Home Live Посебен ден за Сашко Коцев и за неговата сопруга Смиљана, актерот објави...

Посебен ден за Сашко Коцев и за неговата сопруга Смиљана, актерот објави убави вести

Сашко Коцев, еден од нашите најпопуларни актери, во една прилика даде интервју за Црно бело и зборуваше за неговата професија која многу ја сака.

– Не само публиката, онаа која што ти се восхитува или те критикува на филмското платно, туку признание од луѓето кои што се зад камерите, кои што точно знаат како си стигнал до улогата, каков фактор си, што се случува во твојата актерска кариера, кои се твоите подеми, падови, каков си и како човек и како си стигнал до добар резултат.

Многу и благодарам на целата таа екипа зад камерите, која во голем процент е заслужна за еден актер да ја добие оваа награда за најдобар филмски актер. Тука спаѓаат луѓето од сите сектори, од продукција па до најниските сектори, како возачите.

Иако секој филм за еден актер е како да научил едно посебно ново школо, посебен еден свет, нова вселена, така што не би можел да издвојам ниту едно филмско остварување.

Многу сум среќен дека низ годиниве сум имал можност да работам со сите наши најголеми и најпознати филмски имиња, како Столе Попов, Иво Трајков, Даријан Пејовски, Вардан Тозија, Слободан Унковски, Антонио Митриќески, Кристијан Ристевски и буквално сите што се на нашата филмска сцена.

Ја имав таа привилегија да минам низ доста различни и сценски естетики и можеби тоа ме прави актер кој не се конзервирал и си рекол „Еве ја сум најдобар, и веќе не работам на себе”, туку актер кој секогаш е самокритичен и бара нешто ново и нешто повеќе.

Работам претежно во театар, член сум на Македонскиот ансамбл на Народниот театар, а секако снимам и доста филмови и серии. Не би можел да издвојам која од овие две актерски дисциплини ми е подрага и која повеќе би ја работел.

Да кажеме дека театарот е мојата ментална дисциплина, бидејќи морам да бидам таму секој ден, да играм претстави и да примам доза од аплаузот на публиката. Театарот е моето највозбудливо доживување и најголемо животно доживување.

Тоа е еден нов свет кој што не можеш да го видиш и не очекуваш никаква реакција во моментот, па затоа е посебно возбудлив и не би можел да кажам што е ми е подраго“, изјави во Црно-бело Сашко.

– Мислам дека понекогаш го побивам законот на физиката и успевам да сум на неколку места во исто време.

Некогаш навечер кога ќе направам распоред за утрешниот ден ме фаќа страв како ќе стигнам на состанок, проба, состанок, студио, снимање, дома, состанок, претстава, стенд-ап во само 14 работни часа.

Верувајте, со организација и со сакање на својата работа е возможно, дури никаде не сум задоцнил досега, макар и на краток небитен кафе-состанок.

Може да ме завлечкаат само на шалтер, ама таму ме препознаваат, па ме пропуштаат преку ред.

Инаку, не барам никогаш такво нешто од нив, зашто знам како е да стојам во редица, а некој да дојде и да заврши за 1 минута“, рече Сашко во интервју за pluspharma.mk, а потоа зборуваше за стресот.

– Стрес? Веројатно неможноста, немоќта човек да се справи со проблемот. Или бурно реагирање на новонастанатите ситуации, без разлика дали е работа или семејство. Дури и неможноста да се стигне навреме, доцниш, почнува да се реагира панично и нервозно, бурно.

Веројатно во организмот се прават различни хемиски реакции кои потоа почнуваат да нè трујат однатре, па веројатно затоа многу болести ги поврзуваат со стресот. Сепак, вие сте постручни во ова, јас лаички си разговарам.

Инаку, има само 2 чекори доколку се јави проблем. Првиот е да пробаш да најдеш решение. А вториот е дека не смееш НИКАКО да се нервираш, зашто тоа не ти го решава проблемот.

Само си нервозен, а проблемот пак си е тука. Еве, на пример, ако доцниш, не смееш да се нервираш, зашто ти секако ќе стигнеш подоцна. Решение е само да тргнеш порано.

Готвењето по дома повеќе е за оној социјален момент, да се собереме, да се видиме, да седнеме на ручек. Имам 2-3 омилени рецепти, а посебно сум познат како скара-мајстор и тоа веројатно најтенкиот скара-мајстор.

Се готви и од двете страни, ама, сепак, тоа е ретко. Уживам да готвам за да дојде друштво, да има џагор и еуфорија во спремањето. Кога ќе се зготви, не паметам да сум седнал и да се прејадам.

Секој ден се острам дека ќе одам на пливање, фудбал, вежбалница, џогинг… И, еве, не сум отишол уште. Ми останува само вежбањето пред проба 20 мин., пред претстава 15 мин.

Ги размрдувам сите мускули и зглобови, крвта ми проциркулирува низ мозокот, се додава малку тонус на мускулите, пулсот е качен и сум подготвен за на сцена. Не трошам многу калории со тоа, зашто потоа ми требаат за претставата. На крајот, само се додава громогласниот аплауз и тоа е денот“.

Коцев на Фејсбук објави убава слика, од свадбата со Смиљана, неговата сопруга, и со тоа кажа дека слкават десет годишнина од бракот. За свадбата на Коцев, во 2012 година на големо се зборуваше.

Се зборуваше и пред неа, кога познатиот актер ја побара за жена неговата сакана пред повеќе од илјада луѓе, среде Универзална сала, на манифестацјата „Златна Бубамара на популарноста“, и таа го прифати неговиот прстен.

Previous articleНе внимава веќе дали јаде здрава храна, Лила Филиповска го смени животниот стил
Next articleБјеогрлиќ од боем стана манекен- актерот ептен ослабен, личи како од времето на „Бољи живот“ (ФОТО)