Home Live Санела е шампион во возење на автобус: Возам подобро од маж ми,...

Санела е шампион во возење на автобус: Возам подобро од маж ми, го победив на натпревар

Хрватска има светски шампион во возење автобус, a за големо чудо или нечудо, станува збор за млада девојка по име Санела.

Санела Кохајда е светски шампион во возење автобус. На 32. Светско првенство на професионални возачи во Тухељски Топличе, таа ја победи конкуренцијата на дури 98 натпреварувачи, меѓу кои и нејзиниот сопруг. Екипата на Дневник Нова ТВ тргна да се прошета со Санела и да ја потпраша од каде доаѓа оваа љубов кон возењето автобус.

Иако неодамна го положи тестот за автобус, долгогодишната возачка на трамвај, Санела Кохајда признава дека повеќе сака да вози трамвај, но храбро заминала на Светското првенство на професионални возачи, без никаква трема.

„Два до три месеци вежбав да возам автобус. Моите први метри беа на тој шампионат. Тренингот ми изгледаше многу тежок, но јас одев полека и некако успеав безбедно да ја поминам целата делница и навистина направив се’ без грешки, за што се’ уште не сум ни свесна“, изјави Санела.

И ја збриша силната конкуренција, меѓу кои и сопствениот сопруг Томислав, кој е возач веќе 25 години, а тој не го крие задоволството од успехот на Санела: „Воодушевени сме, сè уште не ни е јасно што направила“.

Фото: Јутјуб Принтскрин
Шегите на нејзина сметка, како што вели ги имала пред натпреварот, но засега е сепак добро – никој, ништо не се осмелува да каже.

Ако го утеши сопругот, ќе ја подели наградата со него и ќе одат да ја посетат фабрика за автомобили. Не можам да живеам без него“, додава Санела.

На натпреварот конкуренцијата се одвиваше помеѓу 98 возачи од девет земји, а Санела истакнува: „Конкуренцијата беше навистина силна и голема за мене.

Мои колешки се Јосипа и Снежана – едната е инструкторка по сите категории, другата колешка има своја транспортна компанија, а возењето автобус и е секојдневна работа.“

Таа истакнува дека чувството кога била прогласена за светска шампионка било неверојатно: „Се’ уште не ми се верува“.

Досега имаше многу предрасуди за жените возачи, дали сега се урнати? Нејзиниот сопруг Томислав беше прашан дали кога во сообраќајот ќе се направи гужва, веднаш помислува дека некоја жена возач го кочи сообраќајот, како што мислат повеќето мажи, а тој одговори:

„Има и машки и женски возачи, лоши и добри, се разбира, има се.“

И машките и женските возачи се согласуваат дека Санела ја заслужила својата титула. Сознанието дека ги вози светски шампион израдува многумина и велат дека се горди.

„Жените знаат добро да возат. Имаат повеќе трпение од мажите“, вели Славица, а со неа се согласува и Клаудија: „Убаво вози, сигурна сум во неа.

Многу подобро од мажите, за да не се лутат”. Навистина ми е драго и ми е чест“, изјави Барбара, а екипата на Дневник Нова ТВ на Санела и посака уште многу успешни возења.

Фото: Јутјуб Принтскрин
Previous articleХари никогаш не ги почитувал кралските обичаи: Еве како се забавуваше во Хрватска, пред да ја запознае Меган
Next articleЉубинка живее во контејнер: Не ми е судено убаво да живеам, немам за јадење, ме боли стомакот од глад