Home Live Хари никогаш не ги почитувал кралските обичаи: Еве како се забавуваше во...

Хари никогаш не ги почитувал кралските обичаи: Еве како се забавуваше во Хрватска, пред да ја запознае Меган

Се чини дека принцот Вилијам и принцот Хари ги закопале секирите на погре бот на нивната баба, кралицата Елизабета Втора. Експертот за читање усни Жаки Прес откри што му рекол принцот Хари на принцот Вилијам во капелата пред да започне погре бната служба.

Принцот Вилијам ги пушти принцот Хари и сопругата Меган Маркл да одат први до клупата каде што требаше да седат за време на церемонијата во чест на покојната кралица

– Да поминеме ли прво – го праша принцот Хари братот Вилијам, а тој кимна со главата.

– Први нека поминат – ѝ рекол Вилијам на сопругата Кејт, а таа одговорила „ок“. Исто така, за време на церемонијата, камерите фатија трогателен момент помеѓу Хари и принцезата Шарлот кога нивните погледи се сретнаа и Хари ѝ се насмевна.

Инаку, принцот Хари и неговата Меган се предупредени да ги решат несогласувањата со принцот Вилијам (40) и Кејт, предизвикани од нивното интервју со Опра Винфри.

Според Мирор, интервјуто „ја преминало границата“ и ги оставило Вилијам и Кејт вознемирени и лути. На парот му било наредено, тврдат изворите, да се извини за интервјуто и да ги признае мотивите зад него, сето тоа пред погре бот на кралицата.

Четворицата веќе се појавија во јавноста заедно по упокојувањето на кралицата, сите положија цвеќе, а беа видени во Вестминстерската опатија во средата.

Пред речиси 11 години, јавноста го критикуваше Хари за непристојното однесување и ги набројаа неговите гре вови: Од нацистичка униформа, забава во Вегас со стри птизети…

Неговиот татко Чарлс е сега стана крал, неговиот брат Вилијам е следен во редот, но имаше време кога за Хари имаше ред да биде крал.

Додуша, не на целата земја, туку на подиумот. И тоа во Хрватска, на Хвар, каде лудо се забавуваше во 2011 година кога имаше 26 години…

Во клубот Венеранда, Хари, видно алко холизиран, танцувал до полноќ, а во еден момент решил да побара освежување во базенот, кој не бил наменет за пи јани гости во облека.

Но, тоа не го спречи. Скокна во базенот, малку се „замрсе“ и потоа се врати во своето царство, на подиумот за танцување. Во Хрватска, за него се грижеа чувари.

Овие фотографии не и’ се допаднаа на британската јавност и на кралското семејство. Неговиот летен одмор во Хрватска Хари можеше да го памети по полошо од благ мамурлак.

Како што тогаш објави „Слободна Далмација“, по напуштањето на клубот, принцот Хари пришол на поголема група мажи и почнал да им го исплазува јазикот.

Фото: Јутјуб принтскрин
Младите момци воопшто не го препознале, а дека е некој познат дури сфатиле кога фотографот почнал да трча по него. Еден од младите од друштвото рекол дека принцот дошол на еден метар од нив и неиспровоцирано го исплазил јазикот.

-Тоа траеше долго бидејќи така ни се обрати на секој од нас. Само коментиравме „погледни го овој“. Во три часот по полноќ не можевме да го препознаеме. Дури утредента сфативме дека се работи за принцот Хари – рекол младиот човек.

– Не сум го запознал лично, но логично е што го посети главниот град на туризмот, а тоа е Хвар, и сакал да се чувствува удобно.

Синоќа беше во дискотека со другарите, но никој ништо не побара од градот, а ние сакаме како и секој друг гостин убаво да го забавуваме, да ги види знаменитостите на Хвар и секако да дојде повторно – изјави тогашен градоначалник на Хвар, Пјерино Бебиќ, во 2011.

Фото: Јутјуб принтскрин
Во посетата на Хрватска уживаше и неговата сегашна сопруга Меган Маркл.

Додуша, таа повеќе уживаше во храната, истражувањето и пловењето, додека Хари претпочиташе забави тогаш…

Кој знае, можеби еден ден повторно ќе се соберат и ќе успеат да ги спојат сите овие активности.

Previous articleБрат ми ми го финансира факултетот, овие моиве со прст не мрднале, па уште ни бараат пари
Next articleСанела е шампион во возење на автобус: Возам подобро од маж ми, го победив на натпревар