Home Live Девет години без Дуле од Дуле и Коки: Ова е неговата мајка...

Девет години без Дуле од Дуле и Коки: Ова е неговата мајка Лепа која ги чува спомените- еве што му искоментира на Коки

Поминаа точно девет години откако овој свет го напушти Душан Љубисављевиќ- Дуле пејачот на познатото дуо „Дуле и Коки“.

Дуле се упокои од ра к на 23 септември во 2013 година, оваа вест беше шок за многумина. Неговиот другар и соработник Никола Јанков- Коки на својот Фејсбук профил му посвети писмо лично на Дуле во 2020 година, за време на пандемијата.

„Се враќам од свирка, од Струмица брат, па ми се сврте во главата и викам да ти напишам уште едно писмо… ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, да не речеш, абе Кочо седум години ми досаѓаш, дај олабави.

Брат, не знам дали да се смеам, дали да плачам. Знаеш, се ми доаѓа дека од негде ќе се појавиш и тоа најчесто кога свирам ми се случува, абе „фатаморгана“. Моќжеби, па сеа дури сфаќа дека стварно те нема, а…?

Сите прашуваат за тебе, не те заборавиле да знаеш, особено при крај на свирката… ја темпирам „Колку треба да се плати“, ќе стиснам заби, им ја пеам, и оние пејат, ама на таа не плачам, тешко ми е да плачам на таа, гледам они плачат…

На овој ден кога ја летна, знаеш на кој му е роденден? На Ице, замисли… не сум и го кажал тоа. Кај одам јас без гитара, свириме заедно и Сале е со нас. Ти стално, кога ќе го спомнев Господ, се викаше, ај батали тоа.

Ама гледаш дека имало Господ, па ти ако не знаеш, кој? И кажи сега ГОРЕ СИ Е ГОРЕ, нели… добро е таму. Овде е зезнато малку, може малку повеќе.

Има некој вирус, и ако го закачиш јако, за скоро умир аш, ама некои ќе го фатат и ништо не им е… поима немам… ваљда си чул.

Макфест првпат оваа година на плоштадот се одржа, на отворено, не во Домот на културата, заради тој вирус, 35 години јубилеј… Таму пак не заборавија и двајцата, ама нема врска.

Со Марија, сесра ти, ќе се сретнеме понекогаш. Нејзините две и од брат ти три, пет внучиња имаш. Не им ги паметам имињата, едното од брат ти се вика Душан Љубисављевиќ, знам, по тебе.

Да знаеш дека е престанувам со музика, а ми има дојдено многу пати да баталам, ама има пет песни бе брат што треба да се пеат и свират. Помладите поима немаат кои биле Дуле и Коки, ама песните ги знаат, глеаш. Не знам што сакав друго да ти кажам…

Знаеш што… нема да биде ова последно писмо, ќе ти пишам пак, за некое време…“

Дуле некоку месеци пред да си замине од овој свет се оженил со Љупка Наскова од Струмица. Таа е мајка на ќерката Илијана, за која Душан зборувал дека ја сака како да е негова ќерка.

– Многу тешко се справував со загубата. Секој ден ми беше многу тежок и ми поминуваше многу бавно. Пешачев секој ден по 20 километри, плачев по улиците и не знаев од каде да почнам.

Од друга страна, имав обврски спрема петгодишното дете и работа со деца во училиштето,“ ја отвори душата Љупка за Женски Магазин во 2017 година, пет години по загубата на сопругот.

Таа вели дека со Дуле ја врзувале три работи: почитта, љубовта и посветеноста.

„Често знаеме да се потсетиме и да позборуваме со неа на местата каде што сме биле сите заедно, и да споделиме некој спомен од Дуле.

Ми фали љубовта кон Илијана, неговата посветеност и хармонија во домот, заштитничкиот однос спрема нас двете“, се сеќаваше Љупка на својата љубов.

Коки објавил спомен на Дуле, девет години откако го нема и напишал: Има некои кои се тука, а не се, и обратно. На ова, слика со ружи му ставила во коментар Лепа Љубисављевиќ, која е мајка на Дуле.

Таа на својот Фејсбук профил, го чува споменот на синот, и на нејзината насловна фотографија е токму Дуле чија судбина беше да си замине од овој свет млад, на 39 години.

Previous articleЈанко Илковски објави слика кога бил мало дете – во метална количка на педали што му ја купил татко му (ФОТО)
Next articleЦрвената е нејзината боја- Елена од „Сител“ никогаш не била поубава, како да се подмладува (ФОТО)