Home Live Еве што мисли актерот Благоја Чоревски за бугарскиот јазик и колку навистина...

Еве што мисли актерот Благоја Чоревски за бугарскиот јазик и колку навистина е близок со нашиот

И во осмата деценија од својот живот тој е неуморлив. Игра во претстави, снима серии, филмови, се радува да зборува за театарот.

Благој Чоревски е веројатно еден од последните такви донкихотовци на кои театарот им е животен стил. На неговата енергија многу помлади колеги би му позавиделе“, објави Факултети во една прилика.

Чоревски е дете на театарско семејство. Трајко и Ратка Чоревски се едни од основачите на Македонскиот народен театар. Актер сакал да стане уште откако знае за себе.

„Македонска крвава свадба“ е првата претстава во која играл, кога имал нецели четири години.

– Кога бевме мали, со брат ми Борис на прашањето што ќе бидеш, одговаравме „гумец“. Ние сме растеле со театарот и не можевме да бидеме друго. Среќа што сме талентирани.

Трагично е да си неталентиран, да се занимаваш со тоа и баш поради лозата, да бидеш актер. Талентот е даден од Бога, но е 0,1 отсто, сѐ друго е работа, работа и само работа – вели тој за Факултети.

Кога дошло ред да се запише на факултет, во Скопје сѐ уште не постоел Факултетот за драмски уметности. Заедно со група другари одлучиле да заминат во Белград и да се обидат на режија. Сите паднале, освен Владимир Милчин.

– Димитар Станкоски и Ѓорѓи Стојановски отидоа веднаш на режија во Софија, ги примија и по една година отидов и јас. За академија ме спремаше Станко Стоилов, актер од Битолски театар. Одбрав една песна од Вапцаров, но не знаев дека е женска песна.

Во Софија бевме заедно со: Мето Јовановски, Славица Николовска, Ванчо Петрушевски, Марин Бабиќ, Драги Велјановски.

Тогаш владееше систем на реципроцитет. Колку студенти доаѓаа од Југославија, толку од Бугарија доаѓаа кај нас – објаснува актерот.

Во Софија живееле во студентски дом наменет за странски студенти. Во тоа време плаќавме по 80 стотинки месечно.

– Студентскиот живот ни беше прекрасен. Живеевме на висока нога, за источните земји бевме недостижни. Цимери ми беа Мето, Диме и Ѓорги. Двајца актери и двајца режисери – тоа се анегдоти колку ти душа сака. Многу си помагавме едни на други.

Чоревски е роден во Велес на 9 септември 1947 година. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година. Член на Драмскиот театар од 1971 година.

Бил директор на Драмскиот театар од 1983 до 1998 година, заменик-министер за култура во Владата на Македонија 1998 до 2001, како претставник на ДА и претседател на Советот на град Скопје, каде бил разрешен на 21 јануари 2008.

Бил член и висок функционер во Демократската алтернатива, за подоцна да премине во Демократскиот сојуз. Инаку, Благоја Чоревски е лауреат на овогодинешниов МТФ Денови на комедија 2022, добитник на наградата Васил Иљоски.

Наградата на актерот ќе му биде врачена на 28 септември на отворањето на Фестивалот.

-Воопшто не жалам, и уште 150 години да живеам, истото ќе го правам. Ја љубам оваа професија што не може ништо да ме тргне, дури и см… не знам дали и таа ќе ме тргне од неа“, рече актерот во изјава за ТВ Сител.

За време на интервјуто, се прикажа постар скеч во кој Благоја Чоревски и Гоце Тодоровски глумат Македонка и Бугарка кои се расправаат за тоа која земја побрзо ќе влезе во ЕУ. Потоа, водителката го праша:

„Кога ќе влеземе во ЕУ, а Чоре одговори во стилот на овој скеч од Иван Карадак кој бил пред времето: „Да го прашам татета.“ Тој студирал во Софија и таму има научено бугарски.

„Ние кога зборувавме во Софија македонски, не прашуваа дали сме српчета.

Толку ни беше „близок“ јазикот. Никогаш не ни бил близок. По мене, бугарскиот јазик е сленг на македонскиот.

Така да, тие се дојденци на местото каде што биле Македонците. И најлесно било, кога завладувале територии, да се разберат со Македонците, со староседелците“, порача Чоревски.

Previous articleКате „Нели ти реков“ откри зошто сама се грижи за домот и не го „замара“ сопругот, а ја раскажа и нивната љубовна приказна
Next articleПознати жени од Србија кои барем три пати се мажеле- не издржале долго со еден маж под ист покрив