Home Live Во кратки панталончиња за старт на новата „Брза кујна“- водителката Сања ептен...

Во кратки панталончиња за старт на новата „Брза кујна“- водителката Сања ептен изненади (ФОТО)

Водителката на „Брза кујна“, Сања Саевска е позната по многу нешта, а едно од нив е што е една од ретките која за Македонија направила интерву со светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

-Тешко, но остварливо. Во екот на славата да се добие интервју од светски број 1 спортист е веројатно сон на секој новинар, а беше и мој предизвик. За интервјуто со Новак чекав цели две години на одобрување и слободен простор кога тој ќе биде во Србија за да го реализираме.

Иако изгубив можеби надеж дека токму мене ќе ми отстапат простор еден ден, ден кој сигурно ќе го паметам целиот живот, ми јавија дека за три дена треба да бидам во Краљево на Дејвис купот каде што ќе добијам прво ексклузивно интервју за Македонија од најдобриот тенисер во светот во тој миг“, кажа Сања за hybrid.mk

-Интервјуто пак со Ники Лауда се случи сосема спонтано и во рок од неколку часа кога дознав дека доаѓа во Македонија, поточно во Гевгелија, со екипата се упативме кон југот каде што успеав од трикратниот шампион во Формула 1 да добијам кусо интервју.

Потоа, откако ја прашале: Кој од двајцата беше подобар соговорник, таа одговори: „Дефинитивно Новак, поради тоа што беше во екот на неговата популарност. Кој беше подобар соговорник…

Па можам да кажам дека и двајцата се исклучителни личности, сосема непосредни и пријатни за разговор, луѓе со огромен респект, вистински ѕвезди, а сепак сосема обични и нормални. Дефинитивно нивната големина е во нивната приземјеност и почитта која ја имаат кон сите нивни соговорници“.

Откако стана нова водителка на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ на ТВ „Сител, Сања Савеска вели дека овој ангажман кој ѝ е голема љубов, прво го гледала како предизвик, како и сè во животот.

На пример, подготвеноста со нејзиниот сакан Томи да се качи на мотор и да открива нови места покрај море. Како хороскопски рак, Сања за себеси вели дека е преемотивна, а во Женски магазин таа раскажа:

-Секоја промена носи со себе предизвици, да се дојде на веќе изградена позиција и на место кое веќе е добро прифатено е уште поголем предизвик. И токму така ја прифатив понудата, како предизвик.

Притисок не почуствував, бидејќи долго време ја работам оваа работа, а веќе долго време посакував ваков проект.

Обожавам да поминувам време готвејќи, ме смирува, релаксира и инспирира . Благодарение на моите родители научена сум од мала да ги завршувам домашните обврски сама, па така и доста мала научив и да си направам јадење.

Сакам да готвам и да пробувам нови рецепти, но ги сакам и традиционалните јадења. А дали сум добар готвач ? Досега никој не се пожалил на стомак, а и ништо не останало недојадено.

За мојот приватен живот се знае сосема доволно, повеќе и не сакам да откривам, тогаш не би бил приватен живот. Заедно функционираме неколку години,и двајцата сме си поддршка во работата.

Томи е спец.неврохирург и има многу потешка работа од мојата и премногу одговорна , и мојата работа исто бара долго отсуство од дома, но секое слободно време сме заедно и ги правиме работите што не опуштаат, возење со мотор и долги прошетки со Маша.

Сосема случајно се запознавме, на една прослава, па пополека , иако различни сфативме дека сме еден за друг, и токму неговата упорност како карактерна особина ме привлече.

Му се воодушевувам на енергијата што ја има , и што не отстапува од своите цели колку и да тоа значи жртва и отстапки од многу нешта.

Шминката од долгите снимања знае навистина да ми тежи ,па кога немам снимања сакам да имам чисто лице ,без шминка , и да го одморам.

Внимавам да јадам умерено и здраво и се трудам да пијам повеќе вода,но за жал тука правам најголеми грешки,внесувам многу кофеин а малку вода.

Кога не сум на снимање, обожавам време да поминувам со мојот најсладок и најдобар пријател , бишонот Маша, како и со моите драги луѓе, и секогаш со добра книга , сето тоа ми ја враќа и обновува енергијата“, раскажала таа.

Сања на Фејсбук го најави стартот на новата сезона на „Брза кујна“, сликана во кратки пантолони и со поинаква шминка и фризура. Таа изненади со овој нов имиџ, со кој изгледа топ и порача:

– Наскоро… Нова сезона на Брза кујна. И моите шефови се тука некаде низ кујните. Деновиве ќе се сликнам и со нив. Сега се зафатени, готват, брзаат и ви подготвуваат супер сезона“, напиша Сања.

Таа не ја кажа веста која сите обожаватели на Брза кујна ги интересира, а тоа е:

Кој ќе го замени шеф Марк кој летово објави дека си заминува од ова шоу, а на своуте колеги им посака среќа понатаму. Шеф Никола останува верен на Брза кујна и во оваа сезона.

Previous articleЕве зошто се скараа Велевска и Гавазова, едната три пати ја извиси другата, и пропаднаа многу пари- ова е целата приказна
Next articleДаниела Телемковска и сестра ѝ Емилија избраа речиси иста креација- како близначки, која од која поубава (ФОТО)