за расата Бигл, за кого не очекувавме дека ќе биде толку темпераментен и брлив.

После љубовта на прв поглед го најдовме нашиот иден член. Е сега дојде на ред името… После повеќе денови и ноќи натегања и илјада предлози за име, конечно решивме. Ќе се вика Танго!

(Морам да признаам дека кумот сум јас) Танго пристигна една вечер, доцна во ноќта и сите бевме бескрајно возбудени. Тој се однесуваше како веќе да живеел со нас.

Се редеа денови и Танго како што растеше се повеќе мо чаше и ка каше кај стигне. После ја препозна пелената каде што му беше тоалетот и физи олошките потреби ги вршеше таму, а ние сите на глас викавме бравооо, а Танго не гледаше чудно.

Викавме браво еден месец, два, пет… се прашувавме до кога ќе викаме браво и кога ќе престане да го прави тоа дома. Но како со нож пресечено, еден ден престана да го прави тоа и своите потреби ги извршува надвор.

Првата конкретна комуникација беше кога му баравме топка и отиде ја донесе. Сега кога ќе се осети запоставен, ни ја носи топката за да му ја фрламе.

Знае да седи, да се поздрави, да лежи, да се превртува. И тоа го гледаме како заеднички успех. Танго е сега убав и умен мажјак од две години роден на 4ти август во знакот на Лав.

Инаку Весна која што едвај попушти, сега е најповрзана со него, а пак тој, Танго, е најповрзан со Јана. Јана и Танго се во една голема љубов. А можам да кажам дека мене ме почитува, сепак јас сум највозрасниот мажјак во семејството.

Танго е најсреќен кога сме сите дома. Имам впечаток како да не собира заедно. Сака да се гушка затоа што сите сме гушкала. Чудо едно каква љубов се создаде према овој најмал член на семејството, како ние према него така и тој према нас.

Еден за сите-сите за еден, би рекол Александар Дима.

Previous articleВозел кола без трепкачи и тогаш го освоил срцето не неговата сегашна жена- Еве како се запознале нашите познати актери
Next articleГоран Пандев го кажа она кое никој не го посакуваше – става крај на својата богата кариера