Home Live Не внимава веќе дали јаде здрава храна, Лила Филиповска го смени животниот...

Не внимава веќе дали јаде здрава храна, Лила Филиповска го смени животниот стил

Лила Филиповска на својот Инстаграм профил постојано споделува слики од своите патувања и местата на кои ужива, а и ги рекламира.

Лила веќе 10 години го води квизот „Се или нешто“ за кој во една прилика изјави: – Во овие 9 сезони имало навистина интересни натпреварувачи и интересни случки за паметење, но јас би издвоила цела една емисија, не само случка.

И не само јас туку целата јавност. Тоа е емисијата со натпреварувачот Берзат од Велебрдо.

Целата емисија беше, смешна, забавна, со многу позитивна енергија , тоа е исклучително интересен човек со многу жувотни приказни.. Од Берзат научив и нов збор „канаќисавме“!“, рече познатата водителка.

Лила Стојановска верувале или не, нскоро ќе полни 51 години. Таа лани славеше роденден во еден скопски ресторан со најблиските прријатели, а на забавата Лила, според видеата што се објавени на социјалните мрежи дури и запеа.

Таа на својот Фејсбук прфиол по повод својот важен ден објави:

-15 ти Октомври…беше и остана мојот најсреќен ден, мојот роденден. Надвор беше студено и врнежливо но во мојата душа како и секогаш имаше сонце затоа што бев опкружена со драги и блиски луѓе. И ќе ме прашате сега колку години имам ?! Ги имам сите!

И сите ми требаат, секој ден и секој момент ! И сите се мои, и ни една никому не давам !!! 50 се, најубави ми се. Уште многу имам само дај боже да бидат слични на овие и само здравје да дава Господ. Фала на сите што дојдоа што ми се со мене години наназад, поддршка, љубов и разбирање.

Фала Драган Темeлков- Џони што направи вистинска журка за паметење“, напиша таа минатата година. Во Женски магазин таа доби прашање: Кој период од животот Ви бил најтежок?

– Периодот кога го изгубив човекот кој ми беше најголема поддршка во животот – мојот татко! И ништо не се споредува со тој губиток, иако знам дека сега тој е мојот ангел чувар“.

Како што кажав и предходно, тоа беше мојот татко, но сега тоа е син ми Филип, како и неколку блиски драги луѓе. Не се многу, но се вистински пријатели на кои можам секогаш да се потпрам и се до мене кога ми се најпотребни!“ Таа за својата работа зборуваше во интервју за hybrid.mk.

-Сите луѓе треба да ја работат својата работа одговорно и морално, за да ја задржат професионалноста. Ова што го работам мене ми е многу природно. Јас воопшто немам ритуал или начин на кој јас сега ќе бидам професионална и успешна.

Едноставно така функционирам и тоа е мојот начин на работа. Тоа е во мојата природа и карактер што е навистина голема предност. Не сум човек кој има работа што го фрустрира. Мене работата ми е задоволство.

Како што банкарите работат во банка, касиерката во супермаркет, така и јас ја работам мојата работа професионално. Како што тие мораат да ја завршат работата и да пријават промет на крајот од денот, така правам и јас со мојата работа.

Одговорам за сработеното пред очите на јавноста. Тоа значи дека помеѓу моето водителство и телевизиската работа и која било друга професија, апсолутно не постои разлика, ако пристапот е професионален.

Мојот најголем комплимент сите овие години не е врзан за изгледот, дали сум добра водителка, дали сум пријатна со публиката, туку впечатокот на останатиот свет дека сум професионална и дека сум човек од збор, стигнувам на време, мразам доцнење, го почитувам туѓото, но и своето време.

Тоа значи дека мене сите овие години што поминаа, точно 23 како сум пред тв екраните, интензивно работам и повеќе или помалку секоја година имам проект“, рече познатата водителка и инфлуенсерка.

За Лила занеме дека редовно вежба и дека внимава што јаде и затоа и изгледа толку добро и фит, а сега таа објави слика која кажува дека очигледно го сменила животнот стил.

„Виновникот“ е познатиот новинар и водител Зоки Фаци кој е сликан со Лила во скопски ресторан, а пред нив еден куп брза храна коа Лила претходно има речено дека не ја консумира. Без оглед на тоа, Лила изгледа топ.

Previous articleХари ова нешто не може никако да му го прости на кралското семејство, по ова тешко дека ќе потрае неговот смирување со брат му Вилијам
Next articleПосебен ден за Сашко Коцев и за неговата сопруга Смиљана, актерот објави убави вести