Home Live Сопругата на Ковачевски ги собра сите погледи во Њујорк – елегантна дама...

Сопругата на Ковачевски ги собра сите погледи во Њујорк – елегантна дама која ретко се појавува во јавност (ФОТО)

– Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Њујорк ќе учествува и ќе говори на отворањето на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.

Премиерот Ковачевски денес ќе одржи предавање и на реномираниот Универзитет „Колумбија“, каде што ќе се осврне на, како што соопшти прес-службата на Владата – „уникатниот модел на одржлива демократија на Република Северна Македонија, како и економската интеграција и трансформација“.

Предавањето е дел од серијата говори на светски лидери и се очекува да присуствуваат стотина професори, експерти и студенти.

-Изминатите два дена премиерот Ковачевски во Њујорк учествуваше на Самитот за трансформација на образованието и на отворањето на 77. Генерално собрание на ООН на кое воведно обраќање имаше генералниот секретар Антонио Гутереш.

Ковачевски заедно со колегите од Западен Балкан присуствуваше и на работен ручек организиран од високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, информира владината прес-служба.

Во придружбат ана премиерот, беше и неговата сопруга, која ретко се појавува во јавност.

Њујорк, центарот на светската мода, заедно со Париз, Лондон и Милано, го откри стилот на Елена Ковачевска, сопругата на премиерот Ковачевски за која сите во Македонија се прашуваа како изгледа и како се облекува.

За своето прво јавно протоколарно појавување на гала настани од висок профил Ковачевска ја даде својата доверба на познато дизајнерско име – Тања Кокев, заради сето нејзино досегашно искуство, знаење и присуство на црвените килими дома и во светот, која ги туркаше границите во македонската мода и која јавно си кажа дека сака да соработува со издржани ликови.

Убави, со јасен став пред јавноста, и цврст кредибилитет позади себе. Очекувањата беа на ниво. Откривме дека сопругата на премиерот е убава дама со комуникациски вештини, и која со широката насмевка, и фризура многу потсетува на Леди Дајана.

Светот ја виде во смирен, софистициран и минималистички стил за кој Кокев е царица.

Што облече сопругата на премиерот на приемите кај Емине Ердоган и Џо Бајден во Њујорк?

Ковачевска, покрај првите дами на Франција, Латвија, Јужна Кореја и Естонија на приемот кај Емине Ердоган се истакнуваше во фустан со маркантна бургунди боја, од последната колекција 2021 / 2022 на Кокев.

Креацијата плени со материјалот каде освен специфичната боја има и интересна текстурата создадена од геометриска комбинација на ситно и покрупно плисирани делови кои внесуваат разиграност во инаку класичниот крој. Се чини дека на Ковачевска и прилега и бојата и кројот на оваа креација каде софистицираноста доаѓа од спојот на едноставноста со смелата боја.

На покана на американскиот претседател Џо Бајден, премиерот Димитар Ковачевски заедно со сопругата, синоќа присуствуваа на свечениот прием што тој го организираше во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.

За свечениот прием кај американскиот претседател Бајден, сопругата на премиерот се одлучи за софистицирана свилена тоалета на црна основа, од постарите есен – зима колекции на Кокев.

Комбинацијата се состои од црна свилена блуза и сукња со А крој и истакната половина изработена од материјал со дискретни цветови кои излегувајќи од темнината наликуваат на уметничка слика, пренесе портсалот Независен.

Previous articleЉубинка живее во контејнер: Не ми е судено убаво да живеам, немам за јадење, ме боли стомакот од глад
Next articleДанела: Трајко Славевски е возрасен човек и треба да мисли пред да каже нешто