Home Live Еве зошто се скараа Велевска и Гавазова, едната три пати ја извиси...

Еве зошто се скараа Велевска и Гавазова, едната три пати ја извиси другата, и пропаднаа многу пари- ова е целата приказна

Нашата понзта апејачка Елена Велевска во една прилика изјави дека како дете едвај чекала што побрзо да порасне. Прв ѝ подаал рака Игор, кој е музичар од нејзиниот роден град Прилеп, и со него ја снимила песната “Сонувам”.

– После тоа мојата прва касета ја снимав со Дејан Момироски музички продуцент и соработник со кој работам 20 години.Последниве години имам свој ПР тим кој многу ми помага. Најголемата подршка во тоа време кога почнував,а имав 15 години беше и остана моето семејство.

Додека моите другарки изглегуваа и бркаа симпатии,јас без да знаат моите родители одев во ресторани кои работат со музика во живо и сакав да гледам како се работи,кои песни се пеат,запишував и ги учев песните кои беа актуелни.

Така музичарите го забележаа мојот интерес кон музиката и имав простор да испеам некоја песна.Упорноста и истрајноста ме донесоа овде каде што сум.

Многумина знаат да кажат дека јас сум таа која направила револуција во фолк музиката кај нас,јас сум прва која се потруди да реализира видео спот со приватна продукција кој во тоа време1997,чинеше 1500 марки,без ничија помош го реализирав.

Продолжив да снимам високо буџетни спотови до ден денес и така ќе биде и понатаму.Со моето појавување како да ги потикнав моите колешки поинаку да размислуваат,да вложуваат во себе,со моето појавување ги поставив темелите на свежата крв на фолк музиката во Македонија.

– Не сум конфликтна личност, ни во приватниот, ни во професионалниот живот.Го почитувам секој оној кој се труди да направи нешто.

Живееме во време каде што е многу тешко да издадеш песна,видеоспот,јас немам никаков проблем она кое е добро да го споделам на социјалните мрежи, со мојата публика, што не можам да кажам дека е така и кога моите колеги се во прашање.

Фокусирана сум на мојата кариера и на семејството, немам време за да бидам дел од нешто кое не сакам, каде што не ми е местото“, кажа Елена во едно интервју за estradaworld.blogspot.com, а приказната подолу е токму за еден конфликт кој го имаше таа со колешка.

Изминатава пролет, во Прилеп се одржал фолк фестивал на кој пеела Елена Велевска и Сузана Гавазова. Двете пејачки, за кои често се зборува дека се скарани и не се трпат, го докажаа спротивното.

Инаку, двете фолк диви за време на пандемијата најавија заеднички настап.

Сузана Гавазова и Елена Велевска тогаш одржаа заеднички онлајн концерт за фановите, и бројните шпекулации дека двете познати фолк пејачки се скарани со овој концерт паднаа во вода.

А инаку, на настапот во Прилеп и двете се сликале заедно гушнати, а Велевска оваа слика ја објавила на Инстаграм и напишала: Две македонски диви. Инаку, ова е причината што тие две не беа во добри односи.

Претходно пак, Елена Велевска во едно интервју за „Ексклузив“ изјави дека со колешката Сузана Гавазова не се најдобри односи, но и дека на некој начин секогаш ќе бидат ривалки бидејќи се во иста професија.

Велевска во интервјуто истакна дека со нејзината колешка „се скарале“ бидејќи требало заедно да снимаат дует.

Меѓутоа, Елена трипати била во студиото за да го снима својот дел, Гавазова не се појавила, објави Вистина во една прилика.

„Јас секогаш ќе ја доживувам како колешка. Неодамна бевме договорени да снимиме дует, јас трипати појдов во студио да го сработиме, но таа некако не сакаше да се соочиме.

Тоа ми покажа многу различен став од оној кој го имав претходно за неа. Иако ми е колешка ние никогаш не би можеле да не бидеме ривалки, а да сме во овие естрадни води“ изјави неодамна Велевска.

Таа тогаш истакна дека идејата за дуетот била заедничка, но дека Гавазова не сакала да се соочат во студиото.

„Таа сакаше нејзиниот дел да го сними посебно, а јас својот дел посебно. Јас кажав дека изгубив два термини. Многу ми е скапо времето кога се во прашање моите деца и не сакам да губам време во нешто што вложувам сама.

Ако сакаш да направиме дует јас секогаш сум на располагање, но сакам и следниот пат да бидеш и ти тука“ објасни тогаш Велевска. Од друга страна на приказната, нејзината колешка Сузана во интервју за истоимениот магазин истакна дека едноставно не се погодиле со термините.

„Точно да, не се најдовме во студиото. Кога таа беше слободна, јас не бев и обратно. Не можевме да се најдеме во ист термин. Не знам зошто се налути. Јас мислам дека песната не беше добра за да направиме еден бум.

Песната треба да биде добра за еден дует, да има ефект. Не бевме задоволни со песната и најдовме една причина дека не се согласивме. Ако имаме добра песна ќе снимиме дует“, кажа Гавазова за „Ексклузив“.

Previous articleПосветен татко- Висар Вишка објави прекрасна слика од ќерката и упати емотивна порака, ги стопи пријателите (ФОТО)
Next articleВо кратки панталончиња за старт на новата „Брза кујна“- водителката Сања ептен изненади (ФОТО)