Home Live Јордан Митев во добро друштво, што ги спои со шеф Марк откако...

Јордан Митев во добро друштво, што ги спои со шеф Марк откако тој си замина од „Брза кујна“

Шеф Марк Де Јонг, по природа е оптимист и настојува да ја сподели позитивната енергија со луѓето околу него. Дојде, виде, му се допадна многу и… остана во Македонија, објави Комплетна.мк во една прилика.

За себе знае да каже „Уште од мал сум паднат во тенџерето на македонската кујна“ и со одушевување се сеќава на јадењата, посебно на пиперките со лукче што ги подготвувала баба му и урдата што ја правел дедо му.

Денес, со својот ангажман придонесува во збогатувањето на македонските вкусови.

-Мајка ми по потекло е од Македонија. По големиот земјотрес во Скопје 1963 година, семејството на мајка ми заминало за Белгија. Јас сум роден во Брисел, а детството се разбира го поминав со баба ми и дедо ми кои по потекло се Македонци.

Тие постојано ми раскажуваа за убавините на Македонија, за луѓето и за обичаите во нивната родна земја, а баба ми, се разбира, готвеше македонски јадења. Сето тоа ја разбуди мојата љубопитност и желба да ја посетам Македонија.

Пред седум години, за првпат заедно со вујко ми, дојдов во Македонија. Посетивме многу убави места, запознав многу луѓе. Потоа дојдовме уште неколкупати.

Секогаш ја носев таа убавина и топлината на македонското сонце со мене, а пред шест години одлучив да се преселам и да продолжам со мојот живот и работа токму овде во Македонија.

Секој ден учам нешто ново, запознавам нови луѓе и обичаи. Ја сакам топлината на луѓето и нивната гостопримливост и со иста мера возвраќам.

Уште од првиот момент кога стапнав во Македонија се чувствував како дома, во своја земја.

Сега сакам моето знаење и искуство да го пренесам на моите помлади колеги во Македонија, на сите што се интересираат за готвење и

да покажам дека во Македонија сите јадења имаат поубав вкус затоа што тука можат да се најдат најубавите и најсвежи продукти, прекрасно овошје и зеленчук со вистински вкусови и свежи тревки какви што нема никаде во светот.

Како професионален готвач, со големо задоволство се обидувам да направам комбинација на различни вкусови, кои се надополнуваат.

Секогаш кажувам, дека треба да ставите и љубов во чинијата со јадењето, бидејќи ако не додадете љубов, веднаш се чувствува дека нешто недостига. Чинијата со љубов има друг посебен вкус.“, изјави Марк.

Во јули, Шеф Марк на својот Фејсбук профил напиша дека веќе нема да биде дел од популарното кулинарско шоу „Брза кујна.“ Марк де Јонг информира дека по поминати 7 сезони во шоуто подготвен е за нови предизвици.

Преку социјалните мрежи тој се заблагодари за сета позитивна енергија и добрите желби кои ги добил.

-Ми беше задоволство седум сезони да бидат дел од тимот на Брза кујна. 7 години, 1.400 емисии, 1.400 асистенти со кои заедно подготвувавме слатки изненадувања за гледачите пред малите екрани, но и за присутните во студиото.

Поминавме убави моменти заедно, но по 7 години потребен ми е нов предизвик, нова авантура, напиша шеф Марк на Фејсбук“, а потоа статус за него напиша шеф Никола и кажа дека тој многу научил од Марк.

Марк инаку бил на концертот на Симон Трпчески, „Македонисимо“ кој бил отворен за сите посетители и таму се сликал со сопругата Василка и со ќерката Кимберли, која е убавица како мајка и.

На својот Фејсбук профил, нашиот познат пејач Јордан Митев објавил слика со шеф Марк. Многуина се прашуваат што ли ќе биде со шеф Марк откако си замина од Брза кујна, дали ќе го следиме на ТВ екраните на некоја друга фреквенција…

За тоа време, Марк удро молчи и освен што на Фејсбук постира видеа од реклами кои ги снима за производи поврзани со готвење, и освен што со неговата сопруга шета и ужива во животот, за него ништо не знаеме.

За Јордан Митев, ова е првпат да го видиме во друштво со Марк, а сликани се во некој локал. Дали ова бил работна средба и дали овие два омилена лика ќе подготвуваат нешто заедно, останува вфремето да покаже.

Previous articleЕве како Ѓоко Јовиќ ја нарече својата сопруга- имаат четири деца а се впуштија во нова авантура
Next articleЕлена Велевска станува модел, со оваа слика збуни многумина (ФОТО)