Home Live Јанко Илковски објави слика кога бил мало дете – во метална количка...

Јанко Илковски објави слика кога бил мало дете – во метална количка на педали што му ја купил татко му (ФОТО)

Детството е период од животот, за кој секој од нас има само позитивни и убави спомени.

Често во нашата зрелост се потсетуваме на безгрижните мигови, на нашите баби и дедовци за кои сме биле нивниот универзум и кои ни го подарувале целото внимание, а ние сме уживале во безгрижните мигови.

Токму вакви спомени, денес на својот профил на социјалните мрежи, евоцираше познатиот ТВ водител, Јанко Илковски.

-Ова е дедо ми Тасе, сликано во мојот двор, некаде …1967-8 … кој ќе го знае. Имаше тежок живот до крај, но имаше барем сатисфакција да ги види своите три ќерки и синот, конечно спастрени, средени , омажени.

Сиромашен кондураџија, кој се женеше два пати и ги закопа сите свои жени.

Споменот на него бледее … како што сите ние полека стануваме проѕирни и за себе и за светот. Неговото упокојување беше незаборавно и торжествено бидеејќи беше последниот чие тело беше изложено среде црквата Свети Димитрија, потоа се донесе уредба покојните да се изложуваат во капелата на Градските гробишта.

Каков чуден ден беше тоа, како некој далечен паралелен универзум, додека молитвено бдеевме околу неговиот ков чег, сонцето од запад одеднаш се проби низ облаците и низ прозорот и настана една прекрасна игра на светлината само на неговото лице.

Ветерот, зраците, лисјата трепреаа и создаваа привид како некој да го милува неговото лице. Мајка ми стилно ми ја стисна рака, а јас среде црква викнав гласно – гледај Господ го гали дедо Тасе!

Редовно ми е на сон, стално го наоѓам во малата куќичка во Маџир Маало, ќути и ме гледа, овој мој локален скромен херој, кој неодоливо ме подсетуваш и натаму ме потсетува на Клинт Иствуд, заедно го гледавме и коментиравме Жак Кусто…

и се прашувам оти и ден денес се насолзувам за него како за никој друг, зошто ми е сево ова? Никој нема корист, ни јас ни тој, освен кога на помен свештеникот ќе го спомне неговото име.

Носталгијата е тежок паразит кој гуши и дави и троши непотребно животна енергија која можеш многу повеќе да ја насочиш кон своите најблиски, работата…Бога секако .. па ете лигуш бев и останав.

Јас сум сликан во количката која ми ја донесе татко ми кога се врати од службен пат од Виена. метална, на педали, ја искршив до распаѓање, но ова е толку далечно минато, како да не е мое, како да не сум јас, како да е некој друг живот, пишува познатиот водител Јанко Илкоски, па продолжува.

-Дворот е стариот, и ден денес го имам но е радикално видоизменет и него постојано го сонувам, оваков, старата тесна мала куќичка наша која денес е плата наспроти она што беше … па сепак .. стално на сон се враќам во тоа време..

Велат на сон скиташ и луташ само со една цел на потсвеста или душата – бараш дом и спокој… не знам зошто… сево го имам денес со многу повеќе радост, среќа, спокој и уживам додека трае оти ќе дојдат тешки денови, неминовно…

па сепак се враќам таму на сон и дедо ми ме пречекува и ме гледа и не ми збори.

А што да ми каже кога се знам и се ми е кажано. Слава Тебе Господи!

Previous articleОвој шеф ќе го замени Марк во Брза кујна, Сања и Никола се пофалија со новиот колега (ФОТО)
Next articleДевет години без Дуле од Дуле и Коки: Ова е неговата мајка Лепа која ги чува спомените- еве што му искоментира на Коки