Home Live Ова се браќата на пејачката Стојне Николова, ѝ подадоа рака кога ѝ...

Ова се браќата на пејачката Стојне Николова, ѝ подадоа рака кога ѝ беше најтешко во животот (ФОТО)

Фолк пејачката Стојне Николова е млада и успешна дама, која ја сака и ја негува македонската народна песна. Со музика започнала да се занимава уште од тинејџерските денови, својата прва авторска песна ја снимила на 16 години.

-Со музика почнав да се занимавам од мојата 15-годишна возраст, а веќе следната година ја снимив и мојата прва авторска песна.

Растена сум со нашата убава стара традиционална песна и таа ми е во душата, а во школските денови повеќе пеев поп.

Кога би требало да изберам кој жанр го преферирам повеќе, навистина не би можела да се одлучам бидејки за мене жанрот не е битен, битно е само да е музика…без неа не можам“, раскажа таа во една прилика за Женски магазин

Тааважи за онаа нова македонска фолк гарнитура, пејачка од помладата генерација која за кусо време се етаблираше во првата македонска пејачка фолк лига, кога се распеаните припаднички од понежниот пол во прашање.

Стојне гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител и раскажа интересни нешта. Зборуваше за тоа колку родната Струмица ѝ недостасувала во памдемијата. Кога имаше 18 години, по чина таткото на Стојне, а таа оваа загуба тешко ја прифати.

– Јас ги имам најдобрите браќа на цел свет, јас не можам без нив и тие не можат без мене и секојдневно се слушаме.

Имав тежок период во мојот живот, кога изгубив родител, па дополнително се случи поврзаност меѓу мене и моето семејство.

Ми беше тешко да се одделам од нив. Но имам и пријатели кои ми се како семејство. Мојот менаџер Бобан и неговата сестра Билјана, ми беа поддршка.

Стојне го искоментира делот кога почнала да пее, а тоа започна кога била многу млада, се уште малолетна.

– Започнав да пеам на 15 години. За мене како млада личност на мои 15 години, но сум имала голема поддршка од моето семејство, и зато ми било лесно, како подмачкано.

Без проблем ме пуштиле да пеам, не се противеле, боидејќи виделе дека имам талент“, рече Стојне.

– Се уште не сум го дала својот максимим, затоа што сум многу срамежлива, јас сум девица во хороскоп“, додаде Стојне.

Стојне објави емотивно стои, во кое ги споменува своите браќа, Петре Николов и Александар Николов.

Таа во повеќе наврати има кажано дека тие ѝ биле се кога останале без таткото и се грижеле за неа.

И браќата на Стојне се исто така моги поврзани со сестра си, а Петре го споделил сторито на Стојне кое вели:

Братот е личност која кога ти треба, некој кој те крева кога паѓаш,

личност која останува до тебе која никој друг не го прави то. Братот е секогаш пријател“.

Previous articleТијана Дапчевиќ ретко се отвара вака- ова деколте е за чиста десетка (ФОТО)
Next articleБате Аце од Штип уште еднаш ја покажа својата големина: Од првата пожарникарска плата, ќе дадам дел на Тања – многу и се потребни средства