Home Live Возел кола без трепкачи и тогаш го освоил срцето не неговата сегашна...

Возел кола без трепкачи и тогаш го освоил срцето не неговата сегашна жена- Еве како се запознале нашите познати актери

Зоран Љутков, е актер при Драмскиот театар во Скопје, кариерата ја започнува пред повеќе од 17 години по завршување на постдипломски студии надвор од земјата.

Јавноста го знае како актер кој дефинитивно знае да го одржи вниманието на публиката преку комплетна трансформација во улогата која што му е доделена.

-Не мислев професионално да се занимавам со таа проблематика по завршувањето на постдиломските студии за сценски дизајн. Едноставно,многу го сакам театарот, сакам се што е поврзано со него, ме интересира сценографија, музика, светло, костим.

Ги почитувам сите професии кои што создаваат театарот. Многу често од актерите се бараат мислења додека разговараме и подготвуваме претстава за нејзиниот целокупен изглед. Сугестиите многу често се земени предвид.

Професионалните сценографи многу повеќе ќе ја примат сугестијата бидејќи се тетатарски луѓе, отколку во поново време архитектите кои што изработуваат сценографија.

Кај нив суетата е малку поинаква и затоа поинаку реагираат. Така што, во контекст на прашањето, да одговарам до крај – јас сакав да ја знам целата проблематика. Првата година на факултет во Белград беше општа, тогаш постдиломските траеја 2 години.

Фокусот беше на сценографија, светло, музика и костимографија. А втората година одбравме насока. Мене ме интересираше сценографијата и светлото и тоа не дизајнот, туку технологија на изработка.

Кај нас тоа е всушност најголемиот проблем – како се изработува. Дизајнот може да го направи кој било за претставата, но технологијата на изработка, монтажа, демонтажа се најважните делови од тоа“, кажа Љутков кој завршил постдипломски студии во Белград во интервју за Драмски театар.

Приватно, тој е сопруг на атерката Маја Љуткова и татко на две девојчиња.

Во интервјуто го прашале: Која лекција сакате да ја запаметат Вашите ќерки, кои вредости сакате да им ги пренесете за да бидат личности со кои ќе се гордеете секогаш?

– Гледајќи како функионираат меѓу друштвото, гледајќи ги другите деца и кога ќе ги споредам со моите ќерки, мислам дека се на добар да станат воспитани деца. Во денешно време е многу тешко да воспиташ дете и да најдеш пример за воспитан човек.

Не можеш да им забраниш на децата да гледаат. Мораш да им дозволиш да слушаат музика, да гледаат цртани. Денес, цртаните филмови се полни со агресија, секој спот, дури оној кој е правен за тинејџери и деца е вулгарен.

Тие се следат, се им е дозволено ама ние разговараме на таа тема, зошто е тоа така. Така лекциите кои што сакам да им ги пренесам се во насока на воспитувањето.

Знаат што работам досега не ме гледале на претстава во живо, но ме гледаа на „Преспав“ и имаше скандал заради сцената со неверството. Не сфатија дека тоа е само глума, беа разочарани зошто сум ги напуштил.

Во моментот кога ја гледале сцената, јас бев на пат и тие си го поврзале моето отсуство со сцената, односно дека јас сум всушност избеган со друга жена.

Инаку, постојано гледаат претстави на Наша Тв каде што во голем дел играм или јас или Маја. Го гледаат Петко и полека почнуваат да сфаќаат дека е нешто друго, дека не е вистина.

Само ги нервира фактот зошто сум секогаш „лошиот“. Но ме радува пак, што Петко серијата им влијае позитивно бидејќи без да им сугерирам, преку него забележувам како учат што значи правилно растење“.

Во една прилика, Женски магази објави како се запознале Маја и Зоран Љуткови. Имено, тие имале необично запознавање, сосема неочекувана приказна.

И двајцата завршиле во класата на професорот Владимир Милчин. Кога тој почнал да ја гради кариерата, таа почнувала со своите студии. Иако не се познавале лично, Маја во една прилика откри дека била негова обожавателка која често била во публика на неговите претстави.

Се запознале по завршувањето на претставата „Светулки во ноќта“ која се играла на Кермес во Градскиот парк во рамките на манифестацијата „Скопско културно лето“.

– Таа вечер ја префрлив со автомобилот до дома, со „дијаната“ на Игор Ангелков која всушност немаше трепкачи. Со голема сериозност, односно со рака, давав знаци во кој правец се движиме. Мислам дека тоа беше пресудно за неа – раскажа на шега Љутков во едно интервју.

По неколку месеци повторно се споиле на фестивалот „Скомрахи“. Почнале интензивно да се дружат и отогаш се неразделни.

Previous articleКо ќе кивнам, нема кој „на здравје“ да ми каже, па сега видете вие како ми е во туѓина
Next articleДраган Спасов- Дац раскажа во што жена му Весна му попуштила: Како станавме побогати за уште еден член во нашето семејство