Home News Горан Пандев го кажа она кое никој не го посакуваше – става...

Горан Пандев го кажа она кое никој не го посакуваше – става крај на својата богата кариера

Македонија од своето постоење, памети многу добри фудбалери, но двајца станаа своевидни икони и миленици на навивачите,

Во раните деведесетти години од минатиот век, тоа беше Дарко Панчев, кој почна во Вардар, а потоа со Црвена Звезда се качи на покривот на Европа, а го освои и светскиот куп во Токио.

Потоа, премина во Интер, за него несреќен избор, каде не се изнаигра многу и тука се насетуваше крајот на неговата блескава кариера.

Продолжи да игра уште неколку години и многу млад, на само 29 годишна возраст објави крај на играчката кариера.

Од друга страна, Горан Пандев и донесе многу успеси на фудбалската репрезентација на Македонија, а неговата клубска кариера е многу поплодна од онаа на Панчев.

Во медиумите и на социјалните мрежи, постојана е дилемата кој беше подобар играч, Пандев или Панчев, а овој ривалитет кај навивачите, како да премина и кај фудбалерите.

Панчев во интервју за германски медиуми пред неколку месеци, зборуваша за придонесот кој го имаше Горан Пандев за најсилната селекција, од која реши да се повлече по крајот на Европското првенство.

–Придонесите за Горан Пандев за македонскиот фудбал се неспорни, никако не смее да се заборави дека неговиот гол во плејофот против Грузија не однесе на Европско првенство.

Сепак, со него во стартниот тим, еднаш загубивме и од Андора. Исто така, по неговото заминување, сметам дека играчи како Елмас, Барди или Адеми ќе можат повеќе да се развиваат, а тоа е добро за тимот, – вели Панчев во интервјуто за фаз.нет

Запрашан за коментар за ваквите изјави на Дарко Панчев, а поврзани со него, Горан Пандев за „Фокус“ порача:

„Нема што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и бараж за СП““, изјави Пандев за Фокус и дополни:

„Дечките изг инаа 180 минути и секоја чест за нив. Заслужија да одат на СП, но тоа ќе биде во следните години. Јас пред три години кажав дека оваа репрезентација е најдобрата во историјата на македонскиот фудбал“.

Горан Пандев траеше многу подолго како играч и одбележа цела една ера на македонскиот фудбал. Тој е миленик на цела Македонија.

Токму затоа, веста која вчера пристигна, растажи многумина, иако од поодамна тој се повлече од националната селекција.

Горан Пандев вчера, во интервјуто за „Гаѕета“ изјави дека ја завршува кариерата како професионален фудбалер на 39 години. Последен клуб на поранешниот македонски репрезентативец беше Парма во италијанската Серија Б.

Најголем дел од својата клупска кариера ја помина во Италија, беше еден од клучните играчи на Интер предводен од Жозе Мурињо кога во 2010 година се закити со титулата во Лигата на шампионите.

Пандев се потсети на неговото доаѓање во милански Интер. Пандев им се приклучи на „нераѕурите“ на средината на сезоната откако го раскина договорот со Лацио. Македонецот не постигна договор со Лацио и го одвоија од тимот.

Шест месеци без тренинг или играње. Спорот беше изведен пред суд кој пресуди во корист на Пандев. Напаѓачот ја објасни ситуацијата: „Фудбалот е чуден: за една година почнуваш лошо, не играш, си надвор од тимот и не знаеш што се случува. И на крајот од првенството ја освојувате тројната круна“.

Беше на првото место на листата најдобри стрелци во Купот на Италија во сезоните 2008/2009 со шест голови и четири погодоци во 2016/2017. Беше прогласен за играч на годината во Македонија во 2004, 2006, 2007, 2008 и 2010.

Професионалната кариера ја започна во Беласица, потоа се пресели во Интер, следуваа позајмица во Специја и Анкона, пет години во Лацио, по три во Интер и Наполи, една сезона во Галатасарај, вкупно седум години во Џенова и изминатата сезона во Парма. Севкупно 549 настапи и 112 голови.

За најдобрата македонска репрезентација лани играше на Европското првенство и го постигна првиот историски гол за А селекцијата на континенталните собири запиша 122 настапи и 38 голови како прв стрелец на вечната листа на најдобрата македонска репрезентација.

Во неговите идни планови фудбалот се очекува и натаму да биде е присутен. Тој признава дека тоа е „единственото нешто што знае да го направи“. Тој не бара тренерска кариера:

– Себеси повеќе се гледам како директор или спортски агент. Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам, да разговарам, да ги гледам игрите – рекол Пандев во својата изјава по повод завршувањето на играчката кариера, пренесе Слободен Печат.

Previous articleДраган Спасов- Дац раскажа во што жена му Весна му попуштила: Како станавме побогати за уште еден член во нашето семејство
Next articleПроф. Трајковски: Да не испадне дека кобам, ама дневните броеви на нови случаи започнаа одново да растат во Франција, Германија, Австрија