Home Live Хари ова нешто не може никако да му го прости на кралското...

Хари ова нешто не може никако да му го прости на кралското семејство, по ова тешко дека ќе потрае неговот смирување со брат му Вилијам

Елизабета Втора е родена во Лондон во 1926 година. Нејзиното целосно име е Елизабет Александра Мери. Таа овој свет го напушти во 96-тата година од животот, на осми септември. Веста официјално ја соопштија од Бакингемската палата.

Нејзиниот татко бил британскиот крал Џорџ Шести, кој дошол на власт кога неговиот брат Едвард Осми абдицирал за да може да се ожени со Американката, Волис Симпсон.

Таа и нејзината помлада сестра Маргарет биле одгледани од гувернанта и биле крстени во капелата на Бакингемската палата. Како дете го добила прекарот „Лилибет“ бидејќи не можела да го изговори своето име.

Нејзиниот дедо, кралот Џорџ V, и нејзиниот татко Џорџ Шести, а подоцна и нејзиниот сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, исто така ја нарекувале со тој прекар.

Нејзиното владеење било обележано со бројни промени, но Елизабета секогаш била во чекор со времето. Елизабета Втора посетила дури 116 земји и се смета за шеф на државата која посетила најмногу земји. Таа се смета за една од највлијателните жени на сите времиња.

„Привременото примирје“ меѓу нејзините внуци, принцовите Хари и Вилијам ќе трае само додека војводата од Сасекс не ги објави своите мемоари, велат упатените во кралството.

Се вели дека врската на двајцата браќа е „на работ“, и покрај тоа што неодамна покажаа обединет фр онт по загубата на кралицата Елизабета Втора.

– Секој разговор за примирје меѓу принцот (Вилијам) и војводата би бил само привремен. Се уште постои сериозна доза на недоверба во воздухот и немаше причина тоа да се промени – изјави изворот на „Мирор“.

Изворите посочуваат дека додека не се објават мемоарите на Хари, нема смисла да се обидуваме да ги решиме меѓусебните проблеми меѓу двајцата браќа.

Книгата треба да излезе во декември, но тоа најверојатно ќе биде одложено за следната година поради почит кон кралицата.

Се тврди, пренесува „Сан“, дека браќата не планирале да се сретнат додека Хари и Меган биле во Британија, а нивната единствена средба била „случајна“.

Според Сандеј тајмс, браќата се возеле еден покрај друг на теренот на замокот Виндзор и ги спуштиле прозорците за да разговараат накратко.

Тоа било, според „Сан“, пред сè да се смени кога кралицата почи нала, по што браќата за првпат по многу години биле видени заедно во јавност.

Откако ги напуштија кралските должности во 2020 година, Хари и Меган заминаа во Америка, бидејќи се пожалија на нивниот третман од страна на кралското семејство во серија контроверзни интервјуа – од кои прво и најпознато беше она со Опра Винфри, тие наводно не се во контакт.

Двојката исто така откри дека соработуваат со Нетфликс на снимање документарен филм кој ќе ја сподели нивната љубовна приказна со светот.

Изворите сега тврдат дека секое навестување за помирување меѓу Сасекси и Велс е „многу неверојатно“.

Хари добил специјална дозвола да носи воена униформа за време на бдеењето покрај ковчегот на кралицата Елизабета, иако без иницијалите на кралицата „ЕР“, што, според „Сан“, многу го погодило.

Иако само активните членови на семејството можат да ги носат иницијалите, одлуката се покажа контроверзна бидејќи на вујкото на Хари, принцот Ендрју му беше дозволено да ги носи, и покрај серијата скан дали во последниве години.

На Хари исто така не му беше дозволено да ја носи својата униформа на испраќањето, ниту да го поздрави ковчегот. Тој и Ендру беа единствените големи кралски фигури на церемонијта кои носеа одела наместо униформи.

Previous articleДаниела Телемковска и сестра ѝ Емилија избраа речиси иста креација- како близначки, која од која поубава (ФОТО)
Next articleНе внимава веќе дали јаде здрава храна, Лила Филиповска го смени животниот стил